Кичево
Кичево е градот на „хуманоста“, поголемиот дел од капацитетот за утрешниот хуманитарен концерт во ЦК „Кочо Рацин“ е распродаден!
Почитувани сограѓани, драги добри луѓе. Поминаа 5 дена откако објавивме дека организираме голем хуманитарен концерт закажан за утре (недела 12.06) со почеток од 19:00 часот за младата самохрана мајка Адриана на која итно се потребни финансиски средства за операција поради Тумор на мозокот, па ја користиме оваа прилика да ви искажеме една огромна благодарност до сите добронамерници кои до сега донираа (ќе ги дознаете на концертот), до управата од НУ ЦК „Кочо Рацин“ која веднаш излезе во пресрет за локација на настанот, Радио Акорд, Горсај, Атва Маркети, МАП Сервис, Пицикато, ПЗУ Мате и останатите, до сите учесници и помагатели!
* Како инфо+ за хуманитарниот концерт ако се суди по досега продадените карти баш како и што доликува, кичевчани секогаш поддаваат рака и се хуман народ!
Ви се поклонуваме пред вашата хуманост!
До сите кои не сте купиле карти, да се исполни максималниот капацитет од салата, тоа може да го направите на самиот влез!
Се гледаме чесни хуманитарци!
🙏🤲 Од ❤️ за Адриана! 🤲🙏
19:00ч / НУ ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево
Влез: 100 денари (Хуманитарно)
Кичево
Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи. „Ние не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубрето“.
Ова треба да не загрижи сите како град дека би било залудно комуналното претпријатие да чисти, ако сами не бидеме свесни и одговорни и тоа со намера повторно и повторно да го правиме.
Апелот од Јовановски ви го пренесуваме во целост:
Почитувани сограѓани,
– Ве молам да покажеме повисока свест и култура во нашето секојдневие. Сметот и ѓубрето треба да се одложуваат соодветно, во контејнерите предвидени за тоа.
На фотографиите јасно се гледа дека ЈКП „Комуналец“ редовно ги празни контејнерите, но дел од граѓаните упорно фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Таквото однесување ја нарушува чистотата и изгледот на нашата општина, а пред сè го загрозува здравјето и квалитетот на живот на сите нас. Затоа, ќе пристапиме кон опомени од комуналните редари, а доколку оваа практика продолжи, ќе бидеме приморани да примениме и казнени мерки, истакна Јовановски на своите социјални мрежи.

Кичево
„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево
Како современа и професионална компанија која поставува сосема нов стандард во печатењето на фотографии, „Canvas Print Media“ го нуди најквалитетното Fine Art печатење достапно во регионот. Принтот се врши со технологија и материјали што ниту една друга продавница во нашиот регион не ги нуди, овозможувајќи квалитет кој трае до 200 години.
Премиум материјали: Hahnemühle & Canon Fine Art архивска трајност 200+ години
Во понуда се користат архивски Fine Art материјали без киселини, од врвните светски брендови Hahnemühle и Canon. Овие материјали се стандарден избор за галерии, изложби и уметнички студија ширум светот, а кај нас доаѓаат во форма достапна за секој клиент што сака извонреден квалитет,
Сите хартии Hahnemühle се без киселина, архивски и се во согласност со ISO16245. Тие имаат највисока класа на издржливост и отпорност на светлина и ќе траат стотици години.
Предности:
- Трајност над 200 години без избледување
- Mузејски квалитет за највисока отпорност на стареење на платно и фотохартии
- Многу видови на текстура, перфектна репродукција на боја и неверојатна деталност.
Ова е Fine Art печатење не комерцијален принт.
Единствена понуда во регионот

„Canvas Print Media“ моментално е единствениот Fine Art печатарски студио во регионот кое работи:
- Со професионален принтер наменет исклучиво за фотографии
- Со оригинални Hahnemühle и Canon материјали
- Со архивски стандарди за квалитет
- Екстремно прецизна репродукција на боја,
- Целосна покриеност на Adobe RGB 1998,
- Голем избор на текстури и Финиш (сјајни, мат, сатен)
Бесплатна достава во Кичево
Вие испраќате фотографија ние се грижиме за сè до вашата врата.
Идеален избор и уникатен подарок што трае со години.
Што можете да нарачате?
- Принт на платно со слика по ваша желба
- Принт на Премиум фотохартија
- Уметнички репродукции
- Модерни принтови за канцеларии, хотели и кафе барови
- Welcome табли за родендени, свадби и др прослави
- Бебе постер, Акварел изработка и многу други Custom изработки
Сè со стандарди што траат.
Контакт и порака
За нарачки и информации, можете да пишете директно на нивните социјални мрежи или да посетите официјалниот профил за инспирација и примероци на фејсбук со кликнување ТУКА и инстаграм ТУКА место каде што фотографијата станува уметност.
/ПР
Кичево
(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
Вчера, со свечен настан исполнет со емоции и големна гордост, беше означен официјалниот старт на гламурозниот „Atva Residence Hotel & Spa“ – модерен хотелски комплекс уреден според највисоки светски стандарди. Со своите 31 врвно опремени соби, елегантниот „Atva Kitchen&Bar“ а ла карт ресторан, современата конгресна сала и салата за состаноци, како и комплетниот СПА центар, фитнес сала, затворена игротека и обезбеден паркинг, хотелот претставува нова димензија на престој и уживање.
– „Оваа вечер беше навистина посебна, заокруживме 7 години јубилеј на „Atva Residence Hotel“, 7 години исполнети со посветеност, визија и многу реализирани соништа. Приказна што зборува сама за себе. Што се однесува до нашите новитети, секако дека нашата цел отсекогаш била Кичево да го ставиме на туристичката мапа. Спа туризмот е еден од најразвиените во Европа, а ние верувавме дека и нашиот град заслужува нешто модерно, нешто светско. Нашиот „rooftop“ СПА центар е изграден со најсовремен стил и технологија, место каде гостите ќе се опуштат, ќе се наполнат со енергија и ќе почувствуваат вистински луксуз. Ја користам оваа прилика преку вашиот медиум да упатам благодарност до сите кои ни честитаа за успешен старт на нашата заедничка мисија, добредојдени сте сите!“ – за Порта.мк истакна менаџерот Томче Филипоски
Почитувани кичевчани, ова е ново поглавје, нова визија и доказ дека кога се работи со срце, границите исчезнуваат. Кичево од денес блеска со нов сјај кој мора да го видите одблиску.
Порта.мк исто така упатува честитки за грандиозното отворање на комплексот кој значи многу за Кичево и кичевчани, воедно благодарност за поканата да бидеме дел од ова ново руво за заедницата.
Мини галерија преку нашиот објектив:
-
Кичево1 ден(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Кичево1 часЈовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Магазин22 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Кичево2 денаКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (3 декември)
-
Македонија2 денаЈП за Државни патишта со санација на потпорниот ѕид и заштита кај Бигорскиот Манастир
-
Кичево23 часа„Canvas Print Media“ Кичево: Слики на Платно и Фото хартија, премиум Fine Art печатење со материјали од светски брендови и бесплатна достава во Кичево









