Следете не

Кичево

Кичевската полиција и блиските денеска се простуваат од најдобриот колега и пријател

Објавено пред

на

Денес е тежок ден за кичевската Полициска станица и подрачните одделенија. Колегите, најблиските соработници, пријателите и фамилијата се простуваат од Ајдин Сејдини, кој за жал ја загуби најважната битка со тешката болест.

Дуке ни беше пријател и голем поддржувач од нашето започнување со работа, човек кој ќе служи како репер на заедништво, пријателство, блискост, поддавање рака во најтешко и човек кој ги почитуваше сите етникуми без разлика на вера и нација!

Почитуван пријателе, почивај во мир, ќе те паметиме вечно!

Кичево

(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево светиот Крст го пронајде Кристијан Врапчароски, за многу години – Бог се јави!

Објавено пред

на

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Кристијан Врапчароски кој го извади светиот Крст од осветените води.

На овој настан учествуваа 28 скокачи, додека најсреќниот од нив не ја криеше својата среќа и задоволство, посакувајќи здравје, среќа, љубов и мир на сите.

Врапчароски како поклон и награда доби златен Крст од Општината, додека генералниот спонзор “Аптеки Зегин” му подари машина за перење веш.

Во името организацијата преку нашиот медиум ги поздравуваме сите кои помогнаа за да се одржи овој Христијански настан.

Инаку да потсетиме Врапчароски беше најсреќниот во 2018 година, 2020 и оваа 2022 година, нека му е со среќа!

Во с.Белица – кичевско најсреќен беше Мартин Колоски, видео ТУКА

Во с.Цер – кичевско најсреќен беше Виктор Вренцоски

Во с.Другово – кичевско најсреќен беше Славче Мојсоски

Овој настан ви го пренесуваме преку видео и фотографија

Бог се јави, за многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

Познато времето на почеток на манифестацијата по повод Богојавление Водици во Кичево и положување на светиот Крст

Објавено пред

на

Утре на ден 19.01.2022 среда, по завршувањето на Литургијата во градскиот храм св.Петар и Павле ќе се направи литија до градскиот базен и ќе се изврши традицијата со спуштање на чесниот Крст во 10:30 часот и осветување на водите по извршување на Големиот Богојавленски водосвет. Имено сите кои сакаат да присуствуваат на традиционалната манифестација добро би било да бидат присутни од 10:20 часот.

Се замолуваат сите оние кои ќе присуствуваат на овој чин да ги почитуваат мерките за време на корона, а тие коишто се заинтересирани да го фаќаат крстот можат да се пријават во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево и да присуствуваат на Светата Божествена Литургија затоа што само така ќе покажат дека се навистина достојни за земање учество во овој свет чин.

Што се однесува до оваа манифестација во Кичево низ времето, со помош на богата наша архива и почитуваните од Кичевската Парохија, се потрудивме да направиме листа и потсетување со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..

  • 199* Никола Петрески
  • 1996 Злате Матески
  • 1997 Златко Богданоски
  • 1998 Раде Мисајлески
  • 2010 Јовица Тренески
  • 2011 Синиша Стојаноски
  • 2012 Даниел Симоноски
  • 2013 Бобан Стефаноски
  • 2014 Тане Србиноски
  • 2015 Дени Дамчески
  • 2016 Дејан Момироски
  • 2017 Дарио Вренцоски
  • 2018 Кристијан Врапчароски
  • 2019 Христијан Митрески
  • 2020 Кристијан Врапчароски
  • 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот

За многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

Традицијата оваа година ќе продолжи, чесниот Крст ќе се спушта во осветените води во Кичево, ова се сите информации по повод големиот христијански празник „Богојавление Водици“

Објавено пред

на

Се известуваат верниците дека на ден 18.01.2022 година, на ден Водокрст, со почеток во 06:00 часот ќе се отслужи Утрена Богослужба со чинот на Големиот Богојавленски водосвет, вообичаено за овој празник.

Оние кои се стари кумови и кои сакаат да го предадат Крстот по нивна волја на новите кумови, можат да ги донесат водичарските крстови и да се отпеат во назначеното време, како што било и останатите години наназад.

Исто така известување до верниот народ од Кичево и кичевско дека на ден 19.01.2022 година (среда) за празникот Богојавление – Водици, одма по завршувањето на Литургијата ќе се направи литија до градскиот базен и ќе се изврши традицијата со спуштање на чесниот крст и осветување на водите по извршување на Големиот Богојавленски водосвет.

Се замолуваат сите оние кои ќе присуствуваат на овој чин да ги почитуваат мерките за време на корона, а тие коишто се заинтересирани да го фаќаат крстот можат да се пријават во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево и да присуствуваат на Светата Божествена Литургија затоа што само така ќе покажат дека се навистина достојни за земање учество во овој свет чин.

Светиот Крст во најава на кумовите ќе се се положува и во селата Другово, Белица и Цер.

За многу години нека е престојниот празник и да сте живи и здрави!

Пред 2 години чесниот Крст го пронајде Кристијан Врапчароски

Текст: Кичевска парохија

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Социјални мрежи8 минути

Што се случува во „Twitter“ – отпуштени двајца клучни луѓе за безбедноста на социјалната мрежа

Твитер остана без двајца главни луѓе, кои се задолжени за безбедноста на популарната социјална мрежа. Имено компанијата го отпушти Петер...

Македонија2 часа

Денес 2,071 нов случај на Ковид-19 од 6,010 тестови..

Во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на КОВИД-19: • Скопје – 1.047...

Македонија4 часа

МЗ со предлог за намалување на ковид изолацијата од 10 на 7 дена

На состанокот на Комисијата, денеска, не стана збор за укинување на сертификатите и за носењето заштитни маски од учениците со...

Скопје6 часа

Пријавен грабеж во скопскиот црковен храм „Константин и Елена“

На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин...

Македонија7 часа

Најнови информации за патниот сообраќај, поради снег забрана за ТТВ и за Струга – г.п Ќафасан

На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови...

На денешен ден16 часа

На денешен ден: 21 јануари

793 – Францускиот крал Луј XVI е погубен на гилотина. Тој беше соборен од Револуционерната конвенција во септември 1792 година,...

Македонија16 часа

Поради врнежи од снег воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар – Маврово.

Од 4:50 поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот R1202 Дебар...

Македонија16 часа

Внимание во сообраќајот поради ниските температури застапена е голомразица по патиштата

За денес се најавени пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за (21 јануари) – петок

ОВЕН Ова ќе биде релаксиран работен ден во однос на претходните. И понатаму трошите многу енергија на најразлични договори и...

Свет1 ден

(ВИДЕО) Кичевчанецот Марко Маркоски на свои 11 години беше најсреќниот кој го пронајде Крстот во Рандолф, Њу Џерси

Чесниот крст во Рандолф – Њу Џерси го фати 11-годишниот Марко Маркоски од Кичево којшто е најмладото детенце од сите...

НАЈЧИТАНИ