Кичево
Кичевската фирма „РиД Електроника“ денес прославува 15 години постоење, среќен јубилеј!

Кичевската фирма „РиД Електроника“ денес го прославува својот јубилеен роденден, постоење 15 години на кичевскиот пазар. Тоа значи 15 години соработка со успешни фирми, институции, задоволни клиенти и безброј награди како коректна фирма.
За себе велат дека бизнисот пред се е Одговорност, Ефикасност, и себе-Докажување во областа за која најдобро знаете како треба, затоа денес бројот на задоволни клиенти е веќе „пет цифрен“
Да се множат!
Кичево
Утре на стрелиштето во с.Осој ќе се спроведе Боево гаѓање на кичевската Полиција

На ден 18.06.2025 со почеток од 08:00 часот редовниот состав полициски службеници од полициската станица од општа надлежност и од станицата за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, на армиското стрелиштето кај селото „Осој“ во близина на Кичево, ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност се реализира по претходен договор и известување до стрелиштето, ЈЗУ „Општа Болница” Кичево и урбаната заедница од селото Осој.
– Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи преземаат безбесносни мерки, вршат теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел, оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево.
Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, за Порта.мк и јавноста истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до надлежната против пожарна единица.
Имено, по претходна пријава на реномирана приватна компанија дека во нивното возило е приметена змија, веднаш интервенираше ТППЕ Кичево.
– Не е прв пат да добиеме пријава на граѓани за ваков или сличен настан. Пред неполна седмица исто така отстранивме змија. Во денешниот случај за два часа безбедно ја завршивме работата и влекачот кој беше долг околу 120см го пуштивме во природа, онаму каде му е местото, за Порта.мк истакна еден од вработените на дежурната екипа од ТППЕ Кичево.
Кичево
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започнато уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат активности околу неговата конечна реализација.
Како што наведуваат од „ЈП Комуналец“ – Кичево, стартот со работа се очекува да биде овој понеделник, односно 16.06.2025 г, додека градското подрачје ќе биде поделено во три зони, „Зона А, Б и Ц“ (K11 до К34)
Според приказот објавен на претпријатието сите инструкции за наплата ќе бидат на самите таблички, а бројот за смс пораки ќе биде 144144.
Според информациите, наплатата ќе биде до 30 денари, односно 20 или 10 денари од час, од 07:00 до 22:00 часот
– Претходно кичевчани во јавноста беа со поделено мислење, некои од нив додаваа дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се реши сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.
Во секој случај, ваквиот пристап го има речиси во сите градови во Македонија и поголемиот дел од граѓаните веќе ги користат услугите на платен и обезбеден паркинг простор.
-
Македонија2 дена
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Магазин20 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин20 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили20 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Спорт8 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден8 часа
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни