Магазин
Како да го забрзате вашиот стар Android телефон без да купувате нов
Наместо веднаш да трошите пари за нов телефон, пробајте неколку едноставни чекори што можат повторно да го направат вашиот Android брз, одзивен и функционален како порано. Во повеќето случаи, телефонот не е расипан — само е преоптоварен со апликации, кеширани податоци и процеси во позадина кои го забавуваат системот.
1. Избришете ги непотребните апликации
Апликациите што не ги користите ја зафаќаат меморијата, ја трошат батеријата и ја оптоваруваат RAM меморијата. Притиснете и задржете ја иконата на апликацијата, потоа изберете “Uninstall”. Ослободениот простор ќе го почувствувате веднаш.
2. Исчистете ги датотеките и кешот
Отворете ја апликацијата Files (или “My Files” на уредите од Samsung) и избришете ги непотребните документи, слики, видеа и преземања. Најголемите датотеки ќе бидат прикажани најгоре, што овозможува лесна селекција на тоа што да задржите.
3. Организирајте го почетниот екран
Долго притиснете на празно место на екранот и изберете “Home screen settings”. Променете го распоредот на иконите или бројот на колони (на пример, од 4×5 во 5×5) за почист и поефикасен изглед.
4. Оптимизирајте ги поставките
Активирајте Dark mode за да заштедите батерија, ограничете ги известувањата само на најважните апликации и исклучете ја опцијата за автоматско додавање икони по инсталирање со навигација до Settings → Notifications → Advanced settings.
5. Проверете ги дозволите на апликациите
Одете во Settings → Privacy → Permission manager и проверете кои апликации имаат пристап до вашата локација, камера или микрофон. Исклучете го пристапот за апликации што не мора да ги користат овие функции — тоа ќе го подобри и перформансот и безбедноста.
Извор: CNET
Магазин
SoftBank го продаде целиот свој удел во Nvidia за 5,8 милијарди долари
Јапонскиот технолошки конгломерат SoftBank објави дека целосно го продал својот удел во Nvidia за 5,83 милијарди долари, со што ја заокружи една од најпрофитабилните инвестиции во своето портфолио.
Во својот најнов финансиски извештај, компанијата потврди дека во октомври продала вкупно 32,1 милион акции на Nvidia. Покрај тоа, SoftBank продал и дел од својот удел во T-Mobile за 9,17 милијарди долари, продолжувајќи со стратегијата за ослободување капитал и фокусирање на нови технолошки инвестиции.
Позитивниот финансиски резултат го поддржаа и вложувањата во OpenAI, производителот на ChatGPT, како и во PayPay, популарната платформа за дигитални плаќања. Благодарение на овие инвестиции, Vision Fund — инвестицискиот фонд на SoftBank — оствари профит од 19 милијарди долари во вториот фискален квартал.
Извор: CNBC
Магазин
Apple развива 100MP сензор со LOFIC технологија: iPhone ќе се доближи до професионалните камери
Apple работи на развој на свој CMOS сензор со LOFIC технологија и резолуција од 100 мегапиксели, кој ветува динамички опсег на ниво на професионални фотоапарати.
Според извори блиски до индустријата, компанијата веќе поднела барање за патенти поврзани со овој сензор. Технологијата LOFIC (Lateral Overflow Integration Capacitor) му овозможува на секој пиксел независно да ја прилагоди количината на светлина што ја апсорбира, во зависност од осветлувањето на сцената.
Ова значи дека новиот сензор ќе овозможи попрецизно снимање на детали и во најсветлите и во најтемните делови од фотографијата, со значително поширок динамички опсег во споредба со сегашните модели.
Сензор што ќе го претвори iPhone во професионална камера
Според достапните информации, новиот сензор на Apple би можел да постигне динамички опсег до 20 EV нивоа, што е значително повеќе од сегашните околу 14 EV кај постојните iPhone модели. Дополнително, ќе има резолуција од 100 MP и поддршка за променлив отвор на блендата, што би му овозможило на iPhone да се приближи до DSLR и безогледални камери во квалитетот на фотографиите.
Конкуренцијата веќе се подготвува
Иако Apple е во напредна фаза на развој, Sony наводно веќе работи на сопствени LOFIC сензори, кои се очекува да се појават на пазарот кон крајот на 2026 година, најпрво во уредите на OPPO и Vivo.
Samsung планира слична технологија во периодот помеѓу крајот на 2026 и 2027 година, додека Apple би можел да го претстави својот сензор во 2028 година, најверојатно во јубилејниот 20-ти модел на iPhone.
Ако овие информации се покажат точни, Apple би можел да направи огромен исчекор во мобилната фотографија, воведувајќи сензор способен да снима со квалитет рамен на професионалните фотоапарати.
Извор: LTN
Хороскоп
Хороскоп за вторник (11 ноември)
ОВЕН
Работа – Пред вас е малку потежок месец, полно со искушение што се однесува до работата и работната атмосфера. Бидете внимателни во комуникацијата со колегите и партнерите, бидејќи во вашето опкружување постојат луѓе кои само чекаат на некоја ваша грешка, или било што, што би можело да се нарече грешка. Не дозволувајте никој да ве изманипулира, измами и натера да направите нешто што не би требало да го направите бидејќи би можело да се употреби како аргумент против вас. Не им верувајте ниту на оние кои добро и долго ги познавате.
Љубов – Се` што треба да биде, ќе биде одлично бидејќи Уран ви донесува мир и стабилност во љубовта. Секако, секоја врска ја прават убава и оние помалку убави работи, такашто во текот на месецот ќе имате мали несогласувања со партнерот, но се` ќе се реши онака како што вие би сакале. Овој месец ќе имате помош од ѕвездите во решавањето на сите љубовни проблеми. Слободните Овни во Новата година треба да влезат ослободени од сите предрасуди, особено предрасудите кои ги имаат кон луѓето, поради што моментално се слободни.
Здравје – Првиот здравствен совет е нешто што сте го слушнале повеќе пати, но обидете се сега да го сфатите сериозно – за сите проблеми кои ќе се појават консултирајте се до доктор. Не си дозволувајте себеси овој месец ништо да не ве мачи.
БИК
Работа – Овој месец не можеме да го сметаме за сериозен период на планови, па и вас ве очекува истата судбина во текот на наредните денови. Ако треба да се сконцентрирате на нешто во текот на јануари, нека тоа бидат плановите за иднина, и тоа плановите кои ќе ги донесете врз основа на грешките кои сте ги правеле во текот на минатата година.
Љубов – Период во кој можни се проблеми на поле на љубовта. Во текот на средината на месецот, можни се конфликти со партнерот, несогласувања околу животните работи (трошоци, пријатели, семејство, секојдневни ситници). За работите да се полоши, можни се и неоправдани изливи на љубомора, како партнерот кон вас, така и вие кон партнерот. Ако сте слободни, тогаш добро ви би дошол флерт кон крајот на јануари.
Здравје – Во јануари актуелни се сезонските вируси и болести, па трудете се да внимавате на имунитетот, поточно да го зајакнувате.
БЛИЗНАЦИ
Работа– Годината ќе ја започнете со доста елан и работна сила, па добро би било да ги искористите за да направите некои резултати поради кои на крајот на годината ќе имате насмевка на лицето и плус денар в џеб. Имате одлични аспекти за добар месец, па реализирајте ги како знаете и умеете. Потребно е да сфатите дека ова не е месец кога ќе направите големи пари, планетите само ви се во позиција на полето на парите.
Љубов – Што се однесува до љубовта, тензиите кои сте ги имале во претходниот период ќе исчезнат. За слободните Близнаци никако поволен период кој ќе им тргне. Иако постоеше надеж, сепак нема некој поволен партнер кој ќе ве воодушеви.
Здравје – Чувајте го вашето здравје, затоа што овој месец потешко ќе поминат Близнаците кои имаат хронична болест.
РАК
Работа – Ако дадете се` од себе и тргнете со максимална напор, успехот е загарантиран. Дајте се` од себе за да започнете некои нови работи. Ви претстојува прекрасен период, од кој и тоа како ќе ги берете плодовите. Доста другите земаа пари, време е и вие да заработите нешто. Соберете храброст, одете во поход бидејќи вие и тоа како имате сила да успеете. Ако не сакате да ризикувате работете го она што го работите, и ќе добиете пофалби.
Љубов – Јануари и не е така идеален месец за љубов, но ништо што претходно не сте го доживеале или преживеале. Ова е месец кој ќе биде обележан со ситни расправии со партнерот, несогласувања, неможност за договор околу било што. За слободните ова е идеален период за запознавање на нови луѓе, можеби и идниот партнер – никогаш не се знае.
Здравје – Вашето здравје треба да ви биде најважно на целиот свет, па добро би било да посветите повеќе време и малку да размислите за вашите лоши навики.
ЛАВ
Работа – Очекувајте позитивен тренд што се однесува до работата. Лавовите се познати како луѓе кои секогаш тежнеат кон подобро, кон напредок, а што се однесува до ситуацијата на работа, овој месец ќе бидете забележани, па вашата работа сигурно ќе донесе резултати – затоа изолирајте се од сите и бидете вредни. Имате доста енергија за работа. Она на кое треба да внимавате се преголемите желби; треба да сфатите дека не можете баш се` наеднаш на направите.
Љубов – Што се однесува до љубовта, линијата на вашиот љубовен графикон оди нагоре. Ситуацијата е многу подобра отколку претходните месеци, па ако сте имале било какви проблеми со партнерот, сега сигурно можете да ставите крај и повторно да се вратите во нормална комуникација, каква што треба да имаат две заљубени души. За оние кои се слободни, пред вас е ризичен период за влегување во емотивна врска, како за вас, така и за оние кои неодамна започнале во врска, па потребно е добро да размислите за нешто посериозно.
Здравје – Одлична здравствена слика.
ДЕВИЦА
Работа – Додека припадниците на останатите хороскопски знаци мака мачат со работните проблеми овој месец, вам ѕвездите ви се насмевнуваат и имате одлични шанси на работа. Само треба да ги искористите. Периодот е и така поволен за нови зделки, разработка на старите, зајакнување на активностите на постоечкото работно место. Одлично е и за сите оние кои на било кој начин работат со странство, на сите чијашто работа е тесно поврзана со луѓе. Комуникацијата ќе биде на доста високо ниво, па поради тоа дајте се` од себе за да ги искористите шансите.
Љубов – Убав период што се однесува за заљубените Девици. Ако веќе подолго време сте во врска, сега е вистинскиот момент да ја доведете на едно ново повисоко ниво – брак и семејство. Оние кои веќе навлегле во овие води ќе уживаат пред се` во поддршката од партнерот, такашто сите останати проблеми паѓаат во вода бидејќи имате покрај себе некој кој е повреден од сето она поради кое се нервирате. Затоа, ако сте во можност да го изненадите партнерот со убав гест, кратко патување, макар и на еден ден, тоа дефинитивно треба да го реализирате.
Здравје – Првиот дел од месецот е добар, а вториот малку полош. Ќе бидете подложни на сезонски болести, настинки, проблеми со грлото, грип па дајте се` од себе да ви биде подобро.
ВАГА
Работа – Започнуваме со одлична прогноза, која се однесува на резултатите на работа во јануари – еден од најдобрите, ако не и најдобриот месец во текот на првата половина на 2020 година. Додека другите ќе одмараат, вие заборавате на забавувањето и се фрлате на работа. Макар и да сте сами во канцеларијата, додека другите слават, вие ја прифаќате работата и сте вредни. Овој месец е одличен за подобрување на постоечката работа и создавање на нови бизнис зделки.
Љубов – Во љубовта, за разлика од работата, нема да ви биде се` и така добро. Стандарден месец, а во текот на овој месец обидете се што повеќе време да го поминувате со партнерот и да му се предадете 100% бидејќи може да дојде до несогласувања и проблеми во односот доколку партнерот се почувствува запоставено. Ова е период на потенцијални авантури и забранети врски во кои би можеле да упаднете.
Здравје – Одлично. Можно е мало чувство на замор или краткотрајна депресија, која ќе исчезне исто како што дошла.
ШКОРПИЈА
Работа – Се надеваме дека не се потрошивте многу минатиот месец, бидејќи во текот на јануари ќе има трошоци, а во вашето поле на финансии е опасниот Сатурн кој само ве тера и тера на трошоци. Затоа, во секоја можна прилика запрашајте се дали баш нешто морате да купите или пак можете да поминете и без тоа. Јануари дефинитивно не е ваш месец, но за среќа брзо ќе помине па на крајот на месецот се` ќе тргне на подобро. Обидете се во овие 20-тина дена да ги завршите ситните работи кои ве очекуваат и да започнете комуникација и планирање на некои обврски кои од март ќе треба да ги имате завршено.
Љубов – Убав месец пред вас, барем на љубовно поле. Уживајте на сите можни начини и потрудете се вашата врска да ги усовршите работите, макар биле веќе 50 години во брак, не постои ништо поубаво од секојдневното заљубување и секојдневното докажување на оваа љубов. Нема да имате никаква препрека во текот на првиот месец од новата година, па не постои причина за загрижување. Слободните Шкорпии можат да очекуваат мирен месец и период кога нема да има никакви нови случувања, но главата горе, мора да биде подобро.
Здравје – Во текот на јануари вашата здравствена состојба треба да биде солидна, без поголеми проблеми. Она што постојано ве мачи е последица од стресот и уморот, па гледајте што повеќе да одморите и поквалитетно да се наспиете.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Како што стојат работите, на работно поле треба да биде добро, а истото е и на финансиско поле. Особено првите 15-20 дена, па потрудете се со сите сили да работите повеќе од останатите. Вие нема да сонувате, туку ќе се обидете да ги реализирате и да ги живеете вашите соништа – потрудете се да ја искористите секоја шанса што ќе ви се овозможи за да можете да заработите убави пари. Со самото тоа финансиските ефекти од јануари треба да бидат добри, можеби ве очекува некаква добивка до крајот на месецот и до крајот на наредниот период.
Љубов – Ви претстои и одличен период. Ве очекуваат бурни 20-тина дена. Оние кои неодамна се заљубиле и стапиле во врска, би можеле да се преиспитаат дали тоа е всушност вистинската работа. Мал број на Стрелци ќе имаат влијание од Венера, па ќе се впуштите во флертување и тајни врски и тоа во најблиското опкружување. Ако е веќе така, нека остане се` на флерт. За слободните Стрелци, Венера си поигрува со вашиот знак, па очекувајте интересен месец. Можно е да стапите во некоја врска или комбинација со поранешниот партнер, но ако барате вистинска љубов – тука нема да ја најдете.
Здравје – Внимавајте на имунитетот, ослабен ви е, и доста сте под стрес.
ЈАРЕЦ
Работа – Веднаш да ви ја пренесеме позитивната енергија – овој месец би можел да биде доста добар. Иако овој месец ефективно ќе биде пократок поради празниците и опоравувањето од истите, оној работен дел ќе биде доста добар, и ѕвездите ќе бидат со вас. Очекувајте помош од сите, од оние со кои работите и оние за кои работите. Дури и ќе имате поголема поддршка од оние над вас, што дотогаш не беше случајот. Секако, на вас останува сето тоа да го искористите на најдобар можен начин, пред се` со вредна работа.
Љубов – Што се однесува до љубовта, овој месец ќе ви се случат неколку флертови, тајни размислувања за некоја личност, а оние со повеќе авантуристички дух би можеле да стапат во некои тајни врски. Периодот од средината на јануари ќе го обележат мали расправии со партнерот, па бидете спремни на компромиси и тишина. Слободните Јарци во текот на месецот ќе се враќаат во минатото, што се однесува до љубовта.
Здравје – Здравјето ќе ви биде одлично и цел месец нема да имате никакви проблеми.
ВОДОЛИЈА
Работа – Влегуваме во јануари, месец кој најбрзо ни поминува, а покрај тоа, месец во кој трошиме најмногу пари. А бидејќи овој јануари нема дефинитивно да имате убави спомени што се однесува до работата, првиот совет би било во никој случај да не вложувате пари во било што. Овој период кога би можеле да имате непријатности на работа, непријатности со луѓето кои отсекогаш сте знаеле дека се се`, само не луѓе, па обидете се да стоите настрана од нив. Вратете се на работата, дајте се` од себе да го направите она што се очекува од вас, и вашите финансии ќе бидат подобри.
Љубов – Би можел да ве дочека лош месец, а проблемите би можеле да бидат во врска со партнерот поради некои работи што тој ќе ги дозна за вас. Дали постои нешто што криете веќе подолго време од партнерот? Ако постои нешто вакво тогаш подгответе тактика за да го објасните сето тоа, а ако не постои тогаш партнерот е оној кој има своја тајна која и не би ви се допаднала. Ако сте слободни ќе ви одговара друштвото и вниманието од еден Лав, па ќе ве натера да се чувствувате романтично во текот на целиот месец.
Здравје – Внимавајте на сезонските болести.
РИБИ
Работа – Што се однесува на почетокот на годината, не е лошо. Првите 15-тина дена ќе спиете во зимски сон, а тогаш ќе се пробудите и тоа нагло. Во текот на средината на месецот ви доаѓа добар период – како за работни, така и финансиски планови кои ги имате. Во текот на месецот ќе имате поддршка од соработниците, шефовите… Она што ви препорачуваме е да ги вложите паметно парите, за да добиете плод.
Љубов – Што се однесува до емотивните односи, вашиот брод навлегува во мирна пловидба. Не би требало да има проблеми, па можни се изненадувања. Дружењето со пријателите, семејството баш како и што требало да биде јануари – прекрасно, па искористете ја можноста да ги подобрите односите кои и баш не ви се најдобри. Ако сте слободни, љубовта во текот на јануари нема да ја пронајдете. Затоа, фрлете се на работа, бидејќи љубовта нема да ви цвета.
Здравје – Здравјето е на исто ниво како претходните неколку месеци, па така ќе продолжи и во текот на целиот јануари. Не треба да се грижите за ништо.
-
Кичево15 часаНа градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“
-
Кичево21 час(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“
-
Кичево2 денаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (10 ноември)
-
Хороскоп14 часаХороскоп за вторник (11 ноември)
-
Здравје и убавина2 денаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
-
Здравје и убавина18 часаДомашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења
-
Спорт18 часаАталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ
