Спорт
Јуве го тресе италијански мега-скандал – „старата дама“ е под истрага за проневера, а предмет бил и договорот со Роналдо
Во Италија деновиве е бурно – повторно нов скандал во Јувентус, откако пред 15 години беа исфрлени од Серија А поради местење натпревари (со одземени две титули), „старата дама“ сега е под истрага на финансиската полиција за проневера на дури 50.000.000 евра, додека како предмет сега од истрагата бил договорот помеѓу Јувентус и мега ѕвездата Кристијано Роналдо!
При претресот на „финансиите на Јувентус од страна на „Guardia di Finanza“, на тапет се најде и договорот на Јувентус со легендарниот португалски фудбалер.
„Анса“ открива дека Роналдо не е под истрага, туку дека се работи за договор кој играчот го имал со Јувентус. Економските односи со претставниците на играчот се исто така она што се истражува во моментов.
Одговорните се сомневале дека во позадина на се има приватен договор меѓу клубот и играчите, кој властите сакаат да го погледнат од агол на посебни економски аспекти на тој договор.
Во целата истрага за финансиите на Јувентус биле користени методите на прислушување од страна на властите, а токму тоа беше еден од начините на кој во 2006 година стана познат познатиот скандал „Калчополи“.
Застапници на Роналдо се познатиот супер-агент Жорж Мендеш, кој исто така е под истрага од неодамна и неговата агенција „Gestifute“.
Juventus' move for Cristiano Ronaldo is being investigated, report ANSA. The investigation doesn't revolve around the player but his contract and the economic specifics of the agreement.https://t.co/7j1wDYM0UG
— Get Italian Football News (@_GIFN) November 27, 2021
Извор: Mondo Sport Zaednica / Mondo.rs
Спорт
(ВИДЕО) Несекојдневна ситуација на играчите од Евертон, го удри „шамар“ својот соиграч, потоа се извини на целата јавност
Евертон синоќа славеше со 1-0 против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во 12. коло од Премиер лигата, благодарение на голот на Кирнан Дјусбери-Хол постигнат во 29. минута.
Иако тимот на Дејвид Мојес уште од 13. минута играше со играч помалку, поради исклучувањето на Идриса Геј за удирање на својот соиграч Мајкл Кин, сепак успеа да го задржи водството. Инцидентот се случи откако Кин прво двапати го турна Геј, по што Сенегалецот реагираше со удар.
Голманот Џордан Пикфорд мораше да интервенира за да ги раздели, а судијата веднаш му додели директен црвен картон на Геј поради насилно однесување. Во тој момент Бруно Фернандес веќе се закануваше со опасна акција за Јунајтед.
– „Знаете што, мене ми се допаѓа кога моите играчи покажуваат страст. Не сакам да прифатат ситуација во која некој не дава доволно. Ако сакате победнички менталитет и отпорност, какви што ни донесоа резултати, мора да имате играчи кои реагираат силно“, изјави Мојес за британските медиуми.
По натпреварот, Геј се извини и на Кин и на целиот тим.
– „Целосно ја преземам одговорноста за мојата реакција. Тоа што се случи не го претставува мојот карактер ниту вредностите што ги почитувам. Емоциите понекогаш се силни, но ништо не го оправдува ваквото однесување. Ќе се погрижам никогаш да не се повтори“, напиша тој на социјалните мрежи.
Еве го моментот:
How come Idrissa Gueye Gana is shown a straight red card for attacking his teammate while Michael Keane is spared for the same. Watch closely. First attack was actually from Keane. Both should've been booked but…anyway.
Man united#muneve#ManUnited #Everton pic.twitter.com/CJshHREBye
— Nasir (@nasirkenya) November 24, 2025
Извор: novosti.rs
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
-
Кичево2 денаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево16 часаОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
-
Кичево2 дена„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Македонија10 часа„ЛУКОИЛ Македонија“ во своите малопродажни објекти го враќа купувањето со „VISA“ дебитните и кредитни картички, од денес во целосна функционалност може да се користат услугите за плаќање
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (26 ноември)
-
Хроника2 денаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза2 денаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Хороскоп5 часаХороскоп за четврток (27 ноември)
