Кичево
Кичевчани, хуман народе, ајде утрешниот ден да го направиме по успешен

Првиот ден од хуманитарната акција помина одлично. Се надеваме дека утрешниот ден ќе има уште поголема посетеност и дека со право можеме да кажеме дека нашиот град е град на хумани граѓани кои се секогаш спремни да помогнат на тие кои немаат и се посиромашни.
– Посебна благодарност ќе изразиме на сите кои дониравте на крајот од хуманитарната акција и воедно би повикале до сите останати да земат свое учество во текот на утрешниот ден од 11 до 18ч на истото место – градскиот плоштад и да ја покажат својата хуманост на дело.
Секоја донација подарена од срце за некого многу значи. Ајде Божик да го направиме среќен за сите и да нема дом со празна трпеза.
Ве очекуваме!!!
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Lifestyle1 ден
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Lifestyle1 ден
Како да го разладите домот без клима: Три едноставни трикови
-
Македонија7 часа
Нов случај на измама: Старица дала огромна сума пари на таканаречен лекар кој и кажал лоша вест за ќерката
-
Автомобили1 ден
Како да ја надминете летната жештина од 37 степени во автомобил: Трикови што навистина функционираат
-
Македонија1 ден
Во Охрид вчера се случила сообраќајка помеѓу моторџија и велосипедист