Следете не

Култура

Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.

Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).

Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).

Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.

Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).

Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!

Вечен им спомен!

Соопштение од Кичевска Парохија

Култура

Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.

Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.

„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.

Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.

Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.

„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.

„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.

„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Добитници на Оскар 2025: „Anora“ е големиот победник на вечерта

Објавено пред

на

Синоќа, во театарот Долби во Лос Анџелес, се одржа 97-то доделување на Оскарите.

Филмови со најмногу номинации

  • Мјузиклот “Emilia Pérez” предводеше со 13 номинации – рекорден број оваа година.
  • По него следуваа “Wicked” и “The Brutalist” со по 10 номинации.

Големата победа на “Anora”

Филмот “Anora”, во режија на Sean Baker, беше најголемиот победник на вечерта. Освои пет награди, вклучувајќи ги Оскарите за најдобар филм и најдобра актерка, пренесува CNN.

Церемонијата во знакот на Конан О’Брајан

  • Конан О’Брајан за првпат беше водител на доделувањето на Оскарите.
  • Настанот започна со специјален филмски сегмент посветен на Лос Анџелес, кој оваа година беше погоден од пожари.
  • Вечерта ја разубавија и Ariana Grande и Cynthia Erivo, со релаксирачка музичка изведба од “Wicked”.

Други забележителни моменти

  • “The Brutalist” ја заврши вечерта со три награди, вклучувајќи и Оскар за најдобар актер за Adrien Brody.
  • “Wicked” и “Emilia Pérez” освоија по две награди.
  • Најголемото изненадување беше филмот “A Complete Unknown”, кој иако имаше осум номинации, не освои ниту една награда.

Победници на Оскар 2025

Најдобар филмAnora

Номинирани за најдобар филм:

  • Anora
  • The Brutalist
  • A Complete Unknown
  • Conclave
  • Dune: Part Two
  • Emilia Pérez
  • I’m Still Here
  • Nickel Boys
  • The Substance
  • Wicked

Најдобар актерAdrien Brody (The Brutalist)

Најдобра актеркаMikey Madison (Anora)

Најдобар режисерSean Baker (Anora)

Најдобра споредна женска улогаZoe Saldaña

Најдобра споредна машка улогаKieran Culkin

Најдобра филмска музикаThe Brutalist

Најдобра монтажаAnora

Најдобар филм на странски јазикI’m Still Here

Најдобро адаптирано сценариоConclave

Најдобро оригинално сценариоAnora

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден

Објавено пред

на

Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на седум недели пред Велигден.

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови денес верниците, на големиот празник, ќе забораваат на кавгите, на проблемите, на недоразбирањето и со чиста совест и душа ќе ги започнат велигденските пости.

За овој наш христијански празник Прочка семејството би требало да го поминат во пријатна и топла атмосфера во богата трпеза. Помладите членови од семејството треба да побараат прочка од постарите членови со зборовите „прости ми“, а постариот член одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Обичаи – амкање и простување

На овој ден се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето, оттука и празникот го добил името, потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници. Обичаите се стари и македонски, кои се пренесеуваат од колено на колено меѓу генерациите.

Мора да се напомене, дека од верски аспект, само простувањето како обичај има христијанска основа, додека други се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее го гризне јајцето се прогласува за најсреќно во следната година и добива награда.

Еден од главните елементи на Прочка е маскирањето и преоблекувањето. Според обичајот, за Велики поклади порано се маскирале само мажите, а маските требало да бидат што пострашни и посмешни.

Затоа денес заборавте на сите недоразбирања и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

На денешен ден – 19 март

1563.- Амбуасовиот мир ја заврши првата верска војна во Франција, по што Хугенотите (протестантите) добија ограничена слобода на вероисповед. Хугенотските...

Автомобили4 часа

Хонда ќе набавува батерии на Тојота произведени во САД

Хонда отвора ново поглавје со набавка на батерии од новата фабрика за батерии на Тојота во Соединетите Држави, во обид...

Скопје4 часа

ЗНМ и ССНМ бараат објаснување од МВР и АЦВ за информативниот разговор на новинарите во врска со летањето дронови

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост поради повикувањето на...

Македонија6 часа

Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение

Продолжува лекувањето на пациентите во земјава и во странство. Министерството за здравство ја информира јавноста дека медицинските тимови на здравствените...

Македонија9 часа

Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата...

Македонија11 часа

Јанев: Со натчовечки сили работиме да ги подобриме безбедносните стандарди да таквите несреќи повеќе не се повторат, нема да има поколебливост во одлучноста за правдата без исклучок!

Со длабока тага, сочувство и присебност ги следиме трагичните настани што го потресоа нашиот град Кочани. Од име на Бирото...

Свет11 часа

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ изрази сочувство за настраданите во Кочани, Македонија

Најпознатата интернет платформа „YouTube“ на сите корисници кои ќе пристапат од македонски IP адреси изразува сочувство за настраданите во страшната...

Спорт12 часа

Благоја Милевски го повика младиот Тошевски, во замена за повредените Ристовски и Ќамили, Ашковски неизвесен до самиот старт

После првиот тренинг на македонската фудбалска селекција, селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуван проблем. Имено, поради повреди на следните...

Македонија13 часа

Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!

На 17.03.2025 во 22.10 часот, полициски службеници го привеле Н.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, затоа што со патничко возило „ауди“...

Кичево15 часа

(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал...

НАЈЧИТАНИ