Скопје
КЕЦ Аеродром: Денес времен прекин на електрична енергија во следните скопски локации

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 07.04.2021 година – среда, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните скопски локации:
Скопје КЕЦ Аеродром
ДОЛНО СОЊЕ: с.Долно Соње, делот кон Говрлево. (од 09:00 до 13:30 часот)
КИСЕЛА ВОДА: трафостаници Градинар Лозар и Типо на бул. Борис Трајковски, трафостаница Електроконтакт на бул. Борис Трајковски, трафостаници Дизајн Пинтија и Ник Велк на бул. Борис Трајковски без напојување со ел. енергија ќе останат сите стопански и нестопански субјекти напојувани од наведените Трафостаници на бул. Борис Трајковски. (од 09:00 до 10:00 часот)
АЕРОДРОМ: зграда на ул.23-ти Октомври бр.31. (од 10:00 до 11:00 часот)
Извор: Струја
Скопје
При акциска контрола на автопат Скопје-Гевгелија 31 возач возел над дозволеното

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возила.
Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Скопје
СВР Скопје: Изменет сообраќаен режим денес во Скопје поради протест, ова се деталите

СВР Скопје известува дека денес (02.04.2021 – петок) со почеток од 13.30 часот најавен е протест, кој ќе започне од паркот во Чаир, а ќе продолжи до зградата на Владата.
Од тие причини, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, па од 13.30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај следните улици: делови од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, како и бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Гоце Делчев“, дел од ул.„Филип Втори’, дел од булеварите „Илинден“, „ВМРО“ и „Климент Охридски“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, а заради заштита на новинарските екипи кои ќе го следат протестот, потребно е истите своите акредитации да ги носат на видливо место.
Извор: СВР Скопје
Скопје
ЕВН Скопје: Рана најава временски прекини на електрична енергија за понеделник 29 март во следните локации

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 29.03.2021 година – понеделник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Скопје КЕЦ Аеродром
МАРКОВА СУШИЦА: Дел од Викенд Населба Маркова Сушица (од 09:00 до 12:00 часот)
Скопје КЕЦ Ѓорче Петров
КАРПОШ: Дел од ул.Дамаска (од 11:00 до 15:00 часот)
САРАЈ: Дел од с.Семениште и с.Чајлане (од 12:30 до 15:30 часот)
Дел од с.Глумово кај школото (од 08:45 до 12:00 часот)
Извор: Струја
-
Магазин2 дена
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Спорт2 дена
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Без категорија2 дена
Хороскоп за денес (13 април) вторник
-
Македонија1 ден
Нови 1.129 ковид случаи, починале 27 лица, Кичево бележи 27 нови случаи денес
-
Кичево8 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре
-
Кичево9 часа
Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната
-
Кичево1 ден
Вчера се запалил електричен столб на улица „Ужичка Република“, нема повредени
-
Хороскоп3 дена
Денешен Хороскоп (12 април) понеделник