Кичево
Кичево: Мајка и ќерка нападнати од кучиња скитници, додека вчера во истиот ден уште еден родител пријавил напад врз своето дете од куче..
На 31.07.2023 во 14:30 часот, Л.Р.(36) од Кичево пријави дека на улица „Влашки пат“ во Кичево, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник, истиот ден на 31.07.2023, пола час подоцна, односно 15:00 часот, М.Н.(59) од кичевското село Другово пријавил дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник.
Вчера исто така во 23.40 часот, З.И.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „Љубица Богеска“ во Кичево, таа и нејзината малолетна ќерка биле каснати од куче скитник, за порта.мк информира портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски, па оттука прашуваме има ли крај за случаите со бездомните кучиња?!
Кичево
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
Предмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско. Немаме подетални информации за учесниците на сообраќајката и нивното здравје.
Апелираме за внимание доколку поминувате преку овој патен правец.
Наскоро очекуваме детали од овој настан. Од она што го знаеме како информација од случајни минувачи, учесници се и жители од Косово со пмв. bmw Х5.
На интервенција се веќе екипи на Итна помош при Општата болница Кичево и Полициски екипи.
Кичево
(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
Во рамки на вчерашниот ден Патриотско Здружение „Македонски Завет“ од Кичево и Патриотското Друштво во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево организираа хуманитарен концерт наречен „Чување на традицијата и негување на Културното наследство“, во соработка со „Црвен Крст“, Кичево
Концертот беше збогатен со многу музика, оро и родољубиви песни, а настапуваа културно-уметничките друштва од Кичево и естрадните уменици, додека бендот кој беше задолжен за комплетната програма беше група „ЕТНУМ“.
Да ги позравиме уште еднаш учесниците: КУД Бисер Кичево, КУД Нико Пусоски Кичево, КУД Младост Кичево, КУД Кочо Рацин Кичево, Христијан Трајаноски, Дарко Стојаноски, Методија Столески, Софија Пуровска, Анастасиа Митровска, Мирослав Мирчески, Михајло Данилоски, Лука Лазарески, Христијан Тришоски
Да потсетиме, средствата од концертот, ќе бидат донирани на социјални и ранливи семејства во соработка со „Црвен Крст“ Кичево, во предновогодишниот период. Мотото и целта на овој проект беше реализација на Патриотско Здружение „Македонски Завет“ – Кичево е да помогне на тие на кои сме им најпотребни и да им ги удостоиме новогодишните и Божикни празници, со хумана донација. Патриотски е да бидеме хумани.
Благодарни што сме дел од овој хуман настан, ние и понатаму ќе продолжиме да даваме максимална поддршка за хуманитарните настани било каде во државата, па и Кичево.
Преку нашиот објектив, Ви го пренесуваме настанот во целост:
Кичево
Кичевски „ЈКП Комуналец“ ги засука ракавите за почисто и поубаво Кичево во пресрет на новогодишните празници
Според она што граѓаните на град Кичево можат да го видат, повеќе од евидентно е дека „ЈКП Комуналец“ – Кичево ја стартува една од најглавните мисии за почисто и поубаво Кичево. Имено, деновиве сме сведоци на една обемна еколошка експанзија низ кичевските улици, речни корита, булевари и френкфентни сообраќајници, каде вработените спроведуваат еко-акција речиси секој ден, во зависност од временските услови, се разбира.
– Да, токму така, се работи на терен, но еве ја користам оваа прилика, да ги охрабриме сите граѓаните да ја поддржат нашата мисија и заеднички да придонесеме за почисто и поубаво Кичево, затоа што тоа ни оди во прилог на сите граѓани без разлика на нашиот етникум, сите сме граѓани на овој град. Во соработка со Општина Кичево и градоначалникот Д-р Александар Јовановски сме во активна комуникација и максимална соработка во служба на граѓаните. Кичевчани во иднина ќе бидат сведоци на одлични вести со по чиста и по здрава средина за живеење, на кратко за Порта.мк истакна новиот директор на установата, г-дин Бојан Стојкоски
-
Кичево20 часа(ФОТО) Вчера во Кичево во преполна сала и одличен амбиент се одржа првиот хуманитарен концерт на „Македонски Завет“ и „Патриотско Друштво“
-
Кичево58 минутиПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (30 ноември)
-
Хороскоп12 часаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Спорт2 дена(ФОТО) „ФК Напредок“ и официјално со победа го заврши есенскиот дел од натпреварите против екипата на „ФК Ренова“ на гостински терен
-
Здравје и убавина2 дена„Солта“ го подобрува вкусот на храната, но истовремено има силно влијание врз организмот ако ја користиме прекумерно
-
Македонија2 денаСпречен канал на илегално внесување на ловечка муниција на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода три лица
-
Спорт2 денаМакедонската женска фудбалска репрезентација до 19 години со втора победа на турнирот за ЕП





















































































































