Кичево
Ќе имаме по свежо време, но во Кичево вечерва епицентарот ќе биде на градскиот плоштад!
Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронтален систем од север и од северозапад, во текот на денешниот ден (четврток 31 јули) на повеќе места во Македонија, особено во јужните, југозападните, како и во источните предели ќе биде променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд со услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења граѓаните да обратат поголема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, што значи дека ќе биде значително посвежо. Во Скопскиот регион максималната температура денес ќе се искачи до околу 29 степени.
– Попоски за Порта.мк дополнително ексклузивно, изјави дека временската најава за дестабилизација на метео атмосферата ќе ја има, но во пресрет на вечерашниот концерт во кичевскиот регион од 20 часот па натаму, полека ќе се намалува нестабилноста и условите за врнежи ќе бидат помали, што значи нè очекува спектакуларен концерт!
Повелете, повеќе информации ТУКА
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Кичево18 часаВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Кичево2 денаУтре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Спорт11 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп9 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Македонија1 денВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Македонија2 денаВо недела наутро започнува зимското сметање на време, со тоа што стрелките се враќаат еден час поназад
-
Македонија2 денаАМСМ: Поради излетано тешко товарно возило, патот Скопје-Куманово кај Хиподром (обиколница) е во прекин
