Здравје и убавина
Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.
Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.
Опасноста од акриламид пред неколку години ја потврди и агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.
Зошто акриламидот е опасна хемикалија?
Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот

Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со трачање, ќе живеете подолго од две до десет години. Луѓето кои се излечиле од рак и потоа продолжиле да трчаат, го продолжиле животот за пет години.
Истражувањата покажуваат дека трчањето ја намалува опасноста од дијабетес и болести на срцето, го намалува стресот и крвниот притисок. Освен тоа, џогирањето му додава години на животот и го поправа квалитетот бидејќи го зајакнува организмот.
Дури и ако сте пушач, а редовно се занимавате со оваа физичка активност, ќе живеете подолго од две до шест години. Редовното трчање помага со леснотија да ги решавате сите задачи, ја подобрува концентрацијата, помнењето, виталноста, го подобрува расположението. Истражувањата покажуваат дека оваа физичка активност е ефикасна и при лекувањето на депресија.
Сигурно е и тоа дека на овој начин полесно ќе одржувате витка линија, бидејќи вашите омилени јадења нема така лесно да се лепат на проблематичните делови од телото. Затоа, без оглед на ладното, ветрот и досадниот ноемвриски дожд, облечете патики и започнете со трчањето кое ќе ви го продолжи животот и ќе ви ја разубави фигурата.
/denar
Здравје и убавина
Еве зошто не треба да легнувате со мокра коса

Колку пати ви се случило по бањањето да заминете во кревет со мокра коса собрана во пешкир? Сигурно повеќе пати, додека вашата мајка ви зборувала дека не смеете да го правите тоа бидејки ќе добиете воспаление на мозокот или белите дробови (дури и кога надвор е топло).
Иако вашата мајка била во право, сепак не била целосно. Од спиење со мокра коса сигурно нема да добиете воспаление на мозокот или белите дробови, но ќе имате други проблеми кои воопшто не се пријатни.
Ви претставуваме три проблеми кои можете да ги добиете по спиењето со москра коса.
Поттикнување на развојот на габи
Перницата е идеално место за развивање на разни бактерии бидејќи на неа се собираат мртвите клетки и маслото од кожата, како и грините. Додадете го на сето ова мокриот пешкир и топлината и тоа е доволно за развој на досадните габи.
Главоболка
Веројатно не знаевте, но телесната температура во првата фаза се намалува до температурата во собата во која спиете, доека во REM фазата се зголемува. Бидејќи косата е завиткана во пешкир, температурата на главата не може да се прилагоди на температурата на телото и тоа може да предизвика силни главоболки кои можат да ве пробудат и во средина на сонот.
Испукана коса
Знаете и самите дека мократа коса е склона на пукање, особено ако ја триете со пешкирот. Поради триењето кое се создава меѓу косата и пешкирот таа може да се оштети и испука.
/denar.mk
Здравје и убавина
(ВИДЕО) Ефикасно и брзо отстранете ја главоболката

Кога следниот пат ќе ве заболи глава, оваа благотворна масажа ќе ви помогне болката брзо да исчезне. Главоболката е најчест здравствен проблем кај луѓето, но постои начин да ја отстраните брзо и едноставно.
Ова видео иако старо, но ефикасно ќе ви покаже како да направите кратка масажа на главата, а тоа ќе ви помогне да ја отстраните главоболката.
Погледнете…
/denar
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје18 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза18 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина23 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат