Следете не

Кичево

Извонредните Фолтин во Република 96250

Објавено пред

на

Не било каде и не било кој…

Концерт на култниот македонски бенд “Фолтин” оваа сабота само за вас во Клуб Република 96250.

Дојдете заедно да уживаме во нивнатa безвременска музика.

Резервации на тел: 078 322 615

За повеќе информации кликнете ТУКА

 

Кичево

СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи

Објавено пред

на

На 18.04.2025 во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.

На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е, а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала.

Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи, за јавноста предмалку извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“

Објавено пред

на

©porta.mk

Во стравичната сообраќајна несреќа која го крена на нозе Кичево за жал е со трагични последици.

Несреќата се случила на сама кривина кај месноста викана „Сеферов бунар“ на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар, учесници биле три возила, едно со странски регистарски додека другите со македонски национални ознаки.

Три жртви се трагично загинати, додека осум лица се тешко повредени меѓу кои и деца кои се префрлени на клиники Мајка Тереза во Скопје.

– Неофицијално од извори на терен, загинатите се жители на странска држава, додека едната жртва е државјанин со место на живеење во Македонија.

Портпаролот на СВР Охрид за Порта.мк предмалку ја потврди нашата информација, за случената сообраќајка, која гласи:

Вечерва во 20.55 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Прочитај повеќе...

Кичево

Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас

Објавено пред

на

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар.

Првичните информации се дека станува збор за тешка сообраќајка и има зголемен сообраќаен метеж.

Излезени на терен се ОВР Кичево и екипи на Медицинскиот центар Кичево, ТППЕ Кичево исто така се упатени дополнително на терен.

За учесниците и нивното здравје, подетални информации немаме, да се надеваме дека нема фатални последици.

* Неофицијално причинета е голема материјална штета, а учесници биле три возила.

Повеќе детали прочитајте ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи

На 18.04.2025 во 20:40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“,...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за сабота (19 април)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Кичево17 часа

Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“

Во стравичната сообраќајна несреќа која го крена на нозе Кичево за жал е со трагични последици. Несреќата се случила на...

Кичево18 часа

Сообраќајна несреќа предмалку се случила на магистрален пат Кичево-Гостивар во близина на с.Зајас

Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар. Првичните информации се дека...

Македонија1 ден

Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на...

Скопје1 ден

МВР со посебен режим на сообраќај за утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен...

Култура1 ден

„Велики Петок“, најстрог пост, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле..

Секој ден од оваа недела која е најтешка од велигденскиот пост има посебно значење и посебни обичаи. Денес е големиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (18 април)

ОВЕН Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој...

Македонија2 дена

Во прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна

На 16.04.2025 во 13.16 часот во СВР Битола, О.С. од Прилеп пријавил дека на место викано „Сакира“ пронашол две неексплодирани...

Хроника2 дена

Уште еден пациент на 24 години подлегна на повредите од кочанската катастрофа

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите...

НАЈЧИТАНИ