Кичево
Купеното кафе од АТВА Хипер маркет му донесе среќа на кичевчанецот

Кичево
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!

Денеска нешто по 13 часот во месноста големо Црско помеѓу с.Белица кичевска и с.Цер беснее голем пожар. Дополнителни проблеми создава силниот ветер кој ги насочува пламените јазици дел према месноста Турла, дел према село Цер. Помеѓу локалитетот големо и мало Црско изградена е црква Св.Гоерги.
Претходно мештаните од село Белица на својата фејсбук страница алармираа за овој пожар и за сериозноста на истиот
Во моментов исто така добивме информација дека пожарот се гасне со сите расположливи средства, учествува и блиското население и ТППЕ Кичево. Кон тој регион забележан беше авион „Ер Трактор“
Во контакт сме со ТППЕ Кичево кои преку нашиот медиум ја известуваат јавноста и упатуваат апел до населението да не се движи према регионалниот пат, бидејќи постои опасност пожарот да беснее во непосредна близина.
Кичево
„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!

Ве покануваме на музичката гала вечер „Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна манифестација исполнета со ритам, емоции и македонска музика! Подгответе се за незаборавни музички вечери во срцето на град Кичево!
На сцената ќе настапат солисти и музички групи од Кичево – талентирани познати изведувачи кои ќе ја претстават нашата богата музичка традиција со изведби на македонска фолк и забавна музика.
Очекувајте вечер исполнета со енергија и гордост за нашето културно наследство!
Настанот е отворен за сите генерации – понесете добро расположение и уживајте со вашите најблиски под отворено небо!
Концертот ќе се реализира на 31-ви јули четврток и 1-ви август петок. Истиот ќе биде со почеток од 20:00ч, додека на сцената ќе настапат:
четврток: Влатко Лозаноски, Драган Велјаноски, Мирослав Мирчески, Дарко Стојаноски, Мики Данилоски и „Бели Мугри“, „Future Band“, Христијан Трајаноски, Марко и Лука Лазарески, Марко Тодороски.
петок: „Addicted“ и Бојан Трајкоски, Алексо Тришоски, Бранислав Стојаноски, Бојан Дамјаноски & „The Twins“, Тоше Анѓелески, Распеани Кичевчани и Дарко Танески „Трубачко“
Бидете дел и не пропуштајте, влезот е се разбира бесплатен, 📍 локација – Градски плоштад Кичево
Кичево
Во понеделник ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времено без електрична енергија ќе биде кичевското село Другово

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа на 28.07 – понеделник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве села од град Кичево:
Планиран прекин | КИЧЕВО: с.Другово | 28.07.2025 08:30 | 28.07.2025 15:00 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
-
Кичево1 ден
„Кичевчани пеат за Кичево“, дводневна музичка манифестација на градскиот плоштад, незаборавни музички вечери во срцето на Кичево!
-
Хроника7 часа
Утрово во близина на кичевското село Црвивци се случила тешка сообраќајна несреќа каде животот го загуби едно лице
-
Кичево1 час
(ВИДЕО) Гори големо Црско, ветерот дополнително отежнува и пожарот оди кон с.Цер и Турла – „ТППЕ Кичево“ со апел до мештаните!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (26 јули)
-
Култура1 ден
(ВИДЕО) Кичевчани помеѓу соговорниците одговараа пред камерите во проектот „Што значи за тебе Македонија“
-
Македонија22 часа
(ФОТО) „До вас, за вас“ во Охрид привлече големо внимание помеѓу посетителите, одличен настан за подигнување на јавната свест за зголемување на безбедноста во заедницата
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (27 јули)
-
Временска прогноза19 часа
Сепак летните температури ќе попуштат, еве кога ќе имаме заладување