Спорт
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
Фудбалската федерација на Македонија ги истакна официјалните лица за 1/4 финалните натпревари во Купот на Македонија кои ќе се одиграат утре (среда, 26.02.2025 г.), односно со почеток од 14:00ч. На градскиот стадион во Радовиш каде ќе се сретнат екипите на ФК Детонит Плачковица – ФК Шкендија, натпреварот ќе го судат кичевското трио, Александар Грујоски (главен судија), Куштрим Лика (1 помошнен судија), Зоран Јанкуловски (2 помошен судија), додека четврт судија ќе биде прилепчанецот Влатко Илиоски
Во продолжение и останатите главни судии кои ќе ја делат правдата на фудбалските терени во 1/4 куп натпреварите:
Стојанче Трпчевски – ФК Струга ТЛ – КФГ Гостивар
Стојанов Стојанче – ФК АП Брера Струмица – ФК Аресими 1973
Фуркан Идризи – ФК Вардар – ФК Силекс
„Фудбалските мечеви можат да се следат во живо преку јутјуб ТУКА, платформата на Фудбалската федерација на Македонија“
Спорт
Утре во Кичево, „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“ во третата македонска фудбалска лига запад во претпоследното коло од есенскиот дел
Утре сабота (22.11) со почеток од 13:00ч на градскиот стадион во Кичево, домашната екипа на „ФК Напредок“ го дочекува „ФК Џепчиште“. За домаќините овој ќе биде исклучително важен натпревар во претпоследното коло од есенскиот во третата македонска фудбалска лига запад.
– Очекувам одличен натпревар, екипата на „ФК Џепчиште“ има одличен тим, но се надевам дека ова нашите момчиња ќе прикажат една квалитетна игра со тоа што мислам дека ќе извојуваме победа, важна за нас пред крајот на есенскиот дел. Оваа прилика ја користам, да ги повикам сите љубители на фудбалот да дојдат и да уживаат на градскиот стадион, за Порта.мк истакна првиот човек на тимот Бобан Дујковиќ
Спорт
Данска првиот предизвик за „рисовите“ во март, за пласман на големиот мундијал во САД, Мексико и Канада
Спорт
Македонија во четврток го дознава новиот ривал, по катастрофалниот пораз тргнуваме по потешкиот пат за мундијалот! Глава горе момци!
Македонската фудбалска репрезентација го запиша својот прв и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Националниот тим беше целосно надвор од ритам и убедливо беше совладан на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). И покрај високата загуба, Македонија и натаму остануваат во игра и во март 2026 година ќе настапат во баражот за пласман на Мундијалот.
Играч на мечот беше дефинитивно капитенот на Велс, 28-годишниот Хари Вилсон, играчот на Фулам кој запиша 3 погодоци на овој меч.
Нема очај, од овој меч треба само да се извлече поука. Одиме напред до остварување на сонот, но овој пат по потешкиот пат. Токму поради тоа, веќе во четврток го дознаваме ривалот во првиот бараж, кој ќе се игра во март и за кој се знае дека нашиот национален тим ќе гостува или не.
Стадион во Кардиф. Гледачи: 33.000. Судија: Дани Макели. Стрелци: Вилсон 18′ пен., 75′, 81′ пен., Брукс 21′, Џонсон 37′, Џејмс 57′, Бродхед 88′ (Велс), Миовски 23′ (Македонија). Ж. картони: Ашковски, Димитриевски (Македонија).
Велс: Дарлоу, Вилијамс (82′ Кпакио), Лоуер, Родон (82′ Мефам), Дасилва, Шихан, Вилсон, Џејмс (64′ Томас), Кулен (85′ Дејвис), Брукс (64′ Броудхед), Џонсон.
Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски (55′ Ќамили), Велковски, Зајков, Ашковски, Барди, Костадинов (55′ Чурлинов), Алими (64′ Атанасов), Елмас, Миовски (64′ Растодер).
Напред „рисови“, напред Македонија!
-
Хроника9 часаЕдногодишно бебе почина во кичевската болница, било донесено во тешка здравствена состојба, реанимација и медицинската помош не помогнале
-
Кичево1 денНоќеска во кичевски објект едно лице извршило напад врз малолетник, потоа и на неговиот татко
-
Хороскоп2 денаХороскоп за недела (23 ноември)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за понеделник (24 ноември)
-
Македонија8 часа16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Македонија10 часаСе вози во „алкохолизирана“ состојба, МВР презеде мерки врз возачи на кои им е констатирано дека возеле под дејство на алкохол
