Кичево
Сѐ повеќе дечиња се приклучуваат во „Intellect Education“, едукативниот центар во Кичево, уписите се во тек со спектакуларен попуст!
Драги родители, Ве информираме дека од септември оваа учебна година „INTELLECT EDUCATION“ старува со нови програми кои се нови и за прв пат имаат можност да ги вклучат децата, со цел да се стекнат со се што им е потребно за правилен раст и развој, поразличен и по нови методи, пристапи и активности.
☆ Специјални, едукативни, креативни работилници наменети за сите деца од најмала возраст до адолесценти, каде во наставата е опфатено изучување на морални-етички вештини, социо-емоционални, психо-социјални, бихевиорални, когнитивни, поттикнување на јазично гоборно подрачје од најмала возраст. Она што е најважно наставата е предводена од стручен тим:
Логопед, лиценциран психолог, гешталт советник, дијагностичар, соц.работник – во текот на наставата доколку има потреба од поттикнување на говор или други вештини веднаш се работи на тоа.
☆Дополнително има индивидуални логопедски услуги
☆Индивидуални психолошки услуги и советување
Работилниците се одвиваат по модули за сите деца, воедно доколку има потреба дополнителни индивидуални услуги едукативниот центар секогаш ќе го пружи најдоброто за секое дете да може да се вклопи во сите групи.
Програми за сите возрасти на англиски и германски јазик, по најсовремени дидактички и нагледни средства, методи и пристапи на работа. Можност за уписи на најмалечките кадри наставата ќе се изведува според нивната возраст и потреби, каде ќе се зборува само на англиски или германски јазик, припрема за заминување во странство и од странство, дополнителна помош при домашни задачи, спремање на испити и сл.
Инаку, Едукацијата преку едукативниот центар „INTELLECT“ која ја креираме за децата секогаш е базирана врз основа на вистински човечки вредности. Во фокусот на работата ги става децата, нивното едуцирање, воспитување, поттикнување на креативноста и имагинацијата во нашиот центар преку креативни и едукативни работилници и програма се поттикнува имагинацијата, креативноста, слободата на изразување, социо-емоционалните, менталните, бихевиоралните, когнитивните способности на секое дете. Активностите се спроведуваат според возраста на децата и интелектуалните потреби.
Целта e cекое дете да ги реализира и користи сите ментални вештини и способности, интелектуалниот капацитет, емоционалната интелегенција и животните квалитети. Децата да се реализираат во лидери и самите да се одговорни за сопствениот живот со голема самосвесност за своите однесувања и активности како идни жители на овој свет.
За дополнители информации, заследете ги на социјалните мрежи или контактирајте директно на нивниот официјален телефонски контакт
Контакт тел: ☎️ 071/777-939
Facebook: intellect education
Instagram: intellect.education1
УПИСИТЕ се во ТЕК, не пропуштајте и искористете го специјалниот попуст за едукација на вашето дете кое се разбира ги заслужува најдобрите и најсовремени методи за школување
Кичево
Ноќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека ноќеска, во 01:23 часот, во Македонија е забележан земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтер. Според првичните информации, потресот се случил на околу 15 километри југозападно од Кичево и на приближно 73 километри североисточно од Елбасан, во Албанија.
Графички приказ во прилог на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар:

Епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 15 километри.
Извор: emsc.eu
Кичево
Кнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
Свети Ѓорѓија, еден од најпочитуваните светители на православната црква, се слави како посен празник од сите верници со православна вероисповед. Освен како семејна слава, овој ден е значаен и за имендените и славите на многу села и градови.
Свети Ѓорѓија – Христовиот војник, се почитува како ослободител на плениците, заштитник на сиромашните, исцелител на болните и помошник на владетелите. Неговиот живот и дела го прават пример за храброст и вера. Неговата молитва до Бога, “Свети Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души”, и денес ја прославуваме.
Свети Георгиј, победоносец и чудотворец, се родил и живеел во време кога Римската империја била под власта на царот Диоклецијан, кој на почетокот на своето владеење ги третирал христијаните како безопасни. Но, поради ширењето на христијанската вера, во 303 година започнал жесток прогон на христијаните. Во тоа време, Георгиј, кој бил член на римската војска, се истакнувал како војник и добивал високи положби, но неговата вера во Христа не му дозволила да ги предаде своите убежувања.
Неговите родители биле богати и побожни луѓе, а неговиот татко маченички пострадал за верата, што оставило траен печат на младото срце на Георгиј. Мајка му, која потекнувала од Палестина, исто така го воспитала во духот на христијанската вера. Откако таткото починал, Георгиј се преселил во Палестина, каде што дарувал имот на сиромашните и се оддал на благотворна дејност.
Како млад, Георгиј бил примен во елитната војска на царот и на 20 години станал трибун (воен командант). Но, кога Диоклецијан наредил да се принесат жртви на идолите, Георгиј се спротивставил на оваа наредба, без страв да ги изложи на опасност сите привилегии што ги имал. Во моментите на прогон, тој го распродал своето богатство, го ослободил својот имот и робовите, и станал целосно предан на верата во Христа.
Диоклецијан, разгневен од оваа храброст, го фрлил Георгиј во затвор и започнал со неговите мачења. Георгиј бил подложен на страшни tortури: го врзале на клади, го фрлиле во јама со негасена вар, а потоа му давале да пие отров и го тепале со камшици. Сепак, тој не попуштил. Бог го спасил, па дури и во најстрашните моменти Георгиј останал силен и не попустил во својата вера.
Еден од најпознатите мотиви во христијанската иконографија е сцена каде Свети Георгиј ја победува ламјата, симболизирајќи победа на доброто над злото. Оваа икона ја прославува неговата храброст, упорност и несломлива вера.
Сеќавањето на Свети Ѓорѓија ни дава пример за тоа што значи да се живее во вера, храброст и пожртвуваност. За сите кои го слават овој ден, нека биде благословен и среќен, за многу години!

Инаку, традиционално секој 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир „Свети Ѓорѓија-Победоносец“, по раната литургија, причест примаат сите верниците кои ги слават. На овој свечен чин, во ова свето место доаѓаат голем број верници како од Кичево така и од соседните градови.
Кичево
„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа 09.12.2025 г. – вторник „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
| Планиран прекин | Кичево | Дел од улица „Ужичка“, дел од ул. „Мечкин Камен“, мотел „Панорама“, ТВ „Ускана“ и дел од потрошувачите во нас. „Под Крушино“ | 09.12.2025 10:00 | 09.12.2025 13:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
/ЕВН Дистрибуција
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево1 денНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп23 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Кичево2 денаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза1 денЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија1 денНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Свет2 денаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
