Кичево
Кичево: За среќа само материјална штета од сообраќајката на кружен тек кај „Автобуска станица“

Предмалку сообраќајка се случила на влез на град Кичево, односно во близина на „Автобуска станица“.
Според очевидци, учествувале пмв. „Голф“ и „Пежо“, неофицијално едниот учесник изгубил контрола врз своето возило и удрил директно во другото возило.
ОВР Кичево уште врши увид, додека учесниците се на местото на настанот. На местото на настанот веднаш пристигнала и екипа на Брза помош.
Апелираме за поголемо внимание во сообраќајот и прилагодување спрема поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (13 октомври)
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (14 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Нов влажен бран проследен со ладен воздух веќе од среда се очекува кон наша територија
-
Македонија16 часа
Од вечерва поевтинуваат горивата, ова е новата цена за литар
-
Временска прогноза8 часа
Пред нас динамична Есен, снегот може да подрани оваа година
-
Спорт21 час
Димитриевски: Очекувам силна поддршка од трибините, „Целта е јасна, излегуваме на терен по победа“
-
Македонија18 часа
МЗ: Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на оваа недела граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација
-
Македонија19 часа
МВР: Изминатиот викенд лишени од слобода 13 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1.502 сообраќајни прекршоци