Кичево
(ФОТО) „Рурална Коалиција“ денес во Кичево ја реализираше јавната дебата, каде заклучок и препорака беше дека треба да се работи на стратешки мерки и активности

Денес во фоајето на „Хотел Кичево“ се реализираше претходно најавената јавната дебата во организација на „Рурална Коалиција“. Свој придонес кон дебатата дадоа и претставници од политичките партии, подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а како да направиме успешен кризен менаџмент и како да се креираат мерки во мирно време кои што ќе може да бидат употребени за време на криза, свои препораки дадоа и до Регионалниот центар за управување со кризи Кичево.
– Од општина Кичево напоменаа дека согласно буџетот со кој што располагаат општината вложува максимално во делот на зголемување на енергетската ефикасност на јавните институции, а се вложува и во социјалната заштита и обезбедувањето со храна на сите жители на општината. Од Регионалната комора на Стопанската комора на Република Македонија говореа дека ефектите особено се почувствувани во локалниот бизнис сектор, а како пример беа особено истакнати празните дуќани кои што не работат, нивите кои што не се обработуваат и се помалиот број на жители и млади во општината.
– Главните заклучоци и препораки од дебатата беа дека треба да се работи на планирање и спроведување на стратешки мерки и активности кои што ќе донесат до подолгорочен развој во локалната заедница, понатаму дека е потребно да имаме одржливо користење на сите ресурси со кои што располагаме како локална заедница, а здруженото делување како локални чинители со меѓусебно надополнување со капацитети и знаења е единствениот начин како да ја подобриме и унапредиме локалната економија со локалните ресурси со кои што располагаме.
Јавната дебата беше организирана како еден од завршните настани во рамките на проектот „Мониторинг, оценка и предлози за антикризни мерки во услови на тесен буџет“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас.
Порта.мк заедно со другите медиумските екипи исто така беше дел од јавната дебата:
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот