Здравје и убавина
Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор
Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.
Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.
Опасноста од акриламид пред неколку години ја потврди и агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.
Зошто акриламидот е опасна хемикалија?
Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
Здравје и убавина
Пробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
Доколку во вашето утринско кафе додадете малку чоколадо, можете полесно да се сконцентрирате и посмирено да го започнете денот, покажува истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија.
Научниците ги споредиле ефектите врз „менталната енергија“ кај луѓе кои пиеле кафе со чоколадо, обично кафе, кафе само со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо. Секој учесник секојдневно консумирал по еден од овие четири напитоци, по што решавал тест за ментална будност.
Оние што пиеле кафе со чоколадо, како и комбинацијата кофеин–чоколадо, покажале побрзи реакции и поголема точност во решавањето задачи во споредба со останатите групи.
Освен подобрувањето на концентрацијата, резултатите откриле и дека чоколадото може да ја намали „напнатоста предизвикана од кофеинот“.
– „Овој напиток го подобрува протокот на крв во деловите на мозокот одговорни за вниманието и когнитивните функции. Кофеинот, пак, може да ја зголеми нервозата, но чоколадото го ублажува овој негов ефект“, истакнуваат истражувачите.
Сепак, експертите предупредуваат дека консумирањето чисто кафе може да ја засили агресивноста кај некои луѓе.
Затоа, додадете парче чоколадо во вашето кафе и решете ги двата најчести утрински предизвици!
-
Спорт1 денКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза12 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија1 ден„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
-
Автомобили2 дена„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка
