Спорт
Moto GP и Формула 1 остануваат на популарната стаза во Каталонија до 2026 година
Патеката во Каталонија ќе биде домаќин на трките во Мото ГП и Формула 1 шампионатот и во следните пет години, бидејќи договорите до 2026 година се официјални, пренесува Спорт Клуб.
Како дел од Мото ГП, трките во шпанската провинција се водат од 1992 година, а патеката е една од омилените на мотоциклистите и навивачите.
Следната сезона натпреварувањето во Каталонија е планирано за 3-5. јуни.
– „Потпишувањето на новиот договор е фантастична вест за Мото ГП. Спектакуларната каталонска патека е дел од шампионатот од нашиот почеток и е клучна во нашиот календар секоја сезона“, изјави Кармело Еспелета, директор на Дорна.
Кога станува збор за Формула 1, има трка за Големата награда на Шпанија во Каталонија. Стефано Доменикали, претседателот на Ф1, не го крие задоволството од потпишаниот договор.
– „Воодушевени сме! Би сакал да им се заблагодарам на промотерите и властите за нивниот ентузијазам и посветеност да ја задржат Формула 1 во Барселона, со напредокот што ќе биде направен на патеката, за продолжување на долгата историја. „Екипите и возачите секогаш со нетрпение ја очекуваат трката во Барселона, а шпанските навивачи сепак ќе можат да ги гледаат националните херои на лице место – Фернандо Алонсо и Карлос Саинс“, истакна Деоменикали.
Извор: Sportklub.rs
Спорт
(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.
Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
Спорт
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
По 3:3 дома и 1:1 во Манчестер, Кралскиот клуб играше продолженија со Сити на „Етихад“, но бидејќи и по 120 минути немаше победник, решија пенали, а Реал победи со 4:3. Така Реал успеа да ја продолжи одличната серија и по шести пат успеа да се избори за победа во нокаут фазата против бранителот на титулата.
Начо Фернандеш брилијантно го чуваше најопасниот играч на Сити, Ерлинг Халанд.
– „Страдавме многу затоа што многу те притискаа, но ние сме Реал и се бориме до крај, најважно е што сме во полуфинале. Не сме навикнати на притисок, обично сме тие што го туркаат противникот, сепак, и покажавме на другата страна, дека знаеме да се браниме спектакуларно, тој средно-низок блок ни направи неверојатна работа“, смета дефанзивецот на Реал.
Халанд едноставно немаше решенија во дуелите со него.
– „Бевме добри во дефанзива, исто така и на индивидуален план. Ова се магични ноќи, само од се станувам посилен, ова е она за што сонувавте како дете. Лошо ја започнавме сезоната, но свртевме сè, овој тим е неверојатно горд што сè уште сум во борба“. По нив следува Ел Класико. Мора да го славиме ова, а од утре размислуваме само за Ел Класико и се што не очекува во лигата“, заклучи Нацо.
Извор: b92.net
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево10 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево7 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хроника11 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници