Спорт
Легендарниот Валентино Роси (42) ја завршува кариерата по крајот на оваа мото сезона
Познатиот италијански мотоциклист Валентино Роси денеска објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.
– „Решив да се пензионирам на крајот на сезоната. Официјално ја започнувам последната полусезона како мото ГП возач. Ова е тежок и многу тажен момент за мене. Следната година мојот живот ќе се промени целосно. Тоа беше едно долго патување, но многу, многу, многу забавно“, рече Роси пред новинарите пред трката на Австриското ГП.
Роси (42), кој беше деветкратен светски шампион во неколку категории, на почетокот на сезоната објави дека ќе одлучи дали ќе продолжи да вози врз основа на резултатите до лето.
Популарниот „Доктор“ оваа сезона заврши само во топ 10, додека се наоѓа на 19 -то место на шампионската табела со 17 бода, по девет трки.
„Резултатите во текот на сезоната не беа такви што ги очекував, па почнав да се преиспитувам“, рече Роси.
Неговиот договор со Јамаха истекува на крајот на сезоната, и имаше опција да продолжи да се натпреварува во 2022 година, кога тимот на ВР46 Дукати, сопственост на Роси, официјално ќе влезе во Мото ГП.
– „Би било убаво да возам за мојот тим, но сепак одлучив да не го сторам тоа, бидејќи тоа би значело промена на моторот (преместување од Јамаха во Дукати). По две или три години, тоа би било добро, но само за една сезона е ризична“, додаде Роси.
Италијанецот следната сезона ќе биде менаџер на тимот ВР46, и според него, би можел да се испроба во автомобилски трки.
Во текот на кариерата, Роси освои шест титули во Мото ГП, последната во 2009 година со Јамаха, како и по една светска титула во категориите за мотори од 500, 250 и 125 кубика. Иако без титула, „Доктор“ заврши на првите три позиции до 2018 година, а последната победа на трката ја оствари во 2017 година.
Во текот на 2019 година, Роси двапати се искачи на подиумот и ја заврши сезоната на седмото место. Тој минатата сезона ја заврши со еден подиум и на 15 -то место, за прв пат надвор од најдобрите 10 откако се натпреваруваше на светско ниво.
Неговиот тим изработи специјално „tribute“ видео по повод неговото пензионирање и може да го погледнете ТУКА
ФОТО: Vinod Thadhani / pixabay.com
Спорт
ФФМ: Центарот за едукација објавува конкурс за лица кои ќе се стекнат со тренерски лиценци
Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објавува конкурс за прием на нови кандидати за тренерски лиценци. Конкурсот опфаќа различни категории на лиценци, согласно стандардите и програмите на УЕФА и ФФМ.
Центарот за едукација ја информира јавноста дека пријавувањето е отворено за следните тренерски програми: УЕФА А курс, УЕФА Б курс, УЕФА Б курс за голмани и УЕФА Ц курс.
Сите заинтересирани можат да поднесат пријава во предвидениот рок, во согласност со критериумите и упатствата објавени од Центарот за едукација на ФФМ. Подетални информации за условите, потребната документација и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи.
Повеќе информации ќе најдете на официјалната страница од ФФМ, ТУКА
Извор: ФФМ
Спорт
Ако не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
Реал Мадрид по поразот од Селта Виго со 0:2 на домашен терен во „Примера дивизион“ минатата недела, при што беа доделени и два црвени картони, по тој пораз, Барселона остана на лидерската позиција со четири бода предност, а ситуацијата на клупата на Реал се комплицира, со најава дека тренерот Алонсо може да биде отпуштен уште оваа недела.
Според информации од Шпанија, во понеделник беше свикан итен состанок во Мадрид за да се разгледа моменталната ситуација со Алонсо и неговиот тим. Како што пренесува „Марка“, натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачки за иднината на тренерот.
Во случај на пораз, Алонсо ќе биде отпуштен, но ако Реал извојува победа, неговиот мандат ќе продолжи.
🚨🚨 BREAKING: If Real Madrid lose against Man City, Xabi Alonso will be FIRED.
Decision made. @marca pic.twitter.com/jJ5onRSuW3
— Madrid Zone (@theMadridZone) December 8, 2025
Реал Мадрид ќе игра против Сити на домашен терен в среда во 21 часот, а голем интерес ќе предизвика тоа како ќе реагираат играчите и дали ќе успеат да бидат мотивирани и покрај нарушената атмосфера во соблекувалната оваа сезона.
– Инаку, Алонсо го презеде тимот ова лето, а најголемо внимание привлече поради неговиот напнат однос со Винисиус Жуниор. Управувањето со Реал и контрола на соблекувалната не е лесна задача, а чини се дека тоа е најголемиот предизвик за Алонсо, кој, и покрај напорите, не успеа да постигне одлични резултати.
Во јавноста веќе се споменуваат имињата на Зинедин Зидан и Јорген Клоп како потенцијални наследници на Алонсо, но повеќе детали ќе се знаат ако се случи промена на тренерската позиција.
Спорт
Кичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
Искусниот судиски арбитар од Кичево, Куштрим Лика официјално беше назначен за главен помошен арбитар на престижниот европски „play-off“ натпревар меѓу младинските екипи на Нант и Макаби Хаифа до 19 години. Средбата ќе се одигра на стадионот од Нант, 10 декември 2025 год во Франција и носи огромно значење бидејќи победникот обезбедува пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување. Главен судија ќе биде Christos Vergetis.
Првиот дуел беше одигран на стадионот „Ѓирмот / Gyirmóti“ во Унгарија, истиот заврши со минимална победа на Макаби Хаифа од 1:0, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред реваншот во Франција. Лика ќе има важна задача – да придонесе натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера, каква што налага европската фудбалска сцена.
– „Секое меѓународно судење за мене е вистински предизвик и чест. Тоа е признание за мојата работа и мотивација постојано да се подобрувам. Особено е престижно чувството кога се носиш со арбитража на мечеви што ги следи цела фудбалска Европа“, за Порта.мк истакна Лика во пресрет на големата средба.
Назначувањето за ваков тип на натпревар уште еднаш потврдува дека македонските фудбалски судии успешно чекорат кон европскиот врв, претставувајќи достоинствено како себе, така и својата земја. Претходно Давор Цветаноски беше дел од мечот „Австрија Виена – Макаби Хаифа“, додека Зоран Јанкулоски, заедно со Лика беа дел од натпреварот помеѓу екипите на „Nordragota – Викингур“
Порта.мк со поддршка за кичевските арбитри кои високо котираат во својата професионална фудбалска кариера!
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (11 декември)
-
Хороскоп10 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Македонија2 денаОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
-
Временска прогноза24 часаСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Lifestyle2 денаЗошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина
-
Технологија2 дена„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг
-
Автомобили2 денаГерманија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година
-
Македонија23 часаПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
