Следете не

Свет

Јапонија ќе размисли за рано одобрување на пилула за коронавирус

Објавено пред

на

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во понеделникот рече дека владата ќе размисли за давање условно, предвремено одобрување на пилула против ковид развиена од Shionogi & Co.

Доколку клиничките испитувања ја потврдат безбедноста и ефективноста на лекот, „би сакале да го разгледаме ова веднаш“, рече Кишида на состанокот на парламентарната комисија што се емитуваше на телевизија.

Shionogi одделно извести дека новите резултати од тековното клиничко испитување на лекот, познато како S-217622, ​​покажале „значајна разлика“ во антивирусниот ефект во споредба со плацебото, како и подобрување на симптомите.

Извршниот директор Исао Тешироги им рече на новинарите дека компанијата може да аплицира за рано одобрување на лекот веќе следната недела и дека е во состојба да испорача еден милион дози до крајот на март.

Весникот „Mainichi“ претходно објави дека Јапонија размислува да му дозволи на Шионоги да продава антивирусни орални таблети уште оваа пролет, откако и дала специјална дозвола на фармацевтската компанија да ја прескокне последната фаза од клиничкото испитување.

/n1info.com/

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 минути

Хороскоп за четврток (16 октомври)

ОВЕН Пријател или роднина на Овните може да предложи пократко патување, но периодов не ви е дозволено ниту да одите...

Автомобили3 часа

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври...

Хроника9 часа

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење....

Фото: Lars Blankers @ unsplash Фото: Lars Blankers @ unsplash
Храна11 часа

Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента

Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин11 часа

Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки

Instagram започна тестирање на нов изглед на својата апликација, кој веќе е достапен за дел од корисниците. Промената засега е...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за среда (15 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Временска прогноза14 часа

Доаѓа нов бран на дождови на планините снег, и тоа над 2000 нмв – ова се најновите метео вести

Под влијание на поголем влажен воздушен бран од Медитеранот, во текот на ноќта среда кон четврток (15/16 октомври) во четврток...

Lifestyle1 ден

Во сабота сите патишта водат во „Република Клуб“- Кичево, заедно со светски познатиот Dean Mickoski и Fecky Farris & Punisher

Нашиот кичевчанец, добро познатиот Деан Мицкоски гостува во сабота во „Република Клуб“ заедно со „Fecky Farris“ & „Punisher“. Нашиот промотор...

Фото: Remy Lovesy @ unsplash Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Автомобили1 ден

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country....

Фото: Solen Feyissa @ unsplash Фото: Solen Feyissa @ unsplash
Магазин1 ден

OpenAI овозможува извршување на апликации во рамките на ChatGPT

OpenAI претстави нов начин за програмерите да креираат и извршуваат апликации директно во рамките на ChatGPT. Со оваа новина, корисниците...

НАЈЧИТАНИ