Македонија
Кичевчанец додека извршувал работни задачи на автопат Кичево-Охрид вчера се здобил со тешки телесни повреди

Вчера на 07.03.2023 во 13:50 часот во полициската станица Кичево пријавено било дека во Медицински центар Кичево со тешки телесни повреди бил донесен С.П.(46) од Кичево.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за градежна фирма на автопатот Кичево –Охрид.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево и за настанот бил запознаен трудов инспектор, за порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Македонија
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден

Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е најголем број евидентиран досега за еден ден.
Детален преглед:
Вкупен број на повици:
• 4199 повици
⸻
Испратени повици за услуга (711):
Овие се повици каде што биле активирани институции за интервенција:
Полиција 286 повици, 40,23%
Итна помош 72 повици, 10,13%
Противпожарна 297 повици, 41,77%
ЦУК 54 повици, 7,59%
АМСМ 2 повика, 0,28%
Извор: ЦУК
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
-
Кичево2 дена
Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (9 јули)
-
Кичево1 час
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза13 часа
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Скопје21 час
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Македонија2 часа
ЦУК: Вчера најмногу повици до сега во еден ден