Кичево
Кај кичевско Другово возач од гостиварско „летал“ со брзина од 114 км/ч, а дозволено е 50!
На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од ОВР Кичево, го лишија од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој во населено место управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 114 километри на час, каде со сообраќаен знак е дозволено 50 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, за Порта извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
-
Кичево20 часаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп1 денХороскоп за петок (24 октомври)
-
Временска прогноза2 денаПериодот пред нас со нови врнежи деновиве и силен ветер до 70 км/час
-
Хороскоп7 часаХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Македонија9 часаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија21 часВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија21 часАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
-
Мобилни уреди16 часа„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
