Кичево
Денес РЦУК Кичево организира крводарителна акција, повик до сите граѓани да ја изразиме нашата хуманост – „Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“

РЦУК Кичево во соработка со „Црвен крст“ денес организира крводарителна акција, закажана од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за трансфузиона медицина – Кичево. Ние како најголеми поддржувачи на хуманите акции секако дека ќе бидеме дел, така што Ве повикуваме и Вие да бидете дел и да земете свое учество на овој голем хуман настан, заеднички да ја изразиме нашата хуманост преку дарување на крв, незаменлив секојдневно потребен лек кој спасува многу животи.
„Даруваме денес, затоа што еден ден можеби и нам ќе ни треба!“
Придружи се и ти, те очекуваме!
Кичево
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите

Спречен поголем пожар на стрниште и сува трева во месност кај с.Трапчиндол кичевско. Истиот бил пријавен нешто по 17:00ч, каде ТППЕ Кичево со екипа од шест пожарникари интервенирале. Од извори на терен, спречена била поголема хаварија, поради ветерот кој дополнително создавал проблеми и пожарот се ширел брзо, а стигнал речиси до живеалиштата.
– ТППЕ Кичево преку нашиот медиум уште еднаш апелираат до сите граѓани, за разбирање и свест околу проблемот со пожарите. Еден мал отпушок може да биде фатален, воедно да се почитуваат препораките и да не се движат по шумските предели.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Кичевската Коњаница беше вистинска атракција во центарот на градот, вечна да биде традицијата и среќен патот!

После манастирската богослужба, а потоа свечено пред Светото Писмо, револвер и кама дадоа заклетва за верност кон револуционерното ослободително дело – онаа иста заклетва што некогаш морале да ја положат сите членови на Македонската револуционерна органзација, „Манастир Пречиста-Кичевска Коњаница“ иако со закаснување поради оправдани причини, односно пристигнаа покасно, денес секако дека беше вистинска атракција во центарот на град Кичево, каде пристигнаа пред портите на нашиот храм, заштитник на град Кичево , Св.Апостоли Петар и Павле.
И оваа година најмладите најмногу им се израдуваа на учесниците облечени во комитски носии и нивната коњаница, предводена од Орце Богданоски кој за прв пат неговата желба стана реалност да биде учесник, но и Војвода.
Вечерва збиднувањето ќе биде во с.Козица, каде е предвидена централна прослава со жива музика.
Честитки, нека е вечна традицијата.
Галерија преку нашиот објектив:
Кичево
„Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ пристигнува во Кичево, илинденските идеали ќе заживеат во очи на големиот празник „Илинден“

И оваа година „Манастир Пречиста – Кичевска Коњаница“ ќе земе учество на традиционалниот ден „Илинден“ во Крушево, каде со своја коњаница ќе учествува на еден од најмакедонските денови во годината. Тоа значи еден вид оддавање почит кон илинденските идеали. Најпрво во нашиот Манастир „Св.Богородица-Пречиста“ утре – понеделник (28.07.2025 г.) ќе се отслужи Богослужба со Литургија во 08 часот, потоа се пристапува кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Потоа следува поаѓање од Манастирот Пречиста низ селата Манастирско Доленци и Србјани кон градот Кичево, така што во 12:00 часот е предвидено „Кичевската Коњаница“ да пристигне во Кичево и да се упати кон светиот храм „Св.Апостоли Петар и Павле“
Дојдете во што поголем број да ги пречекаме учесниците и заедно да ги испратиме до славно Крушево!
Вечна да биде традицијата!
Агенда:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (29 јули)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (30 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Најава за пороен дожд од утре, температурите би се спуштиле за половина од достигнатиот максимум од минатата седмица
-
Кичево36 минути
(ФОТО) Предмалку во кичевско спречен нов поголем пожар на стрниште и сува трева кој поради ветерот стигнал речиси до куќите
-
Lifestyle1 ден
Колку кафе е премногу? Експертите откриваат каде е границата
-
Lifestyle1 ден
Сè што треба да знаете за перењето фармерки
-
Lifestyle1 ден
Како да го исчистите шпоретот без штетни хемикалии: Еден природен трик што сите го имаме дома
-
Спорт54 минути
Германската Бундеслига воведува камери на судиите и јавни објаснувања за „VAR“