Кичево
Кичево ноќеска најладен град со измерени -10°C

Ноќеска во Кичево се измерени 10°C под нулата и практично за изминатата ноќ и официјално од листата на градови беше најладен, потоа следува Берово со -8°C, Маврови Анови, -8 во Крушево, -7 степени во Охрид, и Битола, -6 во Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -5 степени во Скопје-Петровец и Берово, -4 во Крива Паланка, -3 во Штип и Виница, -2 во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Куманово, Дојран и Гевгелија.
На сите кои патуваат им препорачуваме внимателно возење, поради можна појава на подледена површина (голомразица) на некои предели од превоите.
АМСМ:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместa влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Кичево
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови

Кабелскиот оператор, интернет, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од дополнителен персонал за работа. Имено потребни се работници и работнички за канцелариска работа како и за теренска во кичевскиот регион, претходна работа со дејноста ќе се земе за предност но не е услов.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ги посетат канцелариите на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево и 11-ти септември на прв кат во непосредна близина на кичевската градинка „Олга Мицеска“
Што се однесува до најдобрите „Cable Call“, тимот на работници работи на процес на проширување на својата мрежна инфраструктура во градот, т.е отпочнување на промена на веќе постоечките нет-услуги кои во свое време биле на врвот. Со новиот мрежен систем кичевчани ќе имаат многу постабилна интернет врска, поголеми брзини, вклучувајќи ги и пакетите со кабловска телевизија со сите популарни канали.
За прв пат љубителите на компјутерски игри и различни конекции ќе имаат прилика непречено да ги користат интернет услугите со ултра минимално каснење на сигналот – latency (ping / ms) во тандем со светските интернет претставништва кои на своите корисници им нудат стабилност и брзина по најдобри цени!
Тимот на „Cable Call“ постојано е на терен и согласно обемот на работа во текот на оваа година се очекува сите домаќинства да бидат снабдени со горенаведената услуга, секако се работи и на оптичка дигитализација и на телевизијата.
* Преку нашиот сервис наскоро ви најавуваме многу интернет новости, gaming сервери и најразлични поволности за сите нови и стари корисници!
Сите пакети и услуги може да ги најдете ТУКА, додека „Cable Call“ во Кичево се наоѓаат на старо-добрата локација на адреса Ул. „Бул. Ослободување бр. 60“ – Лок./4
Кичево
Ноќеска во Кичево се случила страшна сообраќајка каде животот го загуби едно лице

На 15.05.2022 во 00.55 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид патничко возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од с.Зајас, излетало од коловозот, каде А.А. починал на местото на несреќата, додека лекар од Медицински центар Кичево за жал констатирал смрт.
Од сериозноста на оштетувањата на возилото со цел брзо и надежно интервенирање за спасување на веќе трагично починатиот на интервенција била и противпожарната единица од Кичево.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Кичево
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
Кичево
Сендвичара „Fresch“ од Кичево вработува дополнителен персонал за работа по одлични услови, редовна плата и бонуси

Кичевската сендвичара „Fresch“ има потреба од две работнички кои ќе бидат во редовен работен однос и осигурани од првиот ден, додека поради проширувањe на нивната дејност во текот на летниот период може да се јави потреба и од дополнителен персонал.
Приклучете се во успешниот тим, бидејќи „Fresch“ полни три години e супер „fast food“ бренд во Кичево на супер-атрактивно место во срцето на градот, на булевар „Ослободување“, секогаш исти, секогаш уникатни, со препознатливиот сос, само за добар апетит!
Повеќе информации ќе најдете на тел бр. 072/744-666
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (17 мај)
-
Македонија1 ден
Ново поскапување на бензините, ова е цената која ќе стапи на сила од полноќ
-
Кичево1 ден
Отворени работни позиции во водечкиот Интернет & TV оператор „Cable Call“ по одлични работни услови
-
Македонија11 часа
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Временска прогноза5 часа
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи
-
Lifestyle2 дена
Се случи првото целосно затемнување на Месечината оваа година
-
Временска прогноза14 часа
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..
-
Магазин10 часа
Доаѓаат големи промени во iOS 16