Македонија
Кичево, 122 година од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година, симбол на храброст и пожртвуваност
Денес се одбележуваат 122 години од една од најславните и најкрвави битки во Илинденското востание – битката кај Ѓурѓејца во кичевскиот крај. Овој историски настан се одиграл на просторот меѓу селата Карбуница и Кладник, каде востаниците извојувале една од ретките победи во тој период.
Овој ден е потсетник на храброста и жртвите на нашите предци, кои во битката кај Ѓурѓејца ја покажале својата решителност за слобода и непокор.
Битката кај Ѓурѓејца – симбол на храброст и пожртвуваност
На 22 јули (4 август по нов календар) 1903 година, во раните утрински часови, османлиската војска (аскерот) заедно со башибозукот тргнала во напад врз селото Карбуница, каде што биле сместени востаниците предводени од војводата Арсо. Оваа борба, позната како битката кај Карбуница, се смета за една од најжестоките пресметки во рамки на Илинденското востание.
Нападот започнал околу 8 часот наутро со сила од околу 800 османлиски војници, додека востаниците броеле само 200. И покрај нееднаквите сили, борбата била силна и решителна. По четири бранувања на напади, востаниците морале да се повлечат, а османлиската војска влегла во селото. При тоа, загинале двајца востаници, а дополнително бил убиен и еден старец и повредени две жени. Селото било ограбено, но не било запалено.
Повлечените востаници се засолниле кај месноста Ѓурѓејца, меѓу селата Кладник и Карбуница. Таму им се приклучиле нови 350 востаници од регионот на Долна и Горна Копачка. Свесен за тежината на ситуацијата, Арсо побарал помош од борците од Демир Хисар. За кратко време пристигнала засилување од околу 150 востаници, меѓу кои и четата на познатиот Јордан Пиперката.
Востаниците ја зазеле Ѓурѓејца и ги подготвиле позициите за одбрана. Битката повторно се разгорела кога пристигнал аскерот предводен од Сефер ага. Иако турската војска била побројна и поискусна, востаниците храбро се спротиставиле. Клучниот момент во судирот се случил кога Сефер ага се обидел да го предводи нападот од прва линија, но бил погоден од востаникот Пено со еден прецизен куршум. Смртта на аската ги деморализирала Османлиите, кои почнале да се повлекуваат.
Во оваа тешка и крвава битка животот го загубиле 16 борци од разни села – Цер, Големо и Мало Црско, Прострање, Кладник и други. Меѓу нив биле и храбриот Пено од Одрин, Марко Ангелов, Блаже Алексов, Спиро Бурев, Ангеле Зеленков и Мате. На едно крило, кога муницијата им снемала на двете страни, борбата продолжила со ножеви во директен судир. По жестоката пресметка, двете страни се повлекле.
Вкупно загинале 30 востаници, но и покрај големите загуби, оваа битка овозможила формирање на слободна територија која останала под контрола на востаниците цели 30 дена – симбол на нивната решителност и пожртвуваност.
– Слава им на хероите – вечно да ги паметиме!
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт6 часаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин11 часаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (4 декември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за петок (5 декември)
-
Здравје и убавина1 денСамо со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
-
Lifestyle9 часа(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Македонија23 часаСообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
-
Свет23 часаПоради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“
