Кичево
„Кичевската Коњаница“ со седмо учество на „Илинденски Марш“, пред кичевчани ќе дефилираат на 28 јули – среда

Како и претходните години, така и оваа година „Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, зема учество во Илинденскиот Марш. Коњаницата веќе 7 години го опфаќа Кичевско – Демир Хисарскиот регион и тоа: Манастирско Доленци, Србјани, Кичево, Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта, Козица, Прострање, Велмевци, Суво Поле, Брезово, Сопотница, Прибилци, Сладуево, Граиште, Демир Хисар, Журче, Острилци, Крушево.
Самиот Кичевско – Демир Хисарски реон е и еден од најреволуционерните реони во Илинденскиот период, каде се и првите никулци на Македонската Револуционерна Организација со револуционерната посветеност на Ѓакон Јосиф, од Пречистанскиот Манастир – Кичево и на даскалите во селските училишта кои ја подигале свеста кај младите за ропството кое го трпи Македонија.
Оттука е, и идеата за формирање на Кичевската Коњаница во 2015 година. Претходно возобновена од Кичевската Пешадија, која членувала во манифестации за чествување на Илинден уште пред осамостојувањето на Македонија.
„Кичевската Коњаница“ годинава по седми пат учествува на Илинденскиот Марш, кој трае од 31 до 2 Август (Илинден) во Крушево.
Иако именувана како Кичевска Коњаница, во неа членуваат членови од: Демир Хисар, Дебрца, Битола, Ресен и Кичево. Се тоа укажува на амбиентот во коњаницата, односно на братската врска помеѓу членовите.
„Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“, својот пат братски го дели со „Мавровско-Горнореканската Коњаница“, со која од 2016 година, па така секоја наредна, заедно учествуваат во марш-рутата кон Крушево.
Двете Коњаници од 28 до 31 Јули ќе поминат приближно 200 километри јавајќи на коњи. Ќе минат и предели кои се достапни само пеш или на коњ, гледајќи недопрена природа, која секоја година чека на нив.
Нашиот портал како и секоја година ќе биде дел од тимот за „Логистика“ и ќе даде максимална поддршка на Кичевската Коњаница.
Ова е целокупната „Агенда“ на случувања, предвидена на „Манастир Пресвета Богородица Пречиста Кичевска Коњаница“
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (29 јуни)
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за понеделник (30 јули)
-
Македонија3 часа
МВР истакна важна информација која стартува од утре 1 јули
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево
-
Скопје2 дена
Во Скопје посебен режим на сообраќај за утре и задутре
-
Lifestyle2 дена
Не е вода: Пијалокот што го хидрира телото најдобро
-
Хроника1 ден
МВР со детали за трагичниот настан на Дебарско езеро
-
Lifestyle2 дена
Внимавајте кога излегувате од ладна просторија на летното сонце: Еве зошто!