Следете не

Кичево

Концерт на „Д.Н.О.“ во Сабота & „Brass Brothers“ во Петок, викенд агенда во Република 96250

Објавено пред

на

Викендот го започнуваме со одличен настап на македонскиот Drum and Bass бенд BRASS BROTHERS во Петок

Сабота, Д.Н.О доаѓаат на кичевската сцена, односно во Република 96250
Драги наши, со голема чест сакаме да ви го најавиме настапот на еден од најдобрите домашни live состави, фантастичните – Д.Н.О со својот препознатлив звук, заразна енергија на сцена и хитови како: Тишина, Љубов, Борба, Огледало, Очи Боја Бадеми и веќе вонвременската Идеме до Крај Д.Н.О со право важат за еден од најдобрите состави на домашната музичка сцена. Задоволството да биде уште поголемо во сабота на 31.07.2021 ќе можеме да уживаме со нивните најголеми хитови.

Се гледаме на концерт.
Клуб Република 96250, тел за резервации: 078-322-615
Влезница: 100 ден.
РЕЗЕРВАЦИИ САМО СО ФЛАША!

 

Кичево

Утре прекин на сообраќај на делницата Кичево-Охрид поради работа на пат – „минирање“

Објавено пред

на

Од АМСМ известува до сите учесници на сообраќајот дека утре на ден 24.01.2022 – понеделник на автопатот Кичево-Охрид ќе се изврши минирање во времето од 15:00 до 16:30 часот.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО+ФОТО) Во Кичево светиот Крст го пронајде Кристијан Врапчароски, за многу години – Бог се јави!

Објавено пред

на

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Кристијан Врапчароски кој го извади светиот Крст од осветените води.

На овој настан учествуваа 28 скокачи, додека најсреќниот од нив не ја криеше својата среќа и задоволство, посакувајќи здравје, среќа, љубов и мир на сите.

Врапчароски како поклон и награда доби златен Крст од Општината, додека генералниот спонзор “Аптеки Зегин” му подари машина за перење веш.

Во името организацијата преку нашиот медиум ги поздравуваме сите кои помогнаа за да се одржи овој Христијански настан.

Инаку да потсетиме Врапчароски беше најсреќниот во 2018 година, 2020 и оваа 2022 година, нека му е со среќа!

Во с.Белица – кичевско најсреќен беше Мартин Колоски, видео ТУКА

Во с.Цер – кичевско најсреќен беше Виктор Вренцоски

Во с.Другово – кичевско најсреќен беше Славче Мојсоски

Овој настан ви го пренесуваме преку видео и фотографија

Бог се јави, за многу години!

Прочитај повеќе...

Кичево

Познато времето на почеток на манифестацијата по повод Богојавление Водици во Кичево и положување на светиот Крст

Објавено пред

на

Утре на ден 19.01.2022 среда, по завршувањето на Литургијата во градскиот храм св.Петар и Павле ќе се направи литија до градскиот базен и ќе се изврши традицијата со спуштање на чесниот Крст во 10:30 часот и осветување на водите по извршување на Големиот Богојавленски водосвет. Имено сите кои сакаат да присуствуваат на традиционалната манифестација добро би било да бидат присутни од 10:20 часот.

Се замолуваат сите оние кои ќе присуствуваат на овој чин да ги почитуваат мерките за време на корона, а тие коишто се заинтересирани да го фаќаат крстот можат да се пријават во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево и да присуствуваат на Светата Божествена Литургија затоа што само така ќе покажат дека се навистина достојни за земање учество во овој свет чин.

Што се однесува до оваа манифестација во Кичево низ времето, со помош на богата наша архива и почитуваните од Кичевската Парохија, се потрудивме да направиме листа и потсетување со најсреќните скокачи по светиот Крст кои го пронајдоа и извадија од Кичевските осветени води назад во годините..

  • 199* Никола Петрески
  • 1996 Злате Матески
  • 1997 Златко Богданоски
  • 1998 Раде Мисајлески
  • 2010 Јовица Тренески
  • 2011 Синиша Стојаноски
  • 2012 Даниел Симоноски
  • 2013 Бобан Стефаноски
  • 2014 Тане Србиноски
  • 2015 Дени Дамчески
  • 2016 Дејан Момироски
  • 2017 Дарио Вренцоски
  • 2018 Кристијан Врапчароски
  • 2019 Христијан Митрески
  • 2020 Кристијан Врапчароски
  • 2021 Нема манифестација поради пандемијата од Коронавирусот

За многу години!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден9 минути

На денешен ден: 24 јануари

41 – Во заговор на римскиот сенат, војската и преторијанците, членовите на преторијанската гарда го убиле царот Калигула. Омразен поради...

Хороскоп3 часа

Хороскоп за понеделник (24 јануари)

ОВЕН Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е...

Македонија6 часа

СВР Битола со соопштение за пожарот во битолската фабрика за леб

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот...

Занимливости11 часа

Кинеска студија открива – „Дали алкохолот може да го намали ризикот од Ковид-19“

Тим кинески научници ја анализираа поврзаноста помеѓу консумирањето различни видови алкохолни пијалоци и ризикот од инфекција со корона. Експертите од...

Скопје16 часа

СВР Скопје издаде 165 казни, 38 за брзина и дури 19 за без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Кичево18 часа

Утре прекин на сообраќај на делницата Кичево-Охрид поради работа на пат – „минирање“

Од АМСМ известува до сите учесници на сообраќајот дека утре на ден 24.01.2022 – понеделник на автопатот Кичево-Охрид ќе се...

На денешен ден1 ден

На денешен ден: 23 јануари

1516.- Почина Фернандо II, крал на Арагон од 1479 година. За време на нивното владеење, Гранада била освоена во 1492...

Хороскоп1 ден

Дневен Хороскоп [23 јануари – недела]

ОВЕН Мирен ден е пред вас и ова темпо одамна не сте го почувствувале. Претходно секогаш брзавте некаде и не...

Скопје1 ден

За утре најавен прекин на електрична енергија во следниве скопски улици и реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 23.01.2022 година – недела, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во...

Македонија1 ден

Доцна вечерва ова се денешните ковид-19 бројки на заболени

Во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 888...

НАЈЧИТАНИ