Следете не

Спорт

Интер од Милано „под лупа“ за можна финансиска измама за трансфери

Објавено пред

на

Фудбалскиот клуб Интер од Милано денеска соопшти дека ќе биде предмет на „прелиминарна истрага“ за можна финансиска измама во случајот со трансфери на играчи.

Интер, актуелниот шампион на Италија, прецизираше „дека ја доставил потребната документација во врска со трансферите на играчи во сезоните 2017/2018 и 2018/2019“ на барање на Јавното обвинителство на Милано, кое извршило претрес во седиштето на клубот. .

Како дел од оваа „прелиминарна истрага“, обвинителството сака да „провери дали има неправилности во пријавувањето на финансиските профити“ остварени со продажба на играчи, објаснуваат од Интер.

Претресот во Интер следеше еден месец откако обвинителството во Торино започна истрага против фудбалскиот клуб Јувентус. Обвинителството се сомнева дека клубот од Торино им презентирал лажни информации на инвеститорите и дека приложувале фактури за непостоечки трансакции.

Во изминатите неколку години, многу набљудувачи укажуваа на злоупотреби на правната практика со цел да се направат „лажни размени“, односно вкрстено продавање играчи меѓу двата клуба. Потоа малку пари завршуваат во клубовите, но трансакциите веднаш се прикажуваат како финансиска добивка, што овозможува подобрување на финансиските перформанси.

Истрагата ја покрена самата Италијанска фудбалска федерација со цел да се обиде да спречи финансиски злоупотреби.

Извор: sportske.net

Спорт

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Објавено пред

на

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, по победата над Азербејџан со резултат 3:1.

Нашите фудбалерки играа одлично и ја контролираа играта на целокупниот натпревар. Првиот гол беше постигнат од Калина Попоски во 19. минута по мајсторски изведена акција. Во 27. минута, Теона Галабовска ја зголеми предноста од пенал. Таа повторно се запиша во листата на стрелците во 49. минута, со што стави крај на одличниот настап.

Азербејџан успеа да постигне еден гол преку Јуругова во 35. минута, но не беше доволно за сериозна закана по нашата победа.

Со оваа победа, Македонија прави важен чекор во својата квалификациска трка и ги насочува погледите кон последниот дуел со Словенија, кој ќе има решавачки карактер.

Македонија до 19 години: 1. Ведрана Комненова, 4. Кристина Крстева, 5. Михаела Додевска, 6. Андреа Коловска, 7. Меланија Грозданова, 8. Ева Величкова, 9. Емили Митковска, 10. Теона Галабовска, 11. Калина Попоски, 15. Канита Емини, 16. Мила Панева;

Селектор: Кирил Изов.

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Објавено пред

на

ФОТО: ФК Напредок / official

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од првенството во Третата фудбалска лига „Запад“.

Одлично прикажана игра, во една динамична атмосфера, иако не стартувавме најдобро, примивме гол, во второто полувреме поставеноста на играта и искуството на нашите најдобри момчиња резултираше со целосен пресврт и победа.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.

„ФК Напредок“ после победата врз „ФК Ренова“ на гостински терен, 29.11.2025 г.

Стрелци за нашиот тим: Исмаили, Вренцоски и Никодиноски.

Секоја чест за прикажаната пожртвувана игра, во пролетниот дел продолжуваме со појако темпо до вистинската цел!

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com / Alex Simpson

Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.

Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.

Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.

„Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.

По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.

„Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.

Еве го моментот:

Извор: novosti.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза32 минути

Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима

Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (1 декември)

На денешен ден 1 декември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток преглед...

Хороскоп11 часа

Месечен Хороскоп (декември 2025)

ОВЕН Денот ќе биде пасивен и ќе сакате да правите ретроспектива на нештата кои сте ги оствариле и оние кои...

Здравје и убавина12 часа

Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо

Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува...

Здравје и убавина13 часа

Што значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши

Начинот на исхранување и правилното внесување на вода се едни од најважните навики за кои сами одлучуваме и кои значително...

Кичево19 часа

(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“

Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево...

Македонија20 часа

Кај „Романовце“ лишен од слобода криумчар, пронајдени седум илегални мигранти од Египет

На 30.11.2025 година, околу 02:10 часот, на автопатот Скопје–Куманово, кај наплатната рампа Романовце, при вршење мото-патролна дејност од страна на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (30 ноември)

ОВЕН Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат...

Спорт2 дена

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја забележа втората победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското...

Спорт2 дена

(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен

Кичевски „ФК Напредок“ со победа на гостински терен против екипата на „ФК Ренова“ и официјално го заврши есенскиот дел од...

НАЈЧИТАНИ