Автомобили
Кои се последиците од возење автомобил со скоро празен резервоар

Возењето со скоро празен резервоар е навика што може сериозно да му наштети на вашиот автомобил. Освен што постои ризик да заглавите на пат, последиците може да бидат далеку поскапи од неколку литри гориво.
Современите возила обично ве предупредуваат за ниско ниво на гориво кога во резервоарот остануваат околу 5 до 10 литри. Сепак, тоа не значи дека сте безбедни да продолжите со возење уште долго. Кога ќе се вклучи светлото за резерва, горивото повеќе не се доставува под оптимален притисок, а пумпата почнува да влече не само гориво, туку и талог, нечистотии, па дури и влага од дното на резервоарот.
Со време, овие наслаги може да ги затнат филтрите, да ја оштетат пумпата, а во некои случаи и да предизвикаат проблеми со согорувањето во моторот. Кај дизел моторите, ситуацијата е уште покритична – влезот на воздух во системот поради празен резервоар може да доведе до дефект што бара професионална интервенција и испирање на целиот систем.
Многу возачи, особено во урбани средини, се навикнати да возат „на резерва“, сметајќи дека тоа е доволно за секојдневните кратки релации. Но, ако се соочите со ненадеен застој во сообраќајот, затворен пат или едноставно заборавите да наполните гориво, ризикувате да останете заглавени – со сите последици што ги носи тоа: нервоза, блокирање на сообраќајот, па дури и парична казна.
Зимскиот период носи дополнителни ризици. Кога нивото на гориво е ниско, се зголемува можноста за кондензација, односно создавање влага во резервоарот, што може да доведе до замрзнување на цевките и проблеми со дотокот на гориво. Во најлош случај, автомобилот нема да може да се стартува токму кога ви е најпотребен.
Механичарите советуваат нивото на гориво да не се спушта под една четвртина од капацитетот на резервоарот. На тој начин не само што го продолжувате векот на пумпата и другите компоненти, туку го намалувате и ризикот од скапo оштетување на моторот. Дополнително, полн резервоар го намалува просторот за создавање на влага, што е особено важно при ниски температури.
Иако полнењето гориво можеби ви изгледа како дополнителен трошок, треба да знаете дека поправката на оштетена пумпа или чистење на системот чини многу повеќе. Возењето со доволно гориво не е луксуз – туку одговорност кон сопственото возило и вашата безбедност.
Затоа, следниот пат кога ќе решите да „истерате до последна капка“, сетете се – можеби токму тогаш пумпата за гориво ќе почне да влече нешто што не треба. А ако автомобилот ве изневери во најлош момент, таа „заштеда“ ќе ве чини многу повеќе отколку што мислите.
Извор: kurir.rs
Автомобили
Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил

Ferrari уште еднаш го потврдува статусот на најпрофитабилен автомобилски бренд во светот. Според финансиските резултати за првата половина од 2025 година, италијанскиот производител остварува 118.124 евра профит по продадено возило.
Ова е за речиси 10.000 евра повеќе од истиот период лани, со што Ferrari ја зацврстува својата доминација кога станува збор за заработка по автомобил.
Колку им треба на другите?
Анализата вклучи 34 производители, но никој не му се доближи на Ferrari. Најблиску беше Jaguar Land Rover (JLR), но и таму е потребно да се продадат 23 автомобили за да се достигне профитот што Ferrari го остварува со само еден.
Меѓу германските премиум марки ситуацијата е следна:
-
Porsche – 24 автомобили за едно Ferrari
-
Mercedes – 47 автомобили
-
BMW – 58 автомобили
Кинеските производители, и покрај масивните инвестиции, остануваат далеку од врвот.
Американски и јапонски падови
Големите западни компании како Ford и Mitsubishi бележат значителен пад на профитабилноста. Тоа е сигнал за сериозни предизвици во сегашниот пазарен контекст.
Компаниите со загуба
Состојбата е уште потешка кај брендовите кои завршија со негативен биланс во првата половина на 2025 година. Во загуба работат:
-
Mazda
-
Nissan
-
Xpeng
-
Stellantis
-
Volvo
-
Renault
-
Nio
-
Polestar
-
Rivian
-
Aston Martin
-
Lucid
Извор: B92
Автомобили
Bentley го враќа класичното купе со V8 мотор и погон на задни тркала

Bentley не се откажува од електрификацијата, но реши дека октанските адути сè уште имаат свое место.
Supersports повторно се враќа
Производителот потврди дека подготвува нова, поекстремна верзија на Continental GT, која најверојатно ќе ја носи ознаката Supersports.
Моделот ќе добие:
-
редизајнирана каросерија,
-
поагресивен стил,
-
мерки за намалување на масата.
За разлика од хибридниот погон со 4×4, овој автомобил ќе користи рафиниран битурбо V8 мотор кој ја испраќа моќноста само на задните тркала.
Првиот тизер видео-клип веќе откри дел од изгледот и препознатливиот звук на моторот. Бентли ја придружи премиерата со порака:
„Враќањето на легендарното име во семејството Бентли е неизбежно, 100 години по неговото прво претставување. Ова ќе биде редок автомобил, подготвен за перформанси.“
Агресивен и динамичен дизајн
Моделот е инспириран од прототипите забележани од „шпионски“ фотографи, но сериската верзија изгледа уште порадикално:
-
преден браник со огромни отвори за воздух и истакнат сплитер,
-
страничен профил со црни алуминиумски тркала,
-
заден фиксен спојлер, дополнителни аеролинии и масивен дифузер со четири издувни цевки.
Моќ и перформанси
Иако официјалните бројки сè уште не се објавени, се очекува:
-
4,0-литарски V8 битурбо мотор со околу 650 КС,
-
тежина намалена на околу 2.000 кг,
-
задниот погон и суспензијата да понудат поостро и поигриво возачко искуство.
Иако е послаб од GT Speed PHEV (770 КС) и претходниот Supersports W12 (710 КС), фокусот е ставен на чистото уживање во возењето, а не на „трката со коњски сили“.
Цена и ексклузивност
-
ќе се произведува во ограничен број примероци,
-
цената ќе биде значително повисока од Continental GT Speed (280.000 €),
-
се очекува новиот Supersports да чини над 300.000 €.
Извор: Index
Автомобили
Доаѓа ли електричниот Volkswagen Lupo?

Фолксваген повторно може да оживее име кое одамна не сме го слушнале – Lupo. Со новиот градски електричен автомобил, компанијата има цел да одговори на конкуренцијата од Кина и да привлече млади возачи кои штотуку ја добиле својата дозвола.
Каи Груниц, висок функционер од „Фолксваген“, во изјава за „Auto Express“ ја потврди амбицијата на брендот:
„Треба да имаме модел од почетно ниво. Ако ние не го направиме тоа, Кинезите ќе го направат. Ако младите возачи веднаш преминат на кинески брендови, постои ризик да им останат лојални.“
Сепак, Груниц признава дека предизвикот е голем – да се произведе компактен автомобил под 20.000 евра и тоа целосно дизајниран и конструиран во Европа.
Зошто само Volkswagen?
Воедно, тој ја оправда одлуката концептот ID.Every1 да не се дели со Seat, Škoda и Cupra:
„Сегментот на градски автомобили не е доволно голем за повеќе брендови. Доволна е една марка, а тоа ќе биде ‘Фолксваген’. Нашето име буквално значи ‘народен автомобил’.“
Нов живот за старо име
Новиот градски модел досега се нарекуваше Volkswagen ID.1, но постојат информации дека брендот сака да оживее познати имиња. Следната генерација електрични возила би можела да ги вклучи ID.Polo, ID.Tiguan, па дури и ID.Lupo.
Името Lupo би било паметен маркетиншки потег – не е користено речиси две децении, а моделот некогаш беше омилен кај европските возачи како мал, практичен градски автомобил.
Европа против Кина
Со растечката конкуренција од кинеските електрични автомобили, европските брендови се потпираат на својата најголема сила – традицијата и лојалноста на клиентите. Наместо да бега од тоа, Volkswagen изгледа решен да го искористи како предност.
Извор: B92
-
Кичево16 часа
(ФОТО) Директорот на БЈБ Јанев денес во посета на Кичево, Осломеј и Зајас
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 октомври)
-
Спорт10 часа
Кичевски ФК Напредок како во старите добри времиња, 4 погодоци против ФК Скендербегу на градски!
-
Lifestyle2 дена
Никогаш не ставајте ја оваа храна во замрзнувач
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за недела (5 октомври)
-
Lifestyle2 дена
Трикот за совршено сварени јајца
-
Автомобили2 дена
Ferrari неприкосновен: Профит од 118.000 евра по автомобил
-
Магазин2 дена
YouTube тестира нов мобилен изглед – корисниците поделени