Следете не

Култура

(ФОТО) IQ UP! – Кичево официјално започна со работа, дечињата со нетрпение го очекуваат следниот час преку првата македонска едукативна франшиза

Објавено пред

на

IQ UP! (www.iqup.mk) е прва македонска едукативна франшиза за деца од 5 до 12 години. Компанијата IQ UP! е дел од групацијата на веќе докажаниот едукативен бренд за деца „Светот на Биби“. Првата македонска едукативна франшиза е создадена со многу љубов, посветеност и долгогодишна работа, во чиј развој беше вклучен голем тим од домашни и странски експерти од областа на едукацијата, педагогијата и методологијата.

Се работи за нов иновативен образовен концепт, во кој се употребуваат современи пристапи, техники и методи за воведување на децата во магичниот свет на науката, технологијата, математиката, инженерството и уметноста.

Целта на овој вид едукација е стекнување на функционално знаење и умствени вештини за целосен интелектуален развој на учениците.

Со IQ Up! ги воведуваме децата во магичниот свет на науката и технологијата. IQ UP! програмите ги опфаќаат сите области од #СТЕАМ едукацијата (наука, технологија, инженерство, уметност и математика).

СТЕАМ-едукацијата претставува иновативен мултидисциплинарен пристап на едукација на децата, многу актуелен и застапен во модерните образовни системи, истата ги опфаќа изучување на природните науки, технологијата, инженерството, уметноста и математиката, преку мултидисциплинарен систем, каде што секоја тема што се изучува и обработува од аспект на сите горенаведени науки, излегувајќи од рамките на училишните предмети во традиционалното образование.

И уште по интересно е што СТЕАМ едукација е искомбинирана со литература и програмирање за деца.

Како што објавивме претходно, IQ UP! е веќе достапно и во Кичево, официјално првите групи ги започнаа демо часовите на 21.09.2022 (среда) и оддблиску се запознаа со програмата и методот на работа, што значи уписите се сеуште во тек ☎️ 071/777-939

Од наредната седмица исто така започнува програмата за повозрасни дечиња од 9 до 13 години!

На кратко од нас: IQ Up! дефинитивно му требаше на нашиот град, бидејќи претставува иновативна едукација во модерен стил, а тоа децата го препознаваат, бевме гости и таа радост и среќа се чувствува. Нивната насмевка и топлина укажува нетрпение до следно гледање на идните часови што е за вистинска почит.

Упатуваме честитки до одговорните од IQ Up! – Кичево за прекрасната атмосфера и само успеси понатаму!

За повеќе информации заследете ја нивната официјална страница IQ Up! – Кичево ТУКА

Фотогалерија:

Култура

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Објавено пред

на

©porta.mk

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

За многу години, утрешниот празник домаќини!

Прочитај повеќе...

Култура

Денес започнува Божиќниот пост кој трае 40 дена и завршува на денот кога се слави Христовото раѓање, Лесни и богоугодни пости!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес започнува Божиќниот пост, кој трае 40 дена и завршува на 7 јануари денот кога се слави Христовото раѓање. Овој пост претставува еден од најзначајните и подолги пости во православието. Неговото значење не се ограничува само на воздржување од мрсна храна, туку опфаќа и напуштање на лошите мисли, постапки и навики, како и поттикнување на милосрдието, скромноста и искреното покајание.

Црквата истакнува дека постот е воспоставен како подготовка на верниците преку очистување и покајание пред Христовото раѓање, како и преку молитва и примање на светата причест.

Иако се смета за поблаг од Велигденскиот пост, Божиќниот пост содржи денови со построги правила пост на вода, денови кога е дозволено масло, како и одредени денови кога е дозволена риба.

Во прилог ТУКА Ви го претставуваме прекрасниот натпис на Билјана Андоновска, писател и поет.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се празнува Св.Архангел Михаил, домаќини нека Ви е на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест.

Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето е познат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден, а празникот е востановен во чест на сите ангели, особено на нивниот водач – светиот архангел Михаил.

На овој ден именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Михо, Рајко, Рајна, Ратка и други.


Ангелите и улогата на Архангел Михаил

Според црковното предание, пред создавањето на видливиот свет, Бог го создадил духовниот свет – ангелите. Тие се невидливи духовни битија и затоа на фреските се претставени во човечка форма, со крилја како симбол дека се Божји весници. Нивното бело облекување означува чистота и невиност.

Архангел Михаил е единствениот ангел прикажан во војводска облека, со меч и копје. Причината се крие во неговата улога во борбата против паднатите ангели. Кога дел од ангелите, предводени од Деница, се одметнале од Бога, архангел Михаил застанал во одбрана на Божјата правда, ги собрал верните ангели и го победил предводникот на злото, симнувајќи го од небесата.

Во знак на верност кон Бога, архангел Михаил и сите ангели ја воспеале Света Троица со песната:
„Свет, Свет, Свет е Господ Саваот“.

Во спомен на овој небесен собир е востановен празникот Собор на свети архангел Михаил, со кој црквата им оддава чест на сите ангели.


Зошто празникот се слави токму во ноември?

Според старите сметања, годината започнувала во март, а ноември бил деветтиот месец. Деветката симболично ги претставува деветте ангелски чинови. Осмиот ден од месецот (8 ноември) пак се зема како симболичен знак за „осмиот ден“ – времето по Страшниот суд, кога Христос ќе дојде да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника5 часа

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево5 часа

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт5 часа

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи8 часа

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

Македонија8 часа

(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење...

Кичево9 часа

Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа

Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме...

Временска прогноза10 часа

Ладно на утро со температури под нулата

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за петок (12 декември)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Кичево1 ден

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

НАЈЧИТАНИ