Следете не

Спорт

Кичевчанец е првиот во Вело спортот на наши простори кој потпиша професионален договор за елитен тим од Унгарија

Објавено пред

на

Социјални мрежи

За прв пат во македонскиот велосипедски спорт, наш велосипедист од Македонија потпиша договор со професионален клуб надвор од нашите простори.

Во последните три месеци од јуниорската категорија во клубот Лотус во Унгарија, кичевчанецот Лука Димитријоски премина во елитниот тим во сениорска конкуренција рангиран помеѓу најдобрите тројца.

Лука, пред тебе претстојат многу напорни тренинзи и натпревари, но ние не се сомневаме во твојата издржливост, мотивираност и дисциплина! Да му посакаме среќа на детето од Кичево, што ја претставува Македонија во вистинско светло во спортот каде никогаш до сега сме немале лидери од мали нозе.

Спорт

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Објавено пред

на

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите го отворија уште во 6-тата минута, додека вториот погодот беше реалзиран во второто полувреме во финишот на мечот, односно во 80-тата минута од натпреварот.

– Селекторот Влатко Колев може да биде задоволен од прикажаната игра, иако пријателскиот меч беше со негативен резултат, затоа што од она што го видовме на терен момците покажаа карактер и верба, се разбира и мотив, додека пријателските контролни мечеви се токму еден тест за големите очекувања.

Претходниот контролен меч кој се играше пред 2 дена во Турново, заврши со резултат 1:1, каде стрелец на единствениот гол од слободен удар беше охриѓанецот Давид Лиотоски

Да потсетиме, нашето момче од Кичево, Стефан Војчески кој ги брани боите на „АП Брера“ од Струмица одигра одлични 45 минути, исто така и беше дел и од претходниот меч.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија.

Првиот меч заврши без победник, односно 1:1. Стрелец на голот за нашата селекција беше одличниот Давид Лиотоски, додека нашиот кичевчанец Стефан Војчески одлично се покажа. Поради тој факт, денес сме присутни и очекуваме уште подобра подготвеност.

Натпреварот во живо проследете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Спорт

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Објавено пред

на

©porta.mk

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот помеѓу двете талентирани генерации од 2014 година против екипата на „ФК Влазрими“. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Дамјан Спасеноски од слободен удар, после низа пропуштени шанси.

Свој натпревар одигра и генерацијата 2016/2017 која што за прв пат со големи амбиции се натпреварува оваа година. Во овој натпревар им подадовме рака на противниците за подобрата игра, стрелец на голот за нашата екипа беше Тадеј Станковски. 

 

* Нашите најмали надежи од 5 и 6 години исто така одиграа фудбалски натпревар за пофалба. Таму стрелецот на голот беше Јован Дојчиноски

Во прилог погоре, се поставени фотографии од генерација 2014, на „ФК Кичево“ преку нашиот објектив. Додека останатите фотографии од другите генерации ќе бидат објавувани на официјалната фан страница од ФК Кичево и нивниот инстаграм профил во текот на денешниот и утрешниот ден.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт24 минути

(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години загуби на домашен терен во Струмица од своите врсници со резултат 0:2. Резултатот гостите...

Македонија52 минути

Поради сообраќајка прекин во сообраќај кај Валандово

Од 16:50 ч. сообраќајот на регионалниот пат Р1105 с. Удово – Валандово е во прекин поради сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ. Од...

Спорт8 часа

(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години од 12ч го игра својот втор контролен меч против Русија. Првиот меч заврши...

Хороскоп21 час

Хороскоп за недела (16 ноември)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Скопје1 ден

ЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани...

Временска прогноза1 ден

Од вторник следува промена на времето во Македонија

Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од...

Спорт1 ден

Дриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации

Во рамки на денешниот ден нашите момчиња од „ФК Кичево“ одиграа првенствени натпревари во детската лига. Најголемо внимание предизвика натпреварот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (15 ноември)

ОВЕН Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и...

Спорт2 дена

ФФМ истакна важни информации за македонските навивачи кои го проследат мечот помеѓу Велс – Македонија

На 18 ноември, во Кардиф, машката А селекција на Македонија ќе го одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против...

Свет2 дена

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани...

НАЈЧИТАНИ