Спорт
Истакнат официјалниот календар за новата сезона во прва футсал лига, додека викендов започнува и новата сезона за „Детската лига“ во фудбал
Во „Ќука на фудбалот” вчера со извлекување беа одредедени двојките за новата натпреварувачка сезона во Прва футсал лига. Комплетниот распоред на натпреварите во Прва футсал лига за натпреварувачката 2024/2025 и тоа:

Започнува и новата сезона во ФФМ Детска лига
Грасрут одделот во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација за почетокот на новата сезона во Детска лига. Повеќе од 10.000 илјади деца во рамки на 6 региони во државата викендов ќе ги започнат натпреварите во најмасовното натпреварување во Македонија. Апелираме до родителите и сите гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.
Детската лига на ФФМ претставува основа за сите учесници – деца од 7 до 12 години да ги развијат своите фудбалски вештини, тимската работа и љубов кон играта. Целта за сите нас е да обезбедиме забавна и хармонична средина, фокусирана на учење на основите на фудбалот и спортски дух.
Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, Фудблската федерација на Македонија најостро го осуди однесувањето на дел од родителите кои ланската сезона предизвикаа и учестуваа во инцидент на финалниот турнир од Детска лига.
Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца. Од таа причина, ФФМ донесе одлука (до отповикување) за забрана за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига.
Гледаме позитивно и се надеваме дека како и во останатите пет региони, публиката, родителите и гледачите ќе имаат можност да ги следат натпреварите во многу блиска иднина. Тренерите и организаторите, исто така, треба посветено да му помогнат на секое дете да расте на теренот и надвор од него, градејќи доверба и другарство.
Без разлика дали вашето дете започнува да игра фудбал, или веќе со голема страст гледа на играта, Детската лига нуди одлична можност да ужива во и да создаде трајни спомени, се вели во официјалното соопштение за јавноста, Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
„Њујорк Никс“ шампиони на НБА Купот 2025-та!
Њујорк Никс го освоија трофејот во НБА Купот по голема победа од 124-113 над Сан Антонио Спарс во финалето. Иако се соочија со двоцифрено заостанување и момент на неизвесност поради повредата на Карл-Ентони Таунс, Никс покажаа карактер, длабочина и шампионски менталитет.
Во второто полувреме тимот целосно го смени ритамот поагресивна одбрана, побрз напад и целосна контрола на рекетот. Клучниот момент дојде на стартот на последната четвртина, кога серијата од 13:1 го сврте натпреварот и им ја отвори вратата кон титулата. Мичел Робинсон доминираше под кошевите, додека Џејлен Бренсон, и покрај послабата шутерска вечер, беше лидер кога најмногу требаше.
Knicks get some practice for lifting Larry O pic.twitter.com/ctkEr5itBk
— Tommy Beer (@TommyBeer) December 17, 2025
Ова е трет трофеј за Никс во историјата на НБА Купот и јасна порака дека тимот оваа сезона не се задоволува само со еден успех. Сан Антонио, пак, ќе извлече важно искуство од ова финале и ќе продолжи да го гради својот млад тим.
/NBA
Спорт
Ракометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
На 14.12.2025 година во 20.20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М. (33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што, денеска се одржуваше во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Дополнително:
Спорт
(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“, каде што избраниците на селекторот Горан Станковски прикажаа борбена и квалитетна игра, што на крајот им донесе заслужен триумф против респектабилниот противник. Иако Македонија имаше водство од 2:0 на полувремето, Турција успеа да се врати, но победничкиот погодок беше постигнат во самиот финиш од средбата.
Македонскиот тим поведе уште во 2. минута преку Драган Петков, а предноста беше зголемена во 23. минута кога Стефан Стојаноски се запиша во листата на стрелци.
Во вториот дел, турската репрезентација ги искористи пропустите во македонската одбрана и со головите на Ајаз Озбугуту во 51. и Нојан Озкан во 60. минута го израмни резултатот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, Павел Димоски во судиското продолжение постигна гол за голема радост и конечни 3:2 за Македонија. Момчето кое потекнува од Кичево и своите почетоци ги имаше токму во нашиот клуб „ФК Кичево“ уште еднаш покажа што значи труд, дисциплина и желба за победа. Браво Павел, нашиот град и „ФК Кичево“ се горди на тебе и твоите другарчиња кои не претставувате во право светло!
Во продолжение може да го погледнете маестралниот гол на нашиот кичевчанец, кликнете ТУКА
– Еден помалку познат факт за нашите читатели е тоа што, вториот постигнат мајсторски гол, е дело на Стефан Стојаноски играч на „Академија ФФМ“ исто така момче од Кичево моментално неговиот матичен клуб е неговите родители и блиска фамилија се сите од Кичево.
Значи и Стефан и Павел ги заслужуваат сите почести за денешната победа против Турција, БРАВО дечки, само НАПРЕД!

Број 7, Стефан Стојаноски
Состав на Македонија до 15 години:
Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов.
Состав на Турција до 15 години:
Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту.
Целиот меч преку официјналниот канал на ФФМ, може да го проследите во продолжение:
-
Кичево1 денПополнета рубрика 2025: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија2 денаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Хороскоп17 часаХороскоп за среда (17 декември)
-
Кичево1 часПразничната магија во Кичево започнува, фотографии со Дедо Мраз, Дочек за Новата 2026 година, Хуманитарен Божиќен Базар
-
Култура6 часаНа врата ни доаѓа големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Здравје и убавина1 денНеколку совети како да ги намалите масните наслаги на нозете кои со време биле наталожени
-
Магазин5 часаГолема промена кај паметните телефони: SIM-картичката станува минато
