Хроника
Кичево и околината на нозе! Исчезнат е Мелхим Азизоски од с.Пласница, секоја информација е добредојдена, да помогнеме!
Во текот на денешниот ден загрижени граѓани нѐ контактираа воедно и замолија да споделиме една тажна вест – апел дека младиот Мелхим (39) од с.Пласница е исчезнат два дена. Сѐ што знаеме е дека домот го напуштил пред два дена кога тргнал за на работа, облечен во работничка униформа, висок околу метар и 60-70 сантими. Од тој миг, па до моментот му се губи секаков траг.
Загрижените жители за нас изјавуваат дека Мелхим бил домаќин човек, секогаш ведар и вреден. На зима работел во кафетерија, додека во сезона работел и градежни работи со цел повеќе да заработи.
Секоја информација е добредојдена, доколку некој го види/препознае од неговите фотографии кои ги поставивме, нека ја извести најблиската полициска станица, затоа што случајот е пријавен, додека акцијата за негово пронаоѓање ќе продолжи деноноќно со сите расположливи средства.
Да помогнеме!
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Култура2 денаУтре е голем празник, се слави Св.Петка, за многу години „Петковден“ – честита домашна слава на сите кои чекаат гости вечерва и утре
-
Временска прогноза1 денОд ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите
-
Магазин14 часаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Хороскоп2 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин14 часаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин14 часаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин14 часаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
