Следете не

Свет

Кина ги забранува трансакциите со криптовалути

Објавено пред

на

Кинеската асоцијација за финансии преку Интернет, Кинеската асоцијација на банки (ЦБА) и Здружението за плаќање и расчистување забранија давање услуги поврзани со криптовалути, објави порталот Enterpreneur. Покрај тоа, забраната се однесува на работа со компании кои работат во областа на крипто-валути.

„Во последно време цените на крипто-валутите скокнаа, па нагло паднаа. „Шпекулативното тргување со криптовалути исто така се зголеми, што сериозно ја нарушува безбедноста на имотот на луѓето и го нарушува нормалниот економски и финансиски поредок“, се вели во заедничкото соопштение на тие организации.

Овој потег, додаде тој, следи по повеќекратните обиди на Кина да ги регулира активностите на пазарот на дигитални валути.

Кина во октомври објави предлог-закон за забрана за т.н. рударство на криптовалути, а подоцна заплени значителна количина на криптовалути.

На кинеските банки и на компаниите за плаќање преку Интернет им е наредено да ги прекинат сите активности како што се отворање сметка, регистрација на нови корисници, трговија и осигурување.

Во споредба со претходната забрана донесена во 2017 година, новите правила го проширија опсегот на забранети услуги и оценија дека „виртуелните валути не се поддржани со никаква реална вредност“, пренесува Klix.ba.

Новата забрана, објавена од Националната банка на Кина (PBOC), исто така вклучува услуги што претходно не беа споменати.

Како што е објаснето, јасно е наведено дека институциите не смеат да прифаќаат криптовалути или да ги користат како платежно средство.

Исто така, институциите не можат да обезбедуваат услуги за размена на криптовалути со кинеската валута јуан, како и со други странски валути.

Покрај тоа, на институциите им е забрането да обезбедуваат услуги за заштеда и да издаваат финансиски производи поврзани со крипто валута.

Банките и компаниите кои нудат платежни услуги се исто така повикани да го зајакнат мониторингот на готовинскиот тек вклучен во трговијата со крипто-валути и поблиску да се координираат во идентификувањето на ваквите ризици.

Европската инвестициска банка неодамна објави дека ќе започне да ја користи својата криптовалута Ethereum, која ќе биде достапна во обврзници во вредност од 100 милиони евра.

Свет

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Објавено пред

на

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток временски период, јави руската новинска агенција РИА во четврток, цитирајќи го регулаторот Роскомнадзор.

Како една од причините за оваа блокада, руските власти ја навеле наводната злоупотреба на „Snapchat“ за организирање терористички напади и регрутирање на извршители на кривични дела во земјата.

Тим часот пред тоа, Русија го забрани и „FaceTime“, апликацијата за видео повици на „Apple“, во рамки на засилената стратегија против странските технолошки платформи, за кои властите сметаат дека се користат за извршување криминални активности.

Оваа одлука следи по претходните ограничувања за YouTube (Google), WhatsApp (Meta) и Telegram.

Извор: RIA / engadget.com

Прочитај повеќе...

Свет

Руските власти предупредуваат дека целосно ќе ја блокираат апликацијата за пораки „WhatsApp“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

Руските власти денеска предупредија дека може да ја блокираат целосно услугата за пораки WhatsApp, обвинувајќи ја за недостаток на акција во исклучување на активностите кои Москва ги смета за криминални на платформата.

Американскиот технолошки гигант Meta, кој го поседува WhatsApp, не даде веднаш одговор на оваа закана, која ја упати Роскомнадзор, рускиот регулатор за телекомуникации.

Уште во август, Русија ја забрани можноста за повици преку WhatsApp, како дел од поголемата кампања против социјалните мрежи во сопственост на странски компании. Истото ограничување се однесуваше и на платформата Telegram.

Критичарите сметаат дека Москва се обидува да ги принуди граѓаните на Русија да преминат на платформи што се под директен надзор на државата. Според Роскомнадзор, WhatsApp се користи за „организирање терористички дејства во земјата, регрутирање терористи, извршување измами и други кривични дела против руски граѓани“.

„Ако платформата не ги усогласи своите операции со руските закони, таа ќе биде целосно блокирана“, се додава во соопштението.

WhatsApp е една од двете најпопуларни услуги за пораки во Русија, заедно со Telegram. Москва инсистира на тоа дека и двата сервиса треба да дозволат пристап до податоци по барање на властите, не само за истраги за измами, туку и за истражување на активности кои Русија ги смета за терористички.

Дополнително, руските власти ги обвинуваат украинските безбедносни сили дека користат овие апликации за регрутирање на Руси за извршување саботажи во замена за парични награди.

Застапниците за човекови права изразуваат загриженост дека продолжувањето на мониторингот на овие платформи ќе доведе до значително проширување на полициските овластувања на руската држава.

Извор: independent.co.uk

Прочитај повеќе...

Свет

Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја

Објавено пред

на

©porta.mk

Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.

„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.

„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle2 часа

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин4 часа

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили4 часа

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза5 часа

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (5 декември)

ОВЕН Денот на работното место тече во добра комуникација со соработниците и воспоставување на нови договори. Ве очекува финансиска добивка....

Македонија16 часа

Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “

АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради...

Свет16 часа

Поради злоупотреба, Русија ги блокира „Snapchat“ и „FaceTime“

Русија го забрани пристапот до „Snapchat“, популарната социјална мрежа за споделување фотографии и видеа кои се автоматски бришат по краток...

Здравје и убавина1 ден

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (4 декември)

ОВЕН Овен, препуштете се на струјата, оставете идеите за пливање против неа за некои денови кога ќе имате повеќе енергија...

Спорт2 дена

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна...

НАЈЧИТАНИ