Спорт
Манчини: Можевме да имаме полесна група, но тоа е..

Селекторот на Италија Роберто Манчини призна дека не е задоволен од ждрепката.
– Можеше да биде малку полесно, без сомнение. Прво треба да ја победиме Македонија, а Португалија треба да ја победи Турција. Отежнувачка околност е што се игра само една партија.
– Убедени сме во нашите квалитети и расположени сме, сакаме попредизвикувачки ситуации. Би сакале да избегнеме играње со Португалците во финалето, како што тие би сакале да не играат против нас – изјави Манчини.
„Азурите“ во полуфиналето од баражот ќе играат против нас во Рим.
– Имавме одлична група во квалификациите. Дури и против Швајцарија заслуживме да победиме, но не. Ќе мора да одиграме многу добар натпревар за да се пласираме во финалето – заврши италијанскиот селектор.
Португалија во полуфиналето ќе ги одмери силите со Турција на домашен терен.
Спорт
Синер и Алкараз во големото финале на Вимблдон во 2025 година

Јаник Синер ќе игра во своето прво финале на Вимблдон, откако успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (6:3, 6:3, 6:4). Првиот рекет на светот покажа извонредна форма и доминација на теренот.
И покрај повредите, Ѓоковиќ даде сè од себе и изјави дека не сака вниманието да биде насочено кон неговата здравствена состојба, туку кон заслужената победа на Синер.
Карлос Алкараз обезбеди свое трето последователно финале на Вимблдон, победувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 во сетови (6:4, 5:7, 6:3, 7:6). Шпанецот ја брани титулата и важи за еден од главните фаворити, а ова би можел да му биде шестиот Гренд слем трофеј. Тој искрено призна дека бил изненаден од тоа што Синер успеал да го елиминира Ѓоковиќ.
Финалето на Вимблдон 2025 ќе се одигра во недела, а во него ќе се соочат Алкараз и Синер.
Мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ привлече големо внимание и беше проследен од бројни познати личности како Ема Радукану, Бенедикт Камбербач и Рами Малек.
Спорт
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден.
По одиграните натпревари кои завшрија со следните резултати, финале играа Рибник-Добреноец и Роденденски пињати-Кичево, кој заврши со регуларни 1:1, по што следуваше пенал рулетот, каде подобра беше екипата на Рибник-Добреноец.
1.ИВАНДЕН СТАРОЕЦ – РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ РЕЗУЛТАТ 1:5.
2.КЛАС МК БРОД – РОДЕНДЕНСКИ ПИЊАТИ РЕЗУЛТАТ 0:1
3.РИБНИК ДОБРЕНОЕЦ – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 4:1
4.КЛАС-МК Брод – КАЈ КУМОТ РЕЗУЛТАТ 5:1
Симјановски: Со Вашето присуство, и спортски дух и поддршка се доказ дека традицијата и почитта кон верата и празниците се уште живеат во нашите срца и дела.
Посебна благодарност упатуваме и до МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА И СПОНЗОРИТЕ
1. ЦРКВА СВ.ЈОВАН КРСТИТЕЛ
2. МЕАНА КОЛЦЕ
3. РЕСТОРАНТ,, КАЈ КУМОТ”
4. ,,АГРО ДРВО”
5. ПЕКАРА,, РАДЕ”
6. ГОРСАЈ
7. ЛУКОИЛ
8. ИДЕАЛ ТРАНС
9. КАФЕ БАР ,,ПАП”
10.РЕСТОРАН,, ФУРНА”
11.ИГОР ФИЛИПОСКИ
12.СКАРАЏИИ
13.МИРЕ РИСТЕВСКИ
14.ХРИСТИЈАН ТАНЕВСКИ
15.ВЛАДО АНДРЕСКИ
16.ЦВЕТАН НЕСТОРОСКИ
17.ТИМ ИНЖИНЕРИНГ
18.ХЕМИСКО ЧИСТЕЊЕ,, КТ”
19.АЛЕКСАНДАР ТАНЕВСКИ
20.PORTA.MK, кои помогнаа во организацијата и со љубов придонесоа овој настан да се реализира успешно, достоинствено и со радост – токму како што прилега за ваков свет ден.
Нека Иванден ни донесе здравје, радост и благослов на сите!
Вака изгледаше завршниот дел, пенал рулетот и доделување на пехарите и вредносните парични награди.
🏆 Рибник-Добреноец
🥈 Роденденски Пињати-Кичево
🥉 Клас МК Брод
Награди за најдобар голман зеде Сариевски, најдобар играч-ветеран Спасеноски и најдобар играч на турнирот Котевски.
Спорт
Класата е вечна! Ѓоковиќ го победи Де Минаур и обезбеди четвртфинале со италијанскиот „ас“ Коболи!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 3-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-4, 6-4).
Мечот започна лошо за Ѓоковиќ – го загуби првиот гем и не успеа да се врати веднаш, што му дозволи на Де Минаур целосно да го контролира сетот. Австралијанецот направи уште два брејка и го освои првиот сет убедливо со 6:1 за само половина час.
Но, Ѓоковиќ одговори во вториот сет. Веднаш направи брејк, иако Де Минаур успеа да се врати и да израмни. Сетот беше исполнет со пресврти, но на крајот Новак го доби и го изедначи резултатот на 1:1.
Во третиот сет, двајцата тенисери успешно го чуваа својот сервис до 4:4, кога Ѓоковиќ направи клучен брејк и веднаш потоа го освои сетот.
Австралиецот повторно поведе во четвртиот сет со 4:1, но Ѓоковиќ не се предаде. Со голема борбеност успеа да се врати, направи брејк во седмиот гем и поведе со 5:4. Со уште еден добар гем го затвори мечот и обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Италијанецот Флавио Коболи.
Инаку својот триумф Ноле го прослави во карактеристичен стил – со „пумпај“, а камерите го фатија и насмеаниот Роџер Федерер како го гледа натпреварот од трибината.
Како што претходно објасни Ѓоковиќ, тој и неговите деца слушаат неколку песни што ја испраќаат таа порака, и поради таа причина, тој ја слави својата победа на Вимблдон на тој начин.
Честито Ноле!
-
Кичево9 часа
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Денес во Кичево се одржа #11 мото-парада во чест на именденот на кичевската православна црква „Св.Петар и Павле“ – Вечна традиција!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (13 јули)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за понеделник (14 јули)
-
Хроника1 ден
МВР: Детали за грозоморното убиство во Прилеп на 13-то годишно дете, неговиот татко и самоубиството на сторителот
-
Кичево8 часа
Планинарското друштво „Ендорфин“ од Кичево во чест на Сашо Костадиноски го организира осми меморијален планинарски марш на планината „Голјак“
-
Македонија8 часа
Поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена од полноќ!
-
Македонија10 часа
МВР викендов издаде 1711 платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите