Кичево
Кичево: Малолетно девојче и возрасен човек настрадаа од кучиња скитници

Ноќеска на 23.07.2022 година во 00.55 часот, Ќ.Ј.(52) од кичевското село Другово пријавил дека на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
Додека вчера на 22.07.2022 година во 11.20 часот, С.М.(49) од Кичево во полициска станица пријавил дека неговата малолетна ќерка на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево била касната од куче скитник.
Извор: СВР Охрид
Кичево
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен

Пред неполни два часа повик за настанат пожар во атарот на с.Туин кичевско добила дежурната екипа на ТППЕ Кичево, која веднаш се упатила на терен и сеуште дејствува.
Апелираме за поголемо внимание додека се движите во шумски предели во овој период од годината.
За нашиот медиум од ТППЕ Кичево известуваат дека дејствуваат врз запалена ниска шума и дива депонија.
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Кичево7 часа
(ФОТО) Гори ниска шума и дива депонија во атарот на с.Туин кичевско, ТППЕ Кичево уште на терен
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (26 јуни)
-
Магазин2 дена
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Lifestyle14 часа
Дали навистина треба да се плашиме од семките од лубеница? Еве што се случува кога ќе ги проголтате
-
Магазин2 дена
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Спорт1 ден
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
Автомобили2 дена
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа