Следете не

Свет

Италија препорачува четврта доза од вакцината против Ковид

Објавено пред

на

Специјалниот владин комесар за Ковид-19 ќе одреди датум за стапување на сила на оваа препорака, во зависност од потребите на кампањата за вакцинација.

Италијанското Министерство за здравство препорача луѓето со сериозно ослабен имунолошки систем да ја примат четвртата доза mRNA вакцина против Ковид-19, под услов да поминат најмалку 120 дена од третата доза, пренесува Хина.

Специјалниот владин комесар за Ковид-19 ќе одреди датум за стапување на сила на препораката, во зависност од потребите на кампањата за вакцинација, соопшти Министерството.

Одговорот на сеуште големата циркулација на вирусот

Министерството додаде дека оваа одлука е одговор на сè уште високата циркулација на вирусот и ефикасноста што ја покажа бустер дозата на вакцината во спречување на смртни случаи поврзани со Ковид, но и општи симптоми кои бараат хоспитализација.

Во Италија се регистрирани 152.848 смртни случаи од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година.

Тоа е втор најголем број на смртни случаи во Европа, по Велика Британија и осми во светот. Досега во земјата се заболени 12,4 милиони луѓе.

/Agencije/

Свет

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Објавено пред

на

ФОТО: SpaceX @ Unsplash.com

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа претходно тој изјави спротивното, дека авионот ќе биде повлечен од оперативна употреба.

Оваа ненадејна промена на ставот доаѓа во време на ескалација на јавниот конфликт меѓу Маск и претседателот на САД, Доналд Трамп. Конфликтот се засили во последните денови со размена на остри коментари на социјалните мрежи и изјави во медиумите.

Маск не ги објасни детално причините поради кои одлучил да ја промени претходната одлука. Сепак, постојат шпекулации од кругови блиски до компанијата дека моменталната политичка ситуација и потенцијалното влијание врз договорите со американската влада би можеле да играат клучна улога.

Вселенскиот брод „Драгон“, кој се користи за транспорт на товар и астронаути до Меѓународната вселенска станица, останува дел од вселенската програма на „Спејс Екс“.

Извор: phys.org

Прочитај повеќе...

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт27 минути

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата...

Спорт2 часа

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта...

Lifestyle3 часа

Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови

Температурите се зголемуваат, а престојот во затворен простор сè повеќе наликува на престој на директно сонце. Ако немате клима уред,...

Македонија4 часа

Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист

На 24.06.2025 околу 19:00 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, случена е сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски...

Автомобили5 часа

Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат

Кога температурата надминува 37 степени, како што често се случува во Белград и другите балкански градови, климатизацијата во автомобилот станува...

Lifestyle5 часа

Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате

Со генерации наназад кружи митот: „Ако проголташ семка од лубеница, ќе ти порасне лубеница во стомакот!“ Иако ова е само...

Магазин5 часа

Windows 10 добива уште една година поддршка – Microsoft нуди и бесплатни опции

Иако беше најавено дека поддршката за Windows 10 ќе заврши на 14 октомври 2025 година, Microsoft реши да направи отстапка...

На денешен ден17 часа

Времеплов: На денешен ден – 25 јуни

На денешен ден 25 јуни, хронолошки подредени значајни настани што се случиле низ различни години и делови на светот. Еве краток...

Спорт17 часа

Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму

Бенфика приреди вистинска сензација на Светското клупско првенство, совладувајќи го Баерн Минхен со минимални 1-0 во Шарлот и обезбедувајќи го...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за среда (24 јуни)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ