Спорт
Ова се избраниците на Милевски за мечевите против Финска и Азербејџан, додека во изјавата истакна дека очекува повисоко ниво на игра

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за контролните два натпревари против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во најдобриот состав на македонската репрезентација се враќа капитенот Стефан Ристовски, а повратник во тимот е напаѓачот на италијански Удинезе, Илија Несторовски. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 26 фудбалери:
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Кире РИСТЕВСКИ (Пјуник, Ерменија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска);
Среден ред:
Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија), Давид БАБУНСКИ (Мезекевешд, Унгарија), Бобан НИКОЛОВ (ФЦСБ, Романија), Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Илија НЕСТОРОВСКИ (Удинезе, Италија);
Собирот на нашата најдобра селекција за претстојните пресметки против Финска (56. ФИФА ранг листа) и Азербејџан (123. ФИФА ранг листа) е закажан за 14. ноември (понеделник) во 12:00 часот во х. Хилтон во Скопје.
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција даде објаснување во врска со повиканите фудбалери за натпреварите на најдобрата наша селекција против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„За жал повторно не сме комплетни и се навикнавме веќе 14 месеци поради различни причини да не можеме да ги собереме најдобрите во еден момент. Адеми, пак не е со нас, на последниот меч за Динамо заработи повреда на задната ложа. Чурлинов, Костадинов и Илиев се враќаат полека од повредите, но ги немаме за овие натпревари. Велковски е на список и ќе биде со нас, но 14 дена работи само индивидуални тренинзи. Доста подобра е формата на фудбалерите во однос на септември, пред сѐ тие што се носители, тука мислам на Барди, Елиф, Алиоски…дополнително тие што не беа на септемврискиот собир полека влегуваат во натпреварувачка форма како Давид Бабунски и Бобан Николов. Кире Ристевски имаше период на аклиматизација и сега е на задоволително ниво. Се надевам после викендов после клупските натпревари сите фудбалери ќе останат здрави“.
„На овие натпревари, очекувам подобрување во однос на дуелите во Лигата на нации. Сепак, ова се истите момци кои даваа по три, па и пет гола по натпревар. Можеби лошата форма и проблемите со ненаоѓање на тимови беа пресудни и се надевам дека тоа е веќе зад нас. Финска е одлична репрезентација, сериозен тим со кој ќе биде тешко. Исто така, Азербејџан е во голем подем. Овие натпреварите ќе ни послужат за нашиот правец и насока за иднината“.
Спорт
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ

Оваа година ФФМ прославува уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем. За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана меѓународна работилница поврзана со UEFA клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.
На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.
На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.
На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.
Спорт
Ова се противниците за пласман во ЕП2025 на младата репрезентација на Македонија во фудбал до 21 година

Младата репрезентација на Македонија до 21 година за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.
На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година.
Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024.
Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.
Квалификации за фудбалери до 21 година за пласман на ЕП 2025 во Словачка:
Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;
Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;
Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;
Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;
Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;
Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;
Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;
Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;
Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;
Спорт
Ѓоковиќ незапирлив! Гркот ќе мора подобро да се спреми и да почека за триумф!

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен крал на Мелбурн! Кога и да оди во „Род Лејвер“ Арената да се бори за трофејот, српскиот тенисер едноставно не може да загуби, па продолжи да владее на Австралија опен – 10 трофеи во 10 финалиња.
Во моментов Стефанос Циципас беше единствениот способен да му се спротивстави бидејќи го игра својот најдобар тенис, сепак Гркот ќе мора да почека уште малку на својот прв Грен слем. Новак играше како да немал повреда на грбот цело време, со својата ментална сила ја совлада целата голгота што лани му ја подготвија Австралијците со депортација и во спектакуларното финале убедливо го совлада Циципас – 3:0 (6 :3, 7:6, 7:6).
KING OF MELBOURNE 👑 @DjokerNole pic.twitter.com/myM619PTVN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Во мечот каде што победникот зема се, Ѓоковиќ стигна до својот 10-ти триумф на Австралија опен, негова 22-та Грен слем титула во 33-то финале, израмнувајќи го со Рафаел Надал, неговата 93-та титула во кариерата (четврта зад Лендл, Федерер и Конорс). нова заработка од 2.975.000 долари (вкупно 167,5 милиони долари во кариерата) и конечно да се врати на првото место на АТП листата бидејќи од денес (има 6.970 поени. Новак е неуништлив.
Новак го отвори 13-от меѓусебен дуел, втор во финалето на Грен слем, против Циципас. Одлично сервираше, го изнуди послабиот бекхенд на ривалот и поведе со 4:1 со брејк во четвртиот гем. Потоа лесно го доби првиот сет со 6:3 во 36 минута.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Кичево5 часа
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Занимливости21 час
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 часа
(ВИДЕО) Легендарниот голман во солзи ја моли јавноста за помош, страшно!
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје1 ден
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје