Следете не

Автомобили

Кои автомобили се најдобри, а кои се на дното?

Објавено пред

на

Германската експертска организација TÜV SÜD со децении го објавува својот извештај за технички преглед, во кој ги наведува најквалитетните возила со најмалку дефекти и оние со најмногу дефекти.

Пандемијата на коронавирус и инфлацијата го направија своето, а возниот парк во Германија старее. TÜV прегледа вкупно 9.583.319 возила во периодот од јули 2021 до јуни 2022 година.

Во сите возрасни групи (односно над единаесет години) 20,2 отсто од автомобилите имале значителни дефекти (систем на управување, кочење, мотор…), што е за 2,3 процентни поени повеќе од претходната година.

Освен возилата кои се во просек постари, експертите од TÜV SÜD исто така гледаат на ограничените буџети на домаќинствата како причина за пониски трошоци за одржување и, како резултат на тоа, повеќе дефекти.

Севкупниот победник во извештајот на TÜV за 2023 година е Mercedes B-Class, додека Dacia Logan е позади, според HAK Review.

За прв пат просечната возраст е повисока од десет години. Очигледно е дека постарите возила стануваат се поважни за безбедноста на патиштата, а тоа го покажува и зголемената стапка на дефекти. Експертите на TÜV SÜD затоа тестираат возила стари до единаесет години.

Во однос на квалитетот, овојпат Mercedes B-Class го зазема првото место со просечна стапка на значителна дефект од само 2,0 проценти. На второ место е GLC (2,3 отсто). На ова ниво е и VW Golf Sportsvan/Plus.

Audi Q3 беше четврти со 2,4 отсто дефекти. На крајот од табелата повторно е Dacia Logan. Од мали возила треба да ги пофалиме Honda Jazz и Mazda 2 и Suzuki Vitara.

По единаесет години, ниту еден од моделите на Mercedes-Benz, BMW и Audi не е на првите позиции, што веројатно се должи на нивната употреба како службени автомобили со голема километража.

Просечната Е-класа има просечни 176.000 километри. Доколку купувате користен автомобил во Германија, оваа информација може да ви биде и водич.

ВОЗИЛА СО НАЈМАЛКУ ГРЕШКИ:

До 3 години До 5 години
Модел Процент на грешки Модел Процент на грешки
1. Mercedes Benz B-Klasa 2,0 % 1. Porsche 911 2,7 %
2. Mercedes Benz GLC 2,3 % 2. Mercedes Benz SLC 4,1 %
2. VW Golf Sportsvan 2,3 % 3. Audi Q2 4,5 %
4. Audi Q3 2,4 % 4. Mazda CX-3 4,6 %
5. Audi Q2 2,6 % 4. VW Golf Sportsvan 4,6 %
5. Porsche Cayenne 2,6 % 6. Mercedes Benz B-Klasa 4,7 %
5. VW T-Roc 2,6 % 7. Mazda 2 5,3 %
8. Honda Jazz 2,7 % 8. Audi Q5 5,4 %
9. Mercedes Benz A-Klasa 2,8 % 9. Audi Q3 5,5 %
10. Hyundai ix20 3,0 % 9. Honda Jazz 5,5 %
10. Suzuki Vitara 3,0 % 11. Mercedes Benz A-Klasa 5,6 %
10. Volvo V40 3,0 % 11. Toyota C-HR 5,6 %
До 7 години До 9 години
Модел Процент на грешки Модел Процент на грешки
1. Porsche 911 3,5 % 1. Porsche 911 4,6 %
2. Suzuki Vitara 7,2 % 2. Audi TT 9,4 %
3. VW Golf Sportsvan 7,3 % 3. Mercedes Benz SLK 10,3 %
4. Mercedes Benz B-Klasa 7,8 % 4. Mercedes Benz B-Klasa 11,0 %
5. Porsche Cayenne 7,9 % 5. Porsche Cayenne 11,1 %
6. Audi TT 8,3 % 6. Mercedes Benz A-Klasa 11,7 %
7. Mazda 2 8,5 % 7. Mini Countryman 12,3 %
8. Suzuki SX4 8,8 % 7. Mitsubishi ASX 12,3 %
9. Mercedes Benz A-Klasse 9,0 % 9. VW Golf Plus 12,4 %
10. Hyundai i20 9,1 % 10. VW Touareg 12,7 %
10. Opel Karl 9,1 %
До 11 години
Модел Процент на грешки
1. Porsche 911 6,6 %
2. Audi TT 11,6 %
3. Mercedes Benz SLK 12,2 %
4. Mini Countryman 13,9 %
5. Mercedes Benz B-Klasse 14,2 %
6. Porsche Cayenne 14,8 %
7. Mitsubishi ASX 16,1 %
8. VW Touareg 16,5 %
9. BMW X1 16,7 %
10. Honda Jazz 17,2 %

Автомобили

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Објавено пред

на

©porta.mk

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.

Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.

Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА

Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј

Објавено пред

на

Фото: Remy Lovesy @ unsplash
Фото: Remy Lovesy @ unsplash

По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.

Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.

Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.

Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.

Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.

Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври

Објавено пред

на

©porta.mk

Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)

Кристијан Бојоски (трето место)

Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.

И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!

Мал дел фотографии:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп1 час

Хороскоп за петок (17 октомври)

ОВЕН Може да очекувате промени поврзани со вашето работно место. Пред вас е фаза која може да биде многу турбулентна....

Македонија10 часа

Вчера во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу малолетник со електричен тротинет и пмв „цитроен“ со демирхисарски регистарски ознаки

На 15.10.2025 во 17:28 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Благојче Силјановски“...

Технологија13 часа

„Google Wallet“ добива нова функција која ќе го олесни користењето на дигиталните пропусници, картички за лојалност и билети

„Google Wallet“ добива нова функција која им овозможува на корисниците поедноставно користење на нивните дигитални пропусници, картички за лојалност, билети...

Здравје и убавина15 часа

Овие овошја едноставно се клучот за одмор на вашите црева во организмот

Многу луѓе кога ќе тргнат на одмор се соочуваат со непријатности во дигестивниот систем. Промената на климата, исхраната и околината...

Македонија22 часа

18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 18 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (16 октомври)

ОВЕН Пријател или роднина на Овните може да предложи пократко патување, но периодов не ви е дозволено ниту да одите...

Автомобили1 ден

(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“

Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври...

Хроника1 ден

Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје

На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење....

Фото: Lars Blankers @ unsplash Фото: Lars Blankers @ unsplash
Храна2 дена

Совет од експерти: Како правилно да складирате компири во текот на есента

Есента е сезона на вкусни, топли јадења – чорби, супи, печено месо и разни гарнитури – а компирите се неизбежна...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин2 дена

Instagram тестира нов изглед на апликацијата со нови табови за Reels и пораки

Instagram започна тестирање на нов изглед на својата апликација, кој веќе е достапен за дел од корисниците. Промената засега е...

НАЈЧИТАНИ