Магазин
Кој е идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак?
Доколку барате партнер кој ќе доживее длабока старост со вас и некој кој бескрајно ќе ве сака, хороскопот може да ви помогне во тоа.
Еве кои знаци на Зодијакот се создадени еден за друг.
Овен
1. Скорпијата и Овенот се совршен пар бидејќи меѓу нив владее страст и искреност, но и меѓусебна љубов и почит. Меѓу нив нема никакви тајни.
2. Стрелецот и Овенот се два огнени знаци како и два љубовни магнети. Тие се идеални партнери, се додека меѓу нив постои разбирање.
3. Исто така, совршен партнер за Овенот е и Водолијата.
Бик
1. Бикот и Бикот се совршен пар, нивната врска е убава и полна со љубов. Никој не им треба, кога ќе се најдат – нивната љубов трае цел живот.
2. Девицата и Бикот се знаци кои имаат многу заедничко и одлично се разбираат. Ги делат истите квалитети, вредности и љубов.
3. Меѓу Јарецот и Бикот владее љубов, восхит, почит и разбирање.
Близнаци
1. Водолијата и Близнаците се два воздушни знаци кои се разбираат дури и кога не зборуваат. Заедно можат да одат до крајот на светот.
2. Рибите се исто така одличен партнер за нив, бидејќи Близнаците одлично се сложуваат со нив. Од првиот ден меѓу нив постои исклучително компатибилна интелектуална врска. Сепак, мора да има компромис за љубовта да потрае.
Рак
Рибите одлично се согласуваат со Ракот бидејќи тие се два водни знаци меѓу кои постои природна и убава духовна врска. Таа врска „љубов-душа“ може да трае цел живот.
Лав
Лавовите одлично се согласуваат со Вагата. Ова динамично дуо блеска заедно, особено на социјалната сцена. Тие се грижат еден за друг. Тие се способни да патуваат илјадници километри за да најдат љубов. Меѓутоа, ако тоа се случи, ќе трае вечно.
Девица
Јарецот и Девицата се земна заедница која делува небесно. Нивната врска е цврста како камен, тие едноставно се создадени еден за друг.
Вага
Вагите одлично се сложуваат со друга Вага и тие се заљубени и вљубени една во друга.
Шкорпија
Скорпијата сака Риби, тоа е љубов што го одзема здивот. Таа е полна со страст и романса. Помеѓу овие два водни знаци постои огромна привлечност, нивната љубов може да биде вечна.
Стрелец
Овенот и Стрелецот се два огнени знаци кои делуваат еден на друг како љубовни магнети.
Јарец
Помеѓу Бикот и Јарецот владее љубов, восхит, почит и разбирање и затоа совршено одговараат еден на друг.
Водолија
Овенот и Водолијата се совршени партнери. Никогаш нема да им биде досадно.
Риба
За Рибите, Ракот е одличен избор доколку сакаат да имаат природна и убава, духовна врска која може да трае цел живот.
/vesti-online.com/
Магазин
Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia
Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на популарната Wikipedia, која ја уредуваат волонтери ширум светот.
Името Grokipedia произлегува од Grok, виртуелниот асистент на xAI, за кој Маск тврди дека е создаден за да „ја бара и објавува вистината“.
Првата тест верзија (0.1), објавена во понеделник навечер, веќе содржи над 885.000 статии, додека англиската верзија на Wikipedia има повеќе од седум милиони. Маск најави дека наскоро ќе се појави и верзијата 1.0, која, според него, ќе биде „десет пати подобра“ и веќе „пообјективна од Wikipedia“.
Лансирањето на проектот првично беше закажано за крајот на септември, но беше одложено „поради потребата од дополнителна проверка и отстранување на пропагандни содржини“. Маск, кој со години отворено ја критикува Wikipedia, и претходно тврдеше дека нејзините содржини се под влијание на „политички пристрасни уредници“.
„Целта на Grok и Grokipedia е вистината, и ништо друго освен вистината“, изјави Маск, додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код и може да се користи бесплатно од секого.
Сепак, дел од содржината на Grokipedia покажува извесна пристрасност, особено на страницата посветена на самиот Маск. Во воведот се наведува дека основачот на Tesla и SpaceX влијаел на јавните дебати за повеќе теми, добивајќи „критики од традиционалните медиуми кои се сметаат за политички наклонети кон левицата“.
На пример, во статијата за движењето „Животот на црнците е важен“, платформата наведува дека тоа „мобилизирало милиони луѓе“, но и дека „некои од протестите предизвикале немири со значителни материјални штети“, иако забележува дека „огромното мнозинство од протестите во 2020 година се одржале мирно“.
Содржината на Grokipedia е создадена со помош на вештачка интелигенција, преку генеративниот систем Grok, но на секоја страница се наведуваат и повеќе извори.
Лансирањето беше поздравено од бројни јавни личности и политички фигури од десниот спектар, меѓу кои и рускиот филозоф Александар Дугин, кој ја нарече статијата за себе „неутрална, објективна и фер“, за разлика од онаа на Wikipedia, која ја оцени како „пристрасна и клеветничка“.
Извор: 021
Магазин
WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица
Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки ризик. Компанијата објави нови безбедносни функции за своите најпопуларни апликации за комуникација – WhatsApp и Messenger, насочени кон откривање и спречување на измамнички активности.
Новите функции се дел од поширока иницијатива за заштита на корисниците кои често се наоѓаат во ризик од интернет манипулации и лажни пораки. „Мета“ најави дека во WhatsApp ќе се прикажуваат предупредувања кога корисник ќе се обиде да го сподели екранот за време на повик, додека во Messenger ќе се појавуваат ознаки што укажуваат на можно сомнителни или лажни пораки.
Според податоците на компанијата, во првата половина од оваа година биле откриени околу 8 милиони лажни сметки, а над 21.000 страници и профили биле отстранети бидејќи лажно се претставувале како служби за поддршка на корисници.
Овие измами најчесто се насочени кон постарите лица, кои потешко препознаваат лажни пораки и сомнителни барања. Најчеста техника на измамниците е барање споделување на екранот за време на повик – момент кога можат да добијат пристап до чувствителни информации, како банкарски податоци или кодови за верификација.
Иако многумина сметаат дека „Мета“ реагира доцна со овие мерки, новите опции сепак се чекор во вистинската насока. Целта е да се создаде побезбедна онлајн средина и да се намали бројот на измами кои ги таргетираат најранливите корисници на интернет.
Изво: PcPress
Lifestyle
Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови што навистина делуваат, а еден од нив ги воодушеви илјадници домаќинки ширум светот. Сè што ви треба е малку време, топла вода и прашок за перење алишта — резултатот ќе ве изненади!
Решетката во рерната е често највалканиот дел од кујната. Загорените остатоци од храна и слоевите маснотии се тешки за чистење дури и со скапи средства. Но, со овој едноставен метод, нема потреба од триење, сунѓери или агресивни хемикалии.
Како да го направите тоа:
Земете леген или када, поставете крпа на дното и ставете ја решетката врз неа. Наполнете ја со топла вода додека не биде целосно потопена, а потоа додадете една шака прашок за перење алишта. Оставете ја да отстои преку ноќ. Следното утро, само исплакнете со вода – маснотијата и нечистотиите ќе се исчистат сами од себе!
Овој трик е идеален за сите кои сакаат природно и лесно чистење без напор. Решетката по третманот изгледа како нова, а рерната повторно добива свеж и чист изглед.
За дополнителна свежина, можете по чистењето да нанесете сок од лимон и малку сода бикарбона, а потоа накратко да ја загреете рерната на 100°C. Така ќе ги отстраните сите непријатни мириси и ќе внесете пријатен цитрус мирис во кујната.
Со овој едноставен трик, ќе заборавите на часови поминати во чистење и триење – рерната ќе блеска како нова, а вие ќе заштедите време, пари и нерви.
Извор: Alo
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп19 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден7 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle7 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

