Следете не

Автомобили

Колку време е потребно акумулаторот да се испразни – и да се наполни додека возите?

Објавено пред

на

Проблемите со акумулаторот се меѓу најчестите интервенции за помош на пат.

Циклуси на полнење и празнење, старост на акумулаторот… на крајот, сето тоа резултира со дефекти. Како да се провери состојбата на акумулаторот?

Можете да го направите ова со едноставен тест. Паркирајте го автомобилот во темница пред ѕид, а потоа исклучете го моторот и вклучете ги средното светло. Ако светлото почне да се затемнува по кратко време, тоа е показател дека акумулаторот е слаб.

Kолку време е потребно за празнење на акумулаторот?

Aкумулаторите со помал капацитет кај, на пример, бензинските мотори, доколку преноќат со вклучено осветлување на патничкиот простор, може да се испразнат до степен што следниот ден веќе нема да може да се запали моторот, што всушност е најчестиот проблем.

Најчесто тоа се случува кај акумулатори постари од две години – поради поголемиот број циклуси на полнење и празнење, нивниот капацитет е намален.

Постарите возила обично се опремени со само една сијалица за патничкиот простор од 5W, но поновите понекогаш имаат и до три делови на осветлување во различни делови на патничкиот простор, што значително го зголемува бројот на светилки, односно потрошувачи, па наместо една, има често пет, што може да претставува сериозен проблем постар акумулатор.

Клучното прашање е колку далеку треба да возите за да го наполните акумулаторот доволно за следното возење?

Германскиот автомобилски клуб (ADAC) препорачува малку нејасно подолго време на возење или подолго растојание со едно движење. Всушност, тешко е да се даде точен број на километри и минути, бидејќи вредноста зависи од многу фактори како староста на акумулаторот, перформансите на алтернаторот и надворешната температура.

Сепак, постои правило – половина час возење, а максимум еден час во лоши услови треба да биде доволно за полнење на акумулаторот. Не исклучувајте го моторот во овој период. Возете со нормална брзина и не треба да ги зголемувате вртежите.

/IAuto

Автомобили

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Charlie Deets

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во електромобилноста продаде повеќе возила во текот на оваа година отколку кој било друг бренд во историјата на земјата во рамките на една календарска година, дополнително зацврстувајќи ја својата водечка позиција на најелектрифицираниот автомобилски пазар во светот.

Како што пренесува Autonet.hr, главниот двигател на овој успех е Model Y, кој бележи значителен раст во Норвешка продажбата е зголемена за 34,6 проценти од почетокот на годината. Само во ноември се регистрирани 6.215 возила од овој производител, што го подигна вкупниот број продадени автомобили од јануари до ноември на 28.606. Со тоа е урнат претходниот рекорд кој го држеше Volkswagen во 2016 година, кога беа продадени 26.575 возила, според статистиката на Норвешката патна федерација.

Овој резултат добива уште поголемо значење ако се земе предвид фактот дека електричните автомобили минатиот месец сочинувале дури 97,6 проценти од сите новорегистрирани возила во земјата. Тоа е дел од стратешката цел на Норвешка постепено да го елиминира продажниот удел на бензинските и дизел-возилата до 2025 година. Благодарение на долгорочните државни стимулации, Tesla одамна го препозна норвешкиот пазар како клучен и таму е присутна повеќе од десет години, правејќи ја земјата еден од нејзините најважни пазари надвор од Северна Америка.

Иако резултатите во Норвешка се поволни за Илон Маск, ситуацијата во остатокот од Европа е далеку помалку оптимистична. На глобално ниво, се предвидува пад на испораките од околу 7 проценти оваа година, додека европската продажба до октомври се намали за речиси 30 проценти. Во Шведска, пак, регистрациите на Tesla паднаа за 59 проценти во ноември на годишно ниво, а Данска забележа намалување од 49 проценти.

Извор: Yahoo! Finance

Прочитај повеќе...

Автомобили

Најпродаваните автомобилски брендови во Европа: Шкода се искачува, азиските брендови ограничени во Топ 10

Објавено пред

на

Фото: Val Vesa @ unsplash
Фото: Val Vesa @ unsplash

Продажбата на нови автомобили во Европа продолжува да расте, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на моторни возила (ACEA). Во првите десет месеци од годината, пазарот забележал стабилен раст и јасна доминација на европските производители.

Клучни резултати за европскиот автомобилски пазар

  • Во ЕУ се регистрирани 8.974.026 нови автомобили, што е раст од 1,4% во споредба со истиот период во 2024 година.

  • Во Европа (ЕУ + ЕФТА + Велика Британија) продадени се 11.020.514 автомобили, што претставува раст од 1,9%.

  • Пазарот покажува дека само два азиски бренда се во Топ 10, додека европските производители продолжуваат да доминираат.

Водечки брендови во продажбата на автомобили во Европа

  • Volkswagen е апсолутен лидер со 1.017.781 продадени автомобили, што означува раст од 5,3% (во 2024: 966.942).

  • Toyota се позиционира на второто место со 616.104 автомобили, но бележи пад од 6,3% во споредба со минатата година.

  • Škoda го зазема третото место со 601.963 продадени возила, што е значителен раст од 10,6% и јасен показател за нејзиниот подем.

  • Renault е четврти со 545.923 возила (+7,2%).

  • BMW следува со 531.047 автомобили (+4,2%).

  • Peugeot бележи 469.322 продадени возила (-2,0%).

Завршен пласман во Топ 10

  • Dacia — 465.879 автомобили (+5,9%)

  • Mercedes-Benz — 460.666 автомобили (+2,0%)

  • Audi — 428.839 возила (-1,2%)

  • Hyundai — 349.790 автомобили (-2,2%)

Овие бројки покажуваат стабилен европски пазар каде традиционалните брендови продолжуваат да го држат приматот, додека Škoda прави значителен пробив, а азиските производители се соочуваат со ограничен раст во најсилниот автомобилски регион во светот.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Автомобили

Како да заштедите гориво во зима: Експертски совети за правилен притисок во гумите

Објавено пред

на

Фото: Mae Dulay @ unsplash
Фото: Mae Dulay @ unsplash

Редовната проверка и одржување на правилниот притисок во гумите во текот на зимскиот период е една од најбрзите, најевтините и најефикасните мерки за намалена потрошувачка на гориво и побезбедно возење.

Со падот на температурите, многу возачи ја забораваат оваа едноставна, но клучна проверка.

Зошто студот го намалува притисокот во гумите?

  • Студот предизвикува контракција на воздухот во гумата.

  • Ова доведува до намален притисок, полошо прилепување, побрзо абење и повисока потрошувачка на гориво (5–10%).

  • За секои –5°C, гумата губи приближно 0,07 бари.

Колку често треба да се проверува притисокот?

Експертите препорачуваат:

  • Најмалку еднаш месечно.

  • Во нај студените месеци – на секои две недели.

  • Особено после многу студени ноќи или пред долги патувања.

  • Притисокот се проверува кога гумите се ладни (автомобилот стоел 2 часа или возел <3 km).

Превисок притисок – исто така опасен

Во зима обично се додаваат околу 0,2 бари, но само внимателно и во согласност со препораките од производителот.

Последици од премногу напумпани гуми:

  • Нерамномерно абење

  • Намален контакт со патот

  • Поголем пренос на удари и вибрации

  • Оштетување на структурата на гумата

Последици од низок притисок

Нискиот притисок е уште поопасен:

  • Оштетување на внатрешноста на гумата

  • Забрзано абење

  • Полоша контрола врз возилото

  • Подолго растојание за сопирање

  • Полошо држење во кривини

  • Поголем ризик од дупната гума

Заклучок

Редовната проверка на притисокот во гумите во текот на зимата е:

  • Брза

  • Евтина

  • Критична за безбедноста

  • Ефикасна за намалување на потрошувачката на гориво

Извор: Mondo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за недела (7 декември)

ОВЕН Вдишете длабоко и одвојте малку повеќе време за себе. На овој начин ќе сфатите дека ништо нема да се...

Здравје и убавина14 часа

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден...

Временска прогноза24 часа

Се менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (6 декември)

ОВЕН Треба да се ослободите од дополнителни обврски, но немате доволно енергија да се вклучите на повеќе страни истовремено. Прифатете...

Македонија2 дена

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат...

Спорт2 дена

Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа

Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу...

Lifestyle2 дена

(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика

Анатоли е младо момче кое за кратко време стана вистинска сензација на TikTok. Познат е по тоа што крева неверојатно...

Магазин2 дена

Ивана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно

Кичевчанката Ивана Маркоска не престанува да плени со своите хумани гестови, имено како претходните години, продолжува и оваа година по...

Автомобили2 дена

„Tesla“ постави нов рекорд во продажба на електрични автомобили во Норвешка

Според најновите податоци објавени од Yahoo! Finance, Tesla постави нов рекорд на норвешкиот пазар на електрични автомобили. Американскиот гигант во...

Временска прогноза2 дена

Врнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата

Под влијание на голем влажен бран од југ денес (петок 5 декември) времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи...

НАЈЧИТАНИ