Следете не

Спорт

Канатларовски го објави списокот на фудбалери од репрезентацијата за контролните мечеви против Кипар и Србија

Објавено пред

на

Репрезентацијата на Македонија до 21 година овој месец во Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот Кипар и против репрезентацијата на Србија.

На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Драги Канатларовски за претстојните натпревари прати повик за следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Стефан Митрев (Беласица), Александар Ангелкоски (Тетекс);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Тиквеш), Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Кристијан Тасевски (Аугсбург), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Методи Максимов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Драги Канатларовски, селектор на репрезентацијата на Македониja до 21 година:

– „После контролните натпревари против Албанија и Саудиска Арабија што се одиграа во Хрватска, не очекуваат нови два меча против квалитетни противници. Тест натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да добиеме увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци. Се надевам дека ќе го продолжиме трендот на остварување позитивни резултати, а тоа дополнително ќе ја крене нашата самодоверба пред почетокот на квалификациите.

– Речиси нема промени во списокот на повиканите фудбалери во однос на претходните наши натпревари. Се соочуваме со објективни проблеми поврзани со малата клупска минутажа на одредени важни фудбалери во составот, но играњето за репрезентацијата е нешто посебно и се надевам дека истите тие играчи ќе го дадат максимумот и во вистинско светло ќе се покажат на претстојните мечеви. Убеден сум дека имаме квалитет, но мора на секој натпревар да бидеме со правилен пристап, одлучни во целта што сакаме да ја оствариме и се разбира со голема желба за победа.”

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин8 часа

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија11 часа

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle19 часа

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle19 часа

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин19 часа

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

Магазин19 часа

Големо име на пазарот на мобилни телефони со Android се гаси по 15 години

LG – еден од некогаш водечките производители на паметни телефони со Android – ја завршува својата приказна по 15 години...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (1 јули)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Македонија1 ден

МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој...

Магазин1 ден

Вечерва започнува првиот фитнес подкаст во Македонија за сите љубители на здравиот живот заедно со „Adastra“ и Дејан Пауновски „Pakigram“

Во време кога фитнесот станува сè поголем дел од секојдневниот живот, Adastra и Дејан Пауновски – „Pakigram“ ги здружуваат силите...

НАЈЧИТАНИ