Следете не

Социјални мрежи

Инстаграм ја воведе познатата опција „Close Friends“

Објавено пред

на

Социјалната мрежа Инстаграм ја прошири својата функција Close Firends од приказни и белешки до објави и reels. Корисниците на Инстаграм сега можат да изберат да ги споделат своите објави и reels со помала група луѓе, пренесува RTCG.

Тимот на Instagram тврди дека корисниците ја користат функцијата „Close Friends“ како простор за да се поврзат со луѓето кои им се најважни. Споделувањето на reels и објави само со вашите блиски пријатели е прилично лесно.

Кога корисникот креира објава, треба да го допре копчето „Audience“, потоа да ја избере опцијата „Close Friends “и на крајот да кликнете на „Share“. Потоа, објавата или reels-от ќе имаат ознака „Close Friends“, така што само корисниците на списокот „Close Friends“ ќе ја гледаат.

Вреди да се напомене дека листата на блиски пријатели ќе биде истата група на луѓе во сите функции на Инстаграм, истакна nova.rs

Социјални мрежи

Внимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени

Објавено пред

на

ФОТО: Facebook/OrceSimov/Printscreen

Предмалку претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации г-дин Орце Симов на својата социјална мрежа предупреди дека се шири „спам“ порака преку апликацијата за комуникација „Viber“

– Ви стигнува порака на „Viber“ од корисник со име „Support“, во која е изнесено тврдење дека два уреди го користат вашиот број на „Viber“. За да бидете заштитени бараат да им го испратите верификациониот број кој ќе го добиете на СМС. Не правете го тоа. Доколку го направите тоа, некоја од вашите кориснички сметки на некој сервис (емаил, социјална мрежа) на Интернет ќе биде превземена од страна на тие злонамерни лица кои ја имаат испратено „Viber“ пораката – заврши г-дин Симов

И преку нашиот сервис, апелираме за поголемо внимание и доколку наидете на ваква или идентична „спам“ порака, не ја отворајте или направете „report“ до „Viber“, со цел да останат безбедни вашите приватни работи во вашиот мобилен уред.

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„Мeta“ ја гаси оваа верзија на „Messenger“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Shutter Speed

Мета потврди за Engadget дека десктоп апликациите на Messenger за macOS и Windows ќе бидат целосно исклучени на 15 декември. По тој датум, единствениот начин за пристап до разговорите преку компјутер ќе биде преку Facebook апликацијата за Windows или преку веб-страниците Facebook.com и Messenger.com.

Компанијата не даде конкретна причина за одлуката, но во својата страница за поддршка наведува дека корисниците ќе добијат известување пред исклучувањето, а по 15 декември пристапот до апликацијата ќе биде блокиран.

За да се заштитат разговорите, Мета препорачува активирање на безбедното складирање и додавање ПИН-код на сметката.

Како да го направите тоа:

Кликнете на иконата со запчаник над вашата профилна слика.

Изберете „Privacy & Safety“.

Кликнете на „End-to-end encrypted chats“.

Отворете „Message storage“ и проверете дали опцијата „Turn on secure storage“ е активна.

Messenger беше одвоен од главната Facebook апликација во 2014 година, а неколку години подоцна Мета се обиде да ги обедини Messenger и Instagram DM во единствена платформа. Сепак, таа идеја беше напуштена во 2023 година.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

„WhatsApp“ воведува превод на пораки директно во апликацијата

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

WhatsApp“ почна да воведува нова функција што им овозможува на корисниците да преведуваат пораки директно во разговорите, достапна за „Android“ и „iPhone“. Преводот се врши локално на уредот, што значи дека пораките остануваат енкриптирани и „WhatsApp“ нема пристап до нивната содржина.

Функцијата може да се користи во приватни разговори, групи и канали. За превод на пораката, корисникот треба само долго да ја притисне и да избере „Преведи“.

Покрај поединечните преводи, корисниците на „Android“ можат да активираат и автоматски превод за целиот разговор, па сите идни пораки ќе се прикажуваат на избраниот јазик веднаш.

Според официјален блог-пост на компанијата, целта на новата функција е да се олесни комуникацијата меѓу повеќе од три милијарди корисници во над 180 земји, без оглед на јазичните бариери.

Функцијата е веќе достапна на „Android“ и „iPhone“. На Android се поддржани шест јазици: англиски, шпански, хинди, португалски, руски и арапски. На „iPhone“, пак, корисниците можат да преведуваат на арапски, холандски, англиски, француски, германски, хинди, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, тајландски, турски, украински и виетнамски.

Сè уште не е познато кога функцијата ќе стане достапна на „WhatsApp Web“ или на десктоп апликациите за „Windows“ и „Mac“, објави TechCrunch.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија44 минути

МВР со детали за нападот во редакцијата „Инфомакс“, напаѓачот бил лице претходно спроведувано во Психијатриска болница

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025...

Македонија1 час

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични...

Временска прогноза2 часа

Снег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса во Македонија продолжува долгиот период на...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (11 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Размислувате да започнете нова работа во која би ги уклучиле и некои...

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили23 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle23 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин23 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин23 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија24 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија1 ден

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

НАЈЧИТАНИ