Временска прогноза
Искористете го убавото време до петок, викендов следува голема промена, зголемување на облачноста и пад на температурите
До овој петок нашата територија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и ТОПЛА воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Температурите и понатаму ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени. Во Скопје и околината исто така до овој петок ќе се задржи стабилно и суво време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.
РАНА НАЈАВА: За време на викендот кој доаѓа според последните анализи се очекува ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас и истата ќе биде проследена со зголемување на облачноста, ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд, умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец и опаѓање на температурите. Услови за провејување наснег ќе има само на највисоките планински места во Македонија, за Еспресо истакна метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.
Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
-
Кичево15 часаЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Кичево2 дена(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Култура15 часаУтре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!
-
Магазин1 ден(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (3 декември)
-
Кичево2 дена„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
-
Македонија2 денаДЕМАНТ: Внимание за злоупотреба на името на Бигорскиот манастир за продажба на лажни лекови
-
Хороскоп3 часаХороскоп за четврток (4 декември)
