Кичево
Планинарски марш на „Ендорфин“ по повод 80 години прво училиште на македонски јазик во кичевско с.Подвис

По повод 80-годишнината од првото училиште на македонски јазик на слободна територија (Подвис, 23 септември 1943 г.), на 24 септември 2023 г. (недела), Планинарското еколошко друштво „Ендорфин“ организира планинарски марш на релација:
с. Подвис (660 м.н.в.) – црква Св. Атанасиј (старо село Подвис, 810 м.н.в.) – Ледина (1065 м.н.в.) – врв Планиница (1391 м.н.в.) – Првото училиште на македонски јазик (старо село Подвис, 850 м.н.в.) – с. Подвис (660 м.н.в.).
Акцијата ќе се одвива по кружна маркирана планинарска патека во должина од 14 км и висинска разлика од 730 м.
ПРОГРАМА на ПЛАНИНАРСКИОТ МАРШ
06:30 ч. – собирање на учесниците на ширината во долното село Подвис (кај „новото“ училиште)
06:45 ч. – старт на акцијата
7:15 ч. – пристигнување кај црквата „Св. Атанасиј“ во старото село Подвис (пауза 5 мин.)
09:15 ч. – пристигнување на групата кај месноста Ледина (пауза 10 мин.)
09:30 ч. – поаѓање кон Планиница (највисока точка на маршот)
11:00 ч. – пристигнување на врв Планиница (1391 м.н.в.), пауза 30 мин.
11:30 ч. – поаѓање кон месноста Вирчено
13:30 ч. – пристигнување кај зградата на првото училиште во старото село Подвис
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 80-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВОТО УЧИЛИШТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НА СЛОБОДНА ТЕРИТОРИЈА (подетални информации наскоро)
15:30 ч. – упатување на учесниците кон долното село Подвис
16:00 ч. – крај на маршот
ВАЖНО
– Потребна опрема: планинарски обувки со тврд ѓон, облека според најавата за временска прогноза, очила за сонце, капа/шешир, кабаница, крема за заштита од сонце
– Доручекот е од ранец, вода 2 л. (на патеката само на едно место има вода)
– Задолжителна пријава за учество со број на членови
Планинарско друштво/клуб:
______________________________________________
Име и презиме / бр. на л. карта /
1.
2.
3.
Доставување на пријавите на е-пошта: [email protected] или во порака на фејсбук-страницата на Планинарско еколошко друштво „Ендорфин”.
*Заради организациски потреби пријавувањето за Маршот е најдоцна до четврток (20 септември 2023)
*Акцијата се организира во соработка со Месната заедница на с. Подвис.
Водичи:
Давор Јанкулоски (075 668 501)
Мирослав Секулоски (071 511 702)
Зоран Маџоски (077 495 232)
Елена Ванчоска-Секулоска
НАПОМЕНА
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
– Учесниците да ги слушаат упатствата на водичите и да ја чуваат животната средина
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
*****************
Првото училиште во Подвис е регистрирано како државно културно наследство на Македонија од 1978 г. За жал, овој податок не ја подобрува руинираната состојба во која се наоѓа.
Со искрена надеж дека ова место што поскоро ќе го добие заслуженото внимание од страна на државните институции и дека урнатините нема да останат последниот сведок за камен-темелникот на образованието во слободна Македонија, за местото каде што учителот Василко Ристески им соопштил на учениците дека ќе учат на македонски јазик,
Истакна Планинарското еколошко друштво “ЕНДОРФИН” преку интегрален текст
Официјален линк до настанот ТУКА
Кичево
Ресторан „La Casa“ – Кичево со одлична понуда, достава на највкусната пица и пастрмајлија, специјалитети, хамбургери и скара, за добар апетит!

Кичевскиот ресторан „La Casa“ кој успешно функционира повеќе од две години, сега добива нов реновиран лик, покрај најдобрите викенд забави кои во блиска иднина се во план повторно да се активираат, стартува со работа и официјалната достава на храна, во палета на ново мени само за вистински гурмани.
Брза и навремена достава, вкусни пици и дефинитивно најубавата пастрмајлија во градот, секој ден свежо месо и специјалитети, одлични хамбургери, најубава скара, препорака веднаш да ги вкусите!
Во прилог ви го доставуваме менито на ресторанот, додека производите можат да бидат на вашата дестинација бесплатно само на територијата на град Кичево со јавување на бројот за достава 077/50-50-40, кој ќе биде достапен во предвиденото работно време, дури и недела после 12:00ч, најубавите чорби во градот исто така ќе бидат на менито за достава се разбира секое утро до 13:00ч.
За преглед, кликнете на мени-то 👇
- Мени / La Casa
Кичево
„Куќа на Уметноста“ истакна предновогодишна понуда за вашите деловни прослави и колегијални собири

Кичевскиот објект „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во с.Кнежино, со својот модерен стил и уникатност во природа ги освојува вашите симпатии, спремен и за овој дел од годината, на наша препорака уште веднаш да го посетите овој убав крај.
Имено „Куќа на Уметноста“ во прилог истакнаа свои три главни мени понуди за претстојните предновогодишни прослави, додека нивниот натпис ви го пренесуваме во целост:
– Почитувани гости, наши верни клиенти. Одминува уште една успешна година, благодарение на вас успеавме да ги создадеме вашите најубави свечени моменти, дел за вашите професионални работни активности и се разбира оние секојдневните за кои хотел „Куќа на Уметноста“ се разбира знае најдобро да Ве удостои. 🏪
– За таа цел во рамките на предновогодишниот периодот кој ни претстои, хотел „Куќа на Уметноста“ ви ги презентира официјалните три вкусни мени понуди за вас и вашиот колегиум, нудиме широк асортиман на јадења и предјадења, салати и десерти. 🍽 🍗 🍖🥪🍰
* 🍷 Пијалокот не е вклучен во понудите, доаѓа по потреба и нарачка на посетителите.
* Резервирајте го вашиот термин, повеќе информации
– ☎️Рецепција: 045/251-300 & 071/321-166
– 📩[email protected] & [email protected]
Кичево
Во моментов сообраќајот кон превој Стража е пуштен за транзитирање

Предмалку од ЦУК ја известија јавноста дека сообраќајот према превој Стража кој беше во целосен прекин од моментов е прооден за транзитирање, нормално со поседување зимски пневматици и со себе зимска опрема.
Апелираме за внимателно возење према условите на патот во зимно време.
-
Култура1 ден
Помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава домаќини, нека е за многу години!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 декември)
-
Хроника4 часа
ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај
-
Временска прогноза10 часа
Попоски: Променливо, постудено со дожд и снег, детали за времето во следната седмица
-
Спорт1 ден
(ФОТО) „ФК Кичево“ успешно го заврши првиот дел од сезоната, денес се одиграа одлични мечеви..
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (4 декември)
-
Македонија1 ден
Возило со миганти учествувало во сообраќајка кај Струмица, возачот и мигрантите избегале, па биле пронајдени..
-
Спорт13 часа
(ВИДЕО) Дали голманот на германскиот Хамбург го даде најлудиот авто-гол на сезоната?