Македонија
Ковид-19 биланс за денес, 1,172 нови случаи починале 12 пациенти
Во последните 24 часа направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 629
• Битола – 109
• Куманово – 64
• Охрид – 53
• Штип – 36
• Тетово – 35
• Кавадарци – 30
• Велес и Кичево – по 27
• Прилеп – 25
• Струмица – 24
• Гостивар – 23
• Ресен – 20
• Гевгелија – 19
• Струга – 11
• Неготино – 9
• Свети Николе – 7
• Крива Паланка и Богданци – по 5
• Кочани – 3
• Радовиш и Виница – по 2
• Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од:
• Битола – 144
• Прилеп – 65
• Скопје – 53
• Куманово – 40
• Кавадарци – 24
• Штип – 22
• Велес – 20
• Гевгелија и Кочани – по 19
• Радовиш – 18
• Тетово – 14
• Кичево и Неготино – по 13
• Крива Паланка и Богданци – по 10
• Гостивар и Свети Николе – по 9
• Делчево – 8
• Демир Хисар – 7
• Ресен и Валандово – по 5
• Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4
• Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3
• Виница и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104
Македонија
Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп16 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево4 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево7 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Македонија20 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Временска прогноза5 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
