Кичево
Кичево ноќеска најладен град со измерени -10°C

Ноќеска во Кичево се измерени 10°C под нулата и практично за изминатата ноќ и официјално од листата на градови беше најладен, потоа следува Берово со -8°C, Маврови Анови, -8 во Крушево, -7 степени во Охрид, и Битола, -6 во Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -5 степени во Скопје-Петровец и Берово, -4 во Крива Паланка, -3 во Штип и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Куманово, Дојран и Гевгелија.
На сите кои патуваат им препорачуваме внимателно возење, поради можна појава на подледена површина (голомразица) на некои предели од превоите.
АМСМ:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Кичево
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 06.06.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 07.06.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6 и 7 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се новите парцели), а најновата парцела 8 ќе биде посетена после 10⁰⁰ часот. Така што убаво би било да се запази времето, а ако поради некоја причина свештеникот се задржи некоја минута плус, да не се негодува, туку да се има разбирање.
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен). Овој ден е даден за да се сетиме на сите луѓе кои биле на земјата, а останале живи во Бога по својата смрт, затоа што „Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи“ (Лука 20,38).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост за прошка на гревовите за починатиот, но и за растење на нас во добродетелите. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови, стои во соопштението на Кичевската парохија кое ви го пренесуваме во целост.
Амин!
Вечен им спомен!
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“

Дива депонија уште беснее во Кичево, во близина на местото викано „Стара централа“, односно непосредно до кичевското село Србјани.
Четворица пожарникари и возила на ТППЕ Кичево сеуште ја гасат огнената стихија.
Како што добивме инфо, пријавата за пожарот е добиена околу 18ч денес, по што веднаш се интервенирало.
Кичево
ТППЕ Кичево вечерва спречи поголем пожар на дива депонија помеѓу кичевските села Мидинци и Зајас

Пожар избувнал во 19:08 часот на дива депонија помеѓу селата Мидинци и Зајас (општина Кичево), што предизвикал ширење на оганот кон ниска вегетација и деградирана шума.
Благодарение на брзата координација со Територијалната противпожарна единица Кичево истиот бил изгаснат за кратко време, предмалку информираше за јавноста – ЦУК.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (7 јуни)
-
Кичево1 ден
Кичевското архиерејско намесништво истакна соопштение по повод „Духовденска задушница“
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Краток фрагмент на отец Партениј за „Македонија и Патриотизмот“ од новиот филм посветен на неговиот триесет годишен монашки пат
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Армијата на Република Македонија ќе реализира тактичко-технички активности
-
Македонија7 часа
Попладнево почувствуван земјотрес во Македонија
-
Хороскоп51 минута
Хороскоп за недела (8 јуни)
-
Спорт1 ден
Македонија има потенцијал кој претходно го докажала. Милевски верува дека вечер играчите ќе го дадат својот максимум!
-
Спорт6 часа
(ВИДЕО) „Капа доле“ за прикажаната игра упати Милевски, додека Омерагиќ во соблекувалната укажа поддршка и честитки до играчите на македонската репрезентација!