Кичево
Јубилеј 75 години „Македонски Код“ – „ТАНЕЦ“ со целовечерен концерт во Кичево овој четврток, бидете дел и не пропуштајте
Во четврток 23.05 со почеток од 19:30ч во НЦУК „Кочо Рацин“ – Кичево гостува Националниот ансамбл за песни и ора „Танец“ со целовечерен концерт. После подолго време, конечно не ја пропуштајте можноста да уживате во уникатните кореографски бисери на Танец – „Тресеница, Ѓурѓовденка, Копачка, Жетварка“, што ќе ги изведат таа вечер.
– 75 години вистински амбасадори на македонската култура „Танец“ е име кое со децении е симбол на македонската уметност, презентер на македонското фолклорно творештво на сите континенти на Земјината топка. Покрај негувањето на фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки, „Танец“ ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои претставуваат амблем на македонската култура.

Карти во продажба на билетара два часа пред почетокот на концертот, цената ќе биде 200 ден, бидете дел и не пропуштајте!
Еве како беше за јубилејот 70 години „ТАНЕЦ“:
Кичево
ТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
На 14.12.2025 во 20:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека настанал пожар во зграда на улица „Маршал Тито“ во Кичево при што биле оштетени четири станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
На 14.12.2025 во 11:52 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улица „Ашим Мифтароски“ во кичевското село Другово настанал пожар во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(66) од истото село.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Кичево2 дена(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Кичево20 часаТППЕ Кичево вчера со полни раце работа, интервенирале врз опожарен автомобил и зграда
-
Временска прогноза1 денВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Хороскоп10 часаХороскоп за вторник (16 декември)
-
Македонија17 часаОд ноќеска цената на дизелот и бензинот се намалува, еве колку ќе чини литар гориво на малопродажните објекти ширум Македонија
-
Спорт1 денРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
-
Технологија1 денОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима



