Мобилни уреди
„iPhone 15“ се бори за свое место во пазарот, додека во Кина е на попуст за цели 180 долари, повеќе од цената на ланскиот период за претходникот

Од неговото лансирање iPhone 15 се бори за своето место на пазарот во, до неодамна, но тешкотиите на оваа серија на Apple сè уште не се завршени бидејќи продажбата продолжува да опаѓа конкретно во Кина. Слабеењето на кинеската економија, забраната за користење на iPhone уреди во владините институции и државните претпријатија се едни од клучните причини за неуспехот на најновите модели на телефони на Apple на најголемиот пазар на паметни телефони во светот. Секако, не треба да се заборави и фактот за враќањето и обновениот раст на домашниот технолошки гигант Huawei, пренесува Bloomberg.
Во обид да ја зголемат побарувачката, кинеските трговци на мало, како што е Tmall во сопственост на Alibaba Group, одлучија да ги намалат цените на моделот iPhone 15 Pro Max за дури 180 долари, што е за 60 долари повеќе од минатогодишниот пад на цената во истиот период. Слични понуди обезбедуваат познати локални трговци на мало како што е JD.com. Ројтерс дополнително известува дека некои трговци исто така ги намалиле цените на моделите на iPhone 14 Pro за 10 проценти, надевајќи се дека ќе привлечат повеќе клиенти.
Иако на официјалната веб-страница на компанијата Apple нема попуст за најновите модели на телефони во Кина, во јануари американскиот „број еден“ првпат ги намали цените за цели 70 долари, што беше првпат гигантот понуди попуст на своите нови модели.
Counterpoint Research тврди дека Apple стои зад кинеските попусти и ги нуди како краткорочна промотивна цена на трети канали или независни трговци на мало како дел од раното одбележување на Меѓународниот ден на жената на 8 март.
Анализата на Counterpoint Research покажува дека кинеските потрошувачи веројатно ќе имаат корист од дополнителни попусти, бидејќи продажбата на iPhone во земјата се повеќе зависи од промоциите. Ако дополнително се земе предвид зајакнувањето на конкуренцијата во форма на други кинески компании како Oppo и Vivo, кои исто така вршат притисок врз iPhone, доаѓаме до податокот дека продажбата на овие телефони во јануари паднала за 10 отсто на годишна основа.
Сите овие факти, пак, беа најпогодни за компанијата Huawei, која забележа троцифрен раст во истиот период.
Ноемврискиот извештај објавен од Блумберг укажува на можноста за стагнација на побарувачката за серијата iPhone 15 дури и во САД, бидејќи циклусот на освежување на паметните телефони се продолжува. И покрај сè, Apple сè уште одржува предност во однос на другите производители, при што седум од десетте најпопуларни телефони во светот во 2023 година се модели на iPhone.
/benchmark.rs
Магазин
Дали е штетно батеријата да се полни неколку пати на ден?

Не, честото полнење на телефонот не е штетно – напротив, полнењето во пократки интервали може да помогне батеријата да трае подолго. Денешните паметни телефони користат литиум-јонски батерии, кои се дизајнирани да издржат ваков начин на полнење, за разлика од постарите технологии кои бараа целосно празнење и полнење.
Исидор Бухман, основач на „Cadex Electronics“, објаснува дека треба да се избегнува редовно полнење од 0% до 100%, освен ако батеријата не покажува проблеми како ненадејно исклучување иако е прикажано дека е наполнета. Во такви случаи, целосен циклус може да помогне во калибрација на сензорот за батерија.
Литиум-јонските батерии обично траат 2 до 3 години или околу 300 до 500 циклуси на полнење, по што нивниот капацитет се намалува за околу 20%. За разлика од претходните верувања, денес не е потребно батеријата целосно да се празни за да се зачува нејзиниот век. Всушност, повеќето производители, вклучувајќи го и Samsung, препорачуваат батеријата да се одржува над 50% секогаш кога е можно.
Препораки за оптимално полнење:
-
Полнете го телефонот кога ви одговара, без страв дека ќе ја оштетите батеријата.
-
Избегнувајте батеријата да паѓа под 20% колку што е можно поретко.
-
Не оставајте го телефонот долго време на полнач откако ќе се наполни до 100%.
-
Целосно празнење (до 0%) правете само повремено, доколку е потребно за калибрација.
Малите, повеќекратни полнења во текот на денот се безбедни и дури препорачливи. Она што треба да се избегнува се екстремите – редовно празнење до нула или долготрајно држење на полнач кога батеријата е целосно наполнета.
На овој начин, батеријата на вашиот телефон ќе трае подолго и ќе функционира поефикасно.
Извор: Benchmark
Мобилни уреди
Овие 5 андроид мобилни уреди се помеѓу најпродаваните 10 во светот

Според најновите податоци од „Counterpoint Research“, листата на најпродавани паметни телефони во светот за првиот квартал од 2025 година покажува дека Apple повеќе не е единствениот лидер на пазарот. Иако ги зазема првите четири позиции, Android уредите успеаја да се изборат за половина од топ 10 листата, при што Samsung доминира со четири модели, а Redmi се појавува со еден.
Од Samsung, меѓу најпродаваните се најдоа моделите: Galaxy A16 5G, Galaxy A06, Galaxy S25 Ultra и Galaxy A55 5G. Особено се истакнува Galaxy A16 5G, кој е на петтото место, но е најпродаваниот Android телефон во овој период.
Galaxy S25 Ultra, како единствен премиум Android модел на листата, е на седмото место – нешто пониско во споредба со неговиот претходник, S24 Ultra, кој лани беше петти. Причина за ова е неговото подоцнежно лансирање, што резултираше со пократок период на продажба. Сепак, серијата S25 во целина се продава стабилно, претставувајќи околу 25% од вкупната испорака на Samsung во месеците кога беше достапна.
Redmi 14C 4G е моделот кој ѝ обезбеди на оваа марка место меѓу најпродаваните Android телефони.
Apple, пак, доминира на врвот со моделите iPhone 16, 16 Pro Max, 16 Pro и iPhone 15, кои се на првите четири позиции. iPhone 16 Plus го зазеде десеттото место. Забележително е што iPhone 15, и покрај тоа што е на пазарот речиси две години, сè уште се продава одлично, благодарение на привлечната цена. Иако iPhone 16e не е меѓу првите десет, се очекува да има подобри резултати од претходните SE модели во текот на првата година.
Извор: counterpointresearch.com
Мобилни уреди
Според анализа на „Counterpoint“ еве кој мобилен уред е најпродаван во светот

Според анализата на Counterpoint Research, Apple ги освои првите четири позиции на глобалната листа на најпродавани телефони. Најмногу се продавал iPhone 16, по него следат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro, како и моделот од минатата година – iPhone 15. Овој успех уште еднаш ја потврдува доминацијата на Apple на светскиот пазар на паметни телефони.
Според MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. За разлика од претходните години кога најскапите модели како Pro Max беа најбарани, сега обичниот iPhone 16 е многу популарен. Причината за тоа е што го користи новиот A18 чип, кој е речиси ист како A18 Pro чипот во iPhone 16 Pro Max.
Освен тоа, моделот доби нови функции како копче за акција и копче за контрола на камерата – нешто што досега беше достапно само кај Pro моделите. Овие додатоци го направија iPhone 16 попривлечен и го приближија до Pro серијата, давајќи им на корисниците подобра вредност за своите пари. Ова доведе до значителен пораст на популарноста на основниот модел во повеќе делови од светот.
Во првите три месеци од годинава, пет од десетте најпродавани смартфони биле модели на Apple. iPhone 16 Plus се пласираше на десеттото место, додека новиот iPhone 16e го зазеде шестото место во март 2025 година.
Со својата прифатлива цена и одлични карактеристики, iPhone 16e нуди многу повеќе од тоа што претходно го нудеше iPhone SE. Се очекува дека ќе го надмине својот претходник по бројот на продадени уреди, благодарение на подобрениот хардвер.
Извор: Counterpoint Research / MacRumors
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (3 јуни)
-
Кичево16 часа
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за петок (4 јули)
-
Автомобили2 дена
Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците
-
Автомобили2 дена
Дали би направиле место за резервно тркало?
-
Магазин2 дена
Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон
-
Македонија6 часа
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид
-
Скопје10 часа
МВР за пофалба, експресно го пронајдоа мотоциклистот кој усмрти пешак